1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mакедонска Фудбалска Репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од Pelikuna, 10 октомври 2011.

  1. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Секој коментар е излишен.

    Малиот Трпе во школо го прашуваат што работи татко ти? Трпе одговара:
    Татко ми е машка стриптизета во клуб за хомосексуалци, игра гол пред
    мажите а понекогаш кога ќе му платат добро, одат во соба во евтин мотел и
    спијат заедно. Учителката во шок го вади од училница и го прашува: Трпе дали ова е вистина? Трпе одговара: Не татко ми игра фудбал за репрезентација на Македонија ама ми беше срам да признаам пред сите деца
     
    На pafpaf му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Aww,трупци златни,ако не ме насмеат тие,кој друг :D
    Кога мислиш дека не може по трагикомично,еве го Луксембург ,браво за нив :clap:
    Кој е следен на ред? :^) Мавританија,Малдиви,Сомалија... :?: Предлагам федерацијата да закаже пријателски со овие,може ако ни е денот ќе извадиме некој бод,да не сме без ич :|
    Келнер од Луксембург оди прва смена на работа,после работа оди да се рекреира и ни дава гол,priceless :lol:
    :tmi:
    Дечки сериозно земете го во предвид предлогот да си се повлечете од репрезентацијата,идете :smoke: или што било друго,гарантирано ќе бидете поуспешни. :hai: Јас одамна би се повлекла на ваше место,па мајке му,никој не ве тера на сила да се брукате во националниот дрес.Зошто воопшто ни треба оваков фудбал и репрезентација,напротив.

    За кого ли се инвестираа толку милиони во новиот стадион,трупци на трева има во секоја блиска пољана. :?:
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Какви коментари се изначитав, црн хумор, скапани сме у пм...
    Ова морам да го споделам со вас
    :rofl:
    жалосно е но ајде да те видам не се смеј на ова....
     
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    .
     

    Прикачени фајлови:

    • fkjnl.jpg
      fkjnl.jpg
      Големина на фајлот:
      170,8 KB
      Прегледи:
      137
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Дел од изјавата на Горан Пандев по завршувањето на натпреварот :

    "Мислам дека е време овој пат одговорноста да ја превземеме ние играчите.
    Треба да седнеме, да се погледнеме во очи и да разјасниме сите заедно што значи да се игра за националните бои.
    Селектори , за време на играњето на оваа генерација се сменија многу, ние сме истите, значи кај нас нешто не е во ред.
    Очекувам сите играчи да ги прифатат добронамерните критики и да превземат одговорност за овој срамен резултат и во иднина чесно да го испотиме дресот кој е привилегија и за кој сонуваат многу фудбалери во Македонија, во спротивно да им го отстапиме местото на помладите и поамбициозните
    ".

    Колку добра интернационална кариера има, а во репрезентација нема со кој да игра, и како после да не му е срам да игра за репрезентација, само угледот си го губи, никаква воља и мотивација немаат нашите играчи кога тој Харалампие го уништи македонскиот фудбал и страшно е што нема кој да го запре..
     
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Најтрагично ке биде кога ке играме против Португалија.Будалата наш од тренер изјавил:Ке ни биде потребен Роналдо за да ја измериме нашата сила против него и компанија.Немој не ме радуј.

    И дајте,да не се вадиме со тоа местени натпревари кога не не бива и не не бива.Едноставно Македонија е земја која може да изгуби од секого во светот.Пушти им улични фудбалери,ке ги засрамат па ке посакаат никогаш да не се родиле.Едноствно не се замараат со давање на убави резултати.Додека има вакви срања
    во управата од директор и тренер до чистач и вакви играчи нема да тргнеме напред.Фати искарај ги сите,донеси нови работници и пушти играчи кои навистина сакаат да играт.

    Ама мене никој не ме прашува.Ке сонуваме успех на фудбалерите како оној на кошаркарите и ракометарите. |(
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    хахаххах rossonerka, леле колку ме насмеа, смешно но за жал вистинито, ајде ајде ќе биде подобро :rofl: ;( :rofl: ;( :rofl: :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Само има промена не ги чекаме под триумфална.
    Ќе ги пречекаме пред ДРВО декор!!!
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    На Југо Дрво :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Да, и не заборавајте да земете соодветни „реквизити“ (домати, компири, зелки... :lol: )

    И да, се’ е кажано... :/
    [​IMG]

    [​IMG]
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ^
    Скапи се,не ти се исплака :D
     
  13. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    На фејсбук страната на Луксембург (http://www.facebook.com/theluxembourgfanpage) синоќа објавиле за победата над Македонија :
    Luxembourg beats football giants Macedonia 2-1. World cup, here we come!

    И се нашол некој грк да коментира одма против нас :
    You mean fyrom or skopjie..macedonia is a part of northern greece!

    И админот на страната, на тоа му врати со следните зборови :
    Oh come on Greeks, only you are concerned by this name issue!
    We call it Macedonia and this is it!
    Don't you think you have other issues to deal with now?


