Леле за Македонија колку висок коефициент има, од 5 до 5,50.... ало знаат кладилнициве дека ќе победиме , а за Хрвативе од 1.70 до 1.85, па во гости играат мајкуму стара... Срцево ми кажува дека ќе победиме, едвај чекам да дојде 8 и 30... цел месец чекам ајде нека помине побрзо времевооооо.... Се надевам дека публиката навистина ќе е 12 македонски играч Eдит: *Хрватите ни го критикувале стадионот, само незнам дали се сериозни *Сега читам дека навивачите на Хрвативе биле каменувани кога поминувале во Србија... знаев дека некој инцидент ќе падне....
Затоа нема ниеден навивач на Хрватска да има кога ќе биде Србија-Хрватска а истото и за србите кога ќе биде Хрв-Срб...... али ако некој се осмели да дојде ќе заврши у болница.... Вечер типувам 1-2 за Хрватска
Јас ќе одам на оваа и на таа со Србија, па да видиме што ќе биде. Искрено, шансите ни се мали, али Хрватите знаат да кикснат. Надежта за нерешено си постои
За џабе си се возбудуваме, секогаш на крај остануваме бели во очичките Барем да израмнат ако ништо друго
Џабе сите надежи после постигнатиот гол. Пандев бе?Намерен картон си направи бачково за да не игра со Србите. П а кажи бе не ти се игра,некој друг плаче за твоето место Ибраими најдобар вечерва.Само тоа ке кажам А за со Србија да не се ни надеваме.
Абе Богатинов,бел да не си во очите.... два пати прими сличен гол,да не речам ист... последната статива остина, си рече леле ако влезеше тешко мене ќе беше... Не сега да рече некој дека пристрасно зборувам ама судијата во некој ситуации пристрасно постапуваше,секој допир со хрватите или жолт или слободен, а нас во многу наврати ништо не ни досуди... тоа е сами не ги користевме шансите... жал ми е за публиката... ептен сум разочарана. ...
Пффффф да ја ставев оваа наместо Украина ќе си земев иљадарче ..... Не е крив Голманот , т.е не до толку колку што одбраната зезна работа ....дозволи да изедначат и плус откако дадовме гол како да се изгубивме ......
За што го наполнивме цел стадион бе, за ова? Ја Х2 типував, ама повеќе имав надеж за Х. Да не почнвуам за секој да зборам, само ќе кажам голманот од старт кажав дека е катастрофа и дека Пандев јест да го чуваа ама можеше многу повеќе. Судиите не дека секад се вадиме на истото, ама стварно ги преферираа нив. Толку фаули недосудени, па и жолти требаше да паднат повеќе...ма глупости. И многу глумат. А навивачите им се крајно диви и некооперативни, ја све што сум одела коа сме праеле бранови и гостите праеле, овие не бе не...вреѓање, некултура крајна, абе сфаќам ја навивање, ама