1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mакедонска Фудбалска Репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од Pelikuna, 10 октомври 2011.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Луѓе, толку не ги научивте утакмиците?
    И со кошарката ни беше вака, и сега ќе биде.
    Не гледаат дибеци кај што се маваме по топката само колку да ни е во посесивност, па ни попуштаат дури не се измориме до максимум.
    И таман дури подмочнуваме дека е наша, тие си собираат сила, за во второ полувреме да ни го начукаат на најглуп можен начин, за да се осеќаме помизерно од тоа што веќе сме. :D
    Ако ова е подобро светло, тогаш не знам...
    Не очекувам да се Бразил или Шпанија, ама ни ова не е изговор.
    Можевме да бидеме ние и 10:0, ако се тешиме така, ама еве го резултатот, зашто сме трупци.
     
  2. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Јас нормална ли сум што седнав да гледам?
     
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    ^Не,неможеш да кажеш дека не играме добро.Барем не во првото полувреме...
    (ова може да го каже некој во случај прв пат да гледа утакмица на нашата репрезентација,ама доколку имаш изгледано барем 5-6 утакмици ептен се забележува разлика).Далеку е ова од 'сјајна' игра на прв поглед,ама за една Македонија е добра.Доволно добра...
    Првото полувреме не бевме ниту дрва, ниту трупци,туку игравме добро.Можеби и не толку добро колку што Хрватите играа катастрофа.(можеби!)Ама факт е дека игравме добро.
    А за резултатот,не е битно што можело да биде 3-0 ил 4-0,не е битно ништо,се додека резултатот не го покажува тоа.
    Хрватите можеби не се Бразил или Шпанија,но се 9 а ние 90 и некои (во светот).
    И,да ја надиграа Шпанија на Европско,апсолутно.

    Џабе статистика,и милион шанси да имаме,резултатот покажува дека сме во негатива. :|
     
  4. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Леле луѓе трупци сме 2 полувреме, абе аманнннннн, секогаш само 1 полувреме играме...

    Еве ги младинциве водат 2:1 со Ирска, абе аман, само на нив да се надеваме останува, овие џабе е се изглупираја 2 полувреме... :@
     
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Играме како влез во ЕУ .а губиме ко грчка
     
  6. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Ќе умрам еј, не е фер, само тоа ќе кажам, проклето не е фер!!!!
     
  7. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Ниту јас прв пат гледам фудбалски натпревар, ниту сум лаик на фудбалски план.
    Играта.. ајде можеме да кажеме дека се држеше на некакво ниво, близу играта на Хрватите што.. е за неа може да се каже дека не е сјајна ако земеме во предвид како котира Хрватска.
    Резултатски претпоставував како ќе заврши, од тоа произлезе и мојот претходен коментар. Не планирам да трошам енергија објаснувајќи се за играта на натпревар кој веќе е изгубен и тоа говори се само по себе.
    едит И тоа го напишав затоа што осетив дека си го губам времето гледајќи, а не затоа што помислив на изрази како трупци или дрва, далеку од тоа..
     
  8. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Evil не се однесуваше до тебе коментарот :D Додека да го испратам ти си пишала мислење.
    :)
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Smily, муабетот за Шпанија и Бразил ми беше дека не очекувам нашите да бидат такви. :)
    А, сум гледала натпревари и натпревари, и, да не се тешиме дека “ко за една Македонија“ било добро, кога пак резултатот беше неприфатлив дури и за аматери.
    Да покажеа Хрватите малку сила од почеток, верувај, немаше да се примети тоа “подобрување“ кај нашиве. Искрено, јес да од -10 сме мрднале на -9, ама ако сме задоволни од таква трошка, и ако вака напредуваме по едно скалило, до 2112 очекувам да влеземе барем во некое полуфинале.
    Постојано ни е она - биче боље, а тоа боље никако да дојде.

    БТВ (ако уште трае) младинците на кој канал сечат дрва?
     
  10. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Заврши, победивме 1-3. :)
     
    На calliope му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Браво младинците,бравоооо!!!
    Овие нашиве од прв тим, можат вода да им носат(со исклучоци)
    Северна Ирска-1:3-Македонија!!!
    Момци зверки сте :rock: ! Уште една победаа... го можете вие тоа!
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Aбе ај,ке се пукаме...незнам кој се надеваше на победа?Кога стигнавме до дереџе да губиме од репрезентација како Сан Марино ке сме можеле да ја победиме Хрватска.Абе ај...
    Како што кажаа повеке Македонија игра едно полувреме.Крај.
    Кој тренер да дојде,пак ништо нема да промени,тоа го кажав и во воведот на темата.
    Не негирам дека бевме слаби првото полувреме ама непишано правило во фудбалот е да се казнат неискористените шанси.Хрватска го искористи тоа и си реализираше.Нема шо да ви е мака.
    Коа не играат сите 90 минути што сакате вие?
     