    Секоја чест за напишаното!!! :clap: Му се поклонувам на админот :bow: :)
     
    На Monna.Monna, Hipica, Buttterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Инаку баш убаво нешто прочитав денес.
    Во никој случај не треба споредба на нашиве фудбалери со дрва.
    Зошто?
    Дрвото е корисно и тоа за хартија, мебел, огрев и тако даље.
    За нив е дури комплимент ако ги споредиш со нешто толку корисно.

    А друг муабет НЕ ДАЈ БОЖЕ еден ден некој вас да ве спореди и да рече дека сте како македонска фудбалска репрезентација. :o :whew:
    Не дај боже.
    Понизок удар амин. :x

    Од сеа нашава репрезентација во фудбал е синоним за налоша споредба.
    Нема веќе глуп си ко дрво, него ГЛУП СИ КО МАКЕДОНКА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА!
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Само што го прочитав ова на Фејсбук профилот на Панче Ќумбев и веднаш го копирав да го споделам со вас.. Вреди да се прочита, конечно некој да се изјасни како стојат работите во македонскиот фудбал.


    "Може да ме разберете и вака и онака,може некој ќе се налути,ќе ми замери,ама едноставно морам да дадам свое мислење за најважната споредна работа...
    Нормално повод е последниот резултат на нашата репрезентација...изгубивме од Луксембург 2-1.Да,изгубивме и затоа спортот е интересен...Секој секого може да победи и секој од секого може да изгуби.И некој ќе рече боли да изгубиш од Луксембург.Боли точно е тоа,мене ме боли како фудбалер.Ама во што сме ние подобри од нив,од Андора,Лихтенштајн,Сан Марино на фудбалски план?Само во две работи,во талентираните дечиња и во спортските гени кои ги носи секој балканец.Во се друго сме 100 години во рикверц.
    Некој ќе рече дека не сум во право,меѓутоа еве ке се потрудам да објаснам.Па кој како ме разбере ќе видиме.
    Зошто 90% кај нас мислат дека гореспоменативе репрезентации се аматерски а ние не сме?Дали мислите дека нивните лиги се поаматерски од нашата?Да почнам со ред.
    Нашата прва фудбалска лига брои 14 "професионални" екипи.Дали знаете колку од нив се стварно професионални,колку од нив ги исполнуваат и најосновните услови за натпреварување?Можеби 2-3,нека бидат и 3-4.Повеќе не се со гаранција.Да почнам со ред.

    1.Услови за работа(помошни терени,опрема,медицински тим,соблекувални,стручен тим)
    Како што напоменав само 3-4 екипи ги имаат овие услови.Да не играм со имиња да не ми се налути некој.Знаете ли дека нашите играчи носат опрема стара по 10-15 години,само 3-4 екипи имаат помошен терен,за теретана да не зборувам.По клубовите нема доктори,масери,нема кој да ти даде апче ако те боли глава.Нашите играчи незнаат што се витамини,минерали,спортска исхрана.Со јадење ајвар и маргарин фудбалер не се станува.Знаете ли дека во Тетово во собелкувалната нема вода,нема струја,нема тоалет?А Тетово ги даде последните 2 шампиона на Македонија.Знаете ли дека во Кичево наместо закачалки има клинци,и дека наместо тоалет шолја има дупка среде купатило?Знаете ли дека гостинската соблекувална во Кратово,Прилеп и Штип е голема дури 3 метри квадратни,и мора да се соблекуваат играчите на групи оти нема место за сите.знаете ли каде тренираат младите таленти во Македонија?По парковите со парталави топки голи и боси.Секоја чест за ретки исклучоци.
    А какви се во аматерските земји може само да замислите.Секоја од нив има спортски комплекси,со помошни терени,со терени со вештачка трева,со сауни,со теретани со нова опрема.И које аматер тука???Ние или они?

    2.Професионалноста??
    Знаете ли дека во Македонија 70% од фубалерите се аматери.Знаете ли дека на 70 % проценти од нив не им се плаќаат придонеси,осигурување здраствено и пензиско?Знаете ли дека ако не дај боже се повреди кај нас фудбалер може да го избркаат од клубот и да не му платат операција,лекување,рехабилитација?Знате ли дека пола лига кај нас играчите земаат плата од 150 до 200 евра и тоа нередовно?

