1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mакедонска Фудбалска Репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од Pelikuna, 10 октомври 2011.

  1. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Добра идеја,ги поддржувам,време е за фудбалска револуција. Да не бидеме силни само на зборови туку јавно да го покажеме нашиот гнев. :!:

    http://www.taratur.com/node/31123
    На следниот натпревар на македонската фудбалска селекција, македонските навивачи ќе стават превез на очите, симболизирајќи го срамот да ја гледаат својата репрезентација како игра.
     
    На Hipica и Nightwalker им се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Што е тоа што се родило во Англија , пораснало во Бразил , а умрело во Македонија ?

    - Фудбалот!
    :$
     
  3. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Сега прочитав дека Харалампие изјавил дека воопшто не чувствува одговорност за поразот од Луксембург и тонењето на македонскиот фубал, дека не бил он крив ц ц ц значи себичноста и бесрамноста на овој човек немаат граници.
    Во сите нормални држави, главниот човек на федерацијата секогаш ја презема одговорноста на свои раце ако се случи некој пораз, а овој дури има лице да излезе пред камера и да каже дека не бил крив за тоа што му се случува на фудбалот во Мк.

    "Кога во фудбалот ги нема големите имиња, кога нашите надежи играат или тренираат на игралишта кои повеќе личат на ниви отколку на стадиони, кога репрезентацијата е „алатка“ менаџерите да си ги продадат своите фудбалери, кога во националните лиги владее тотален хаос и низок квалитет на фудбал, кога во секое одиграно коло имате по некој инцидент кој поминува без казна, кога не се инвестира во фудбалската иднина, кога во ФФМ работат луѓе кои најмалку се разбираат од фудбал, кој е тогаш виновен, селекторот, фудбалерите, новинарите или пак оној кој што стои на чело на оваа институција и чија задача е да ги поправи сите овие работи."

    Извор: http://www.kurir.mk/sport/fudbal/63213- ... amo-toj-ne
     
  5. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    Буркина Фасо, Зимбабве, Уганда се подобри од Македонија, а Зеленотравските острови се пред нас :@ :@ :@ :@
    Каква репрезентациај... ДРВА :@
     
  6. VbetiV

    VbetiV Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    3
    да да дрваааа
     
  7. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Сликовито, еве го составот:

    [​IMG]
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Не се можни. :D

    [​IMG]

    :D
     
  9. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Единствена светла точка во македонскиот фудбал се рефлекторите! :D

    Мене искрено ми е жал покрај вакви потенцијали да имаме ваква катастрофална репрезентација
    мислам дека редно е после кошарката,ракометот и ватерполото по сите тие обиди на битни натпреварувања и мак.фудбалери да добијат шанса...
    мислам дека и тоа му фали на македонскиот народ и фудбалската репрезентација да постигне нешто а не сите надежи за мак.фудбал да згаснат.
    се надевам дека некој од надлежните ќе увиде каде е проблемот и да го смени раководството од корен
    они сакаат само да ги пљачкаат кладилниците,ништо повеќе...
    има многу млади потенцијали кои гордо би гинеле на теренот за Македонија да ја представат во најдобро светло.. толкму тие треба да се во репрезентација..а не 11 кубици дрва(да ми извините за некој поединци)...
     
  10. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    У21: Македонија - Северна Ирска 1:0
    [​IMG]
    Македонската репрезентација до 21 година минимално со 1-0 ја совлада селекцијата на Северна Ирска до 21 година во квалификациски натпревар за ЕВРО 2013 кој денес се одигра во Куманово.

    Натпреварот помеѓу младите селекции на Македонија и Северна Ирска кој првично требаше да се игра во февруари, но поради лошото време беше одложен, се одигра денес. Македонија со 1-0 славеше над Северна Ирска.

    Селекторот Бобан Бабунски натпреварот го започна со напаѓачка формација во која имаше четворица офанзивни фудбалери.

    Во првото полувреме Македонија беше подобар противник, но без сериозни шанси за загрозување на гостинскиот гол. Северна Ирска ги чекаше своите шанси од контра напади, но беше опасна и од прекини.

    На почетокот од второто полувреме, Бабунски направи неколку тактични измени, вклучувајќи го и префрлувањето на Стефан Ристовски на левата страна на теренот. Само по минута игра во второто полувреме, Ристовски ја имаше најдобрата шанса за водство, но промаши.