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Пеци.. :wasntme: две страни поназад.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Не бевме воопшто слаби во прво полувреме, туку игравме сосема солидно. Сталожено, и сигурно што ретко се случува со нашите фудбалери кои си имаат обичај да паничат на терен па да им се тресат колена и да им се крадат топки. Игравме супер. Да, не искористивме многу шанси, но не дека не ги искористивме од немарност туку од пуста спортска несреќа. Шансата на Пандев можеше многу лесно да беше 100 постотен гол, ама ете не ни била вечерта. Направивме грешка со одбраната и Хрватска ја искористи грешката и поентираше, и што е најинтересно, нашите фудбалери продолжиа да играат доста солидно. Не беше тоа тоа како првото и почетокот на второто полувреме, но нормално е на репрезентација како нашата после таква игра и добиен гол да паднат психички.
    Башка не дека ќе се вадиме сеа на судијата ама навистина имаше некои нефер моменти, незнам дали од немарност или поради своеволност ама не беше во ред.
    Пандев греота го изеде ќотекот. Мислам тоа не беше хумано, го отепаа човекот, па уште намерно целат кон него, знаат кој играч треба да го онеспособат. Нашиве а допреа некој од Хрвативе, свирчето одма, и фаул. Они ги претепаа нашиве па никому ништо.
    Не бевме најсјајни вечерва(кога сме биле) ама за разлика од тоа што се случуваше изминатиов период, и за со Хрватската репрезентација, се држевме одлично. Се гледа некој прогрес во играта.
    И неможе преку леб погача, мора од негде да се почне и да се движиме по нагорна линија. Македонија денес играше фудбал подобар од оној што го играла во предходните пет години. И тоа е некаква позитива. Немора да плукаме по секој пораз. Од поразите се учи.
    Само се надевам дека ова нема да ги сруши психички.
    Знам дека со оваа игра на Хрвативе, и со ваквата поставеност и сериозност на нашите играчи на Филип Вотри можеме да одствариме победа.

    Да го спомнам голманот, секоја чест одличен тајминг, одлични проценки, и не беше негова вина голот, одбраната потфрли.
    И да го спомнам и Попов, играчиште, многу позитивно ме изнанеди. За Пандев и Ибраими не коментирам, се знае :)
     
    На BlackSwan5 и Marbella им се допаѓа ова.
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Тоа вчера што го прикажавме не сме го прикажале бар едно 50 утакмици .....

    бев изненаден да кажам и очекував загуба како 5-0 или слично , ама ете сега дури мислам дека можеме барем нерешено да им извадиме на Шкотите , ама ќе ги видам во каква форма се со Србија вечер
     
  16. GazdataodParencoJR

    GazdataodParencoJR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    40
    Шкотска преферира физички груб стил, но во технички смисол се тапа.
    Ако успееме да ги држиме подалеку од нашиор гол и да наметнеме игра по земја без високи топки имаме големи шанси, па дури и за победа.

    Ова што го играме сега конечно почнува да личи на фудбал. :wasntme:
     
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Луѓе ние на какви изданија сме навикнати од нашата фудбалска репрезетација. Ова, барем во прво полувреме беше сосема солидно. Брзи контри, барем имаше какви такви акции, одбрана доста солидна особено Богатинов пријатно изненади. Ете, Пандев да не ја погодеше стативата, со малку среќа можеше и да поведеме.
    Не можеме да очекуваме којзнае што ама барем според мене ова беше чекор напред. Барем не ми беше мака да ги гледам како без воља и идеа трчаат ваму-таму. Сепак кое место е Хрватска на ранг листата а кое сме ние. Да парираш до 60 и некоја минута на таков противник и не е мала работа. Не велам дека треба да бидеме импресионирани или којзнае колку задоволни ама велам, сепак мрднавме од место.

    Како што кажа некој, се забележува класа разлика меѓу Пандев и останатите ама со напорна работа верувам дека може нешто повеќе од ова да направат.
    Пандев, човече идол си ми! Најдоброто нешто што го имаме во моментов. Можеби немаме многу фудбалски таленти ама кога имаме, тоа е стварно квалитет. Знаат хрвативе дека тој е најголема опасност за мрежата и тие фаули стварно беа безвеза.

    И Модриќ седи си мирен. Чувај се за во Реал, не понашање да ми дигаш тука :rofl: .
     
  18. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Kој го боли г'з за судии сега :wasntme: ...
     
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Џе сте патриоти?
    Само предавников ли се радува на голот? :D
     
    На Buttterfly и Smilly им се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Растураат нашиве бре. Пу, пу, да не ги урочам.