    3.Квалитетот на лигата.
    Искрено и без лажни скромности сигурно сме меѓу последните 3-4 во европа за жал по квалитет или уште полошо меѓу првите 3-4 по неквалитет.Зборам за квалитет на лигата не на играчите.Кај нас може да се случи да ти влезат во соблекувална со пиштол и да ти речат дека мора да изгубиш денеска.Да така е,за жал.Кај нас Може да се случи да го истепаат судијата оти досудил пенал или поништил гол,да ги истепаат гостинските играчи оти не им пуштиле на домашните.Кај нас се случува судијата да ти каже извини ама денеска мора да изгубите.И можам да редам до недоглед ама доста е.
    4.Репрезентација
    За секој играч е светост,чест и гордост да се игра за националниот тим.Само кај нас националниот тим е менаџерски полигон за играчи.Само кај нас постои она познатото"мора да игра".Само кај нас кога се оди на гостување авионот е исполнет со 20 играчи,10 членови на стручниот штаб и 70 членови на така наречена "Јагнешка бригада" кои единствен контакт со фудбалската топка имале на час по физичко и тоа по грешка кога некоја залутана ги удрила по глава додека со девојчињата играле ластико.Знам дека ви се чини смешно и многу критично меѓутоа за жал така е.Занете ли дека пола репрезентативци не ја знаат нашата химна,дека пола репрезентација не знае Македонски јазик?И некој ќе рече тие се играчите,нема други???Молам?Нема други???Ајде да прашам отворено,каде е најдобриот стрелец во нашето првенство Филип Ивановски?Каде се Влатко Гроздановски,Златко Таневски,Благојче Тодоровски,Крсте Велкоски,Борче Маневски,Миле Крстев,Димитрија Лазаревски,Баже Илијоски,Бобан Грнчаров,Александар Бајевски,Зоран Балдовалиев,Стојан Игњатов и да не ги редам сега ги има многу?Дали гореспоменативе не заслужуваат повик?Заслужуват и тоа како,само не се во шемите на одредени луѓе.Сите гореспоменати се стандардни во своите клубови и имаат континуитет на натпревари,што не е случај со пола репрезентација.
    5.Селектор
    Секоја чест на новиот селектор меѓутоа нас ни треба домашна рака,и тоа авторитетна и да не подлегнува на притисоци од типот мора да игра,или не мора да игра.Каде се Ѓоре Јовановски,Чеде Јаневски,Милко Ѓуровски,Ѓоко Хаџиевски,Џиџи Илиевски,Влатко Костов,Илчо Георгиевски,Драги Канатларовски,Зоран Смилевски и ред други?
    6.Раководство
    Само едно ќе кажам овде.Каде се нашите асови Дарко Панчев,Илија Најдоски,Саша Чирич,Ѓорѓи Христов,Тони Мицески,Митко Стојкоски,браќата Ѓуровски,Гоце Седлоски,Артим Шаќири?Далеку од фудбалот за жал.
    И уште многу мисли ми се мотаат низ глава и уште многу работи имам да кажам меѓутоа поентата ми е една.Ние сме аматери,и тоа од највисок ранг.Затоа не се нервирајте кога ке дојде Ерменија и ќе ни акне 4-5 парчиња,кога ке додје Луксембург и ќе ни ја сврти од два во кец.И без оправдување меѓутоа фудбалерите се најмалку виновни за оваа ситуација,за ова тонење на фудбалот кај нас.
    Толку...
    Се надевам на подобри денови во мак фудбалот,надежта последна умира.
    Панче Ќумбев
    "
     
    На sadangel и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  16. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Си бил малиот Трпе и наставничката го прашува пред целиот клас:
    - Трпе, што работи твојот татко?
    - Мојот татко работи во стриптиз клуб за чичковци, па понекогаш е и приморен да се проституира со истите, но сепак… тоа е, мора да заработи некој денар…
    Шокирана, наставничката му вели да остане после часот да поразговараат.
    - Трпе, навистина ли татко ти го работи ова?
    - Не наставничке, само срам ми беше пред цел клас да кажам дека игра фудбал за репрезентација.

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На FortuneTeller.xD, Hipica, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    [​IMG]




    Новиот состав на Македонија:

    Голман – даб,
    одбрана – бука, бор, врба, габер,
    среден ред – јасика, топола, елка, багрем,
    напад – бреза и чемпрес.
    Резерви – смрека, зеленика, јасен, боболка.
    ТренерЌУТУК.
     
  18. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Чак Норис прв пат во својот живот одбил предизвик заради страв од пораз, и тоа кога го повикале да игра фудбал за македонската репрезентација! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  19. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Во ред е значи.
    Слаби сме, не слаби туку очајни, не очајни туку трагедии. Дрва, трупци, греди, буки, дабови. Заслужуваат секакви критики, осуди, пцуења, исмевања. Местачи, душегрешници, резили и што ли уште не. Секаков можен сладок епитет го заслужуваат.

    Меѓутоа мора да најдеме сили за подршка на репрезентативците.
    Несакам погрешно да ме сватите, нивните игри и резултати во последниве години не заслужуваат никаква пофалба. Ама најлесно е да се биде најголем фан кога репрезентацијата игра добро и победува. Тешко е да се биде фан и да се одржи патриотското распложение кога бродот неповратно тоне.
    Ние сме Македонци, мора да останеме сплотени и во најтешките моменти, а не како за се во животот само да лаеме по форуми и медиуми, без притоа да се организираме и да промениме нешто што не функционира како што треба.
    Затоа што сите ќе станеме најголеми патриоти ако истите овие ДРВА, ја победат Србија или Хрватска во следните квалификации.

    И за крај, еве колку се аматери, келнери и водоинсталатери фудбалерите на Луксембург :

    http://www.youtube.com/watch?v=hXmla8IdsJo
     
  20. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Не коментирам ништо зошто само едно ме интересира. Кој е новиот Џаро!?