    Седум минути подоцна, судијата Давит Каритонашвили покажа на белата точка откако еден од гостинските дефанзивци играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

    Но, Илија Несторовски промаши од белата точка, па резултатот остана непроменет.

    Неколку минути подоцна, Давид Бабунски влезе во игра и го имаше своето деби за селекцијата до 21 година. Бабунски внесе креативност во средниот ред која беше многу потребна во тој период од натпреварот.

    Во игра влезе и Алтипармаковски на местото од Фазли, но тука немаше промена во формацијата, сепак со влегувањето на Тимов на местото од Брдаровски, нашата репрезентација фрли се на напад.

    Офанзивната игра резултираше со нов пенал за Македонија. Бабунски испрати една одлична топка за Хасани кој беше фаулиран во шеснаесетникот, Грузискиот судија покажа на белата точка.

    По кратка комуникација помеѓу фудбалерите, Јани Урдинов ја превзема одговорноста и успешно го изведе пеналот. Македонија поведе со 1-0.
    Гостите тргнаа поофанзивно, но немоќта создаваше и нервоза. Тоа го чинеше фудбалерот на Њукасл, Фергусон црвен картон.

    Со овие два бода, Македонија е на делба на второто место со Данска со 8 бода, Србија е прва со 11 бода, но и натпревар повеќе.

    За репрезентацијата на Македонија на овој натпревар настапија:

    Гачевски, Брдаровски (78' Тимов), Урдинов, Ристевски, Богдановиќ, Таири, Ристовски, Фазли (71' Алтипармаковски), Несторовски (57' Бабунски), Хасани.

    Надежта на македонскиот фудбал...12 месеци без пораз! :clap: ^_^
    БорбА за 1место на табелата,а и се надевам дека ќе одиме на Европско Првенство.. :)

    не дека се фалам,ама чим има каталонец у екипа,МОРА да се тепа :D
    :wasntme:
     
    На Melany.Macedonia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Леле колку го сакам Бабунски душче, не само дека игра за младинците на Барса ( едвај чекам да добие шанса и да игра официално пошо тренирал со првиот тим ) туку и што ја предводи нашава репрезентација во победи... Тие се нашата надеж а не дрвцана!
     
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Во 18:00 играат Португалија-Македонија, пријателски натпревар. Се знае кој ќе победи де, кај можат нашиве со Роналдо и компанијата.
     
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Нај јачи коментар што го прошитав во веза со ова..''Пишете си ја 7+ и ние да видеме некој аир од репрезентацијава'' :rofl: :rofl:
    А,сега озбилно добро се држат овие нашиве,сеуште се нема затресено мрежата.Португалија ни до голот не може да стигне,а камо ли пак да даде гол...
    Мене ми стои местена,и не би ме зачудило да излезе 2.
    :?:
     
    На starbucks и Hipster им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    На која програма го даваат натпреварот? (Ако не завршил веќе)
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Веќе е влезена во продолжение, последни минути се играат.
    И ви се верува или не, 0:0 е. :tmi:

    Стварно ми е за неверување, тотална утка, ја очекував 3 гола да ни дадат. :o
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Остај. Тато ја играл 2+ полувреме. :lol: Ова не е можно, мајтап си играат со нас.
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Не врши пренос ни една наша телевизија Сеси :|
    За срамота,овие од Алфа даваат Шпанија-Србија,али остај Алфа е приватна телевизија..ами овие од Мтв :fubar: :x
    Јас на нет гледам..
    http://bostinno.com/2012/05/25/live...h-international-friendly-soccer-online-video/
    Има уште 10секунди..
    леле не ми се верува 0-0 :rock: :party: !
     
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ја па го играв 2-4 гола да паднат, тотална утка.
    Можете ли да замислите колку луѓе испогубиле пари на кладилница затоа што утакмицава се сметаше за најсигурна ццц. Неверојатно! :x
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ние сме чудна репрезентација,одиме од крајност во крајност,губиме од аматери како Луксмебург,а репрезентација како Португалија не може да не тепа.
    Ама ова што го гледав денес,стварно е за пофалба..со моногу малди и нови играчи,дефинитвно стануваме подобра репрезентација.Малку позитивност и од фудбалерите.

    Можеби игравме 90мин,формација левел-Челзи,ама одлична тактика ;) ...и покрај тоа што ми стои местена Харилампие,изгледа имал некоја дојава...
     
  20. neno20

    neno20 Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    drvaaa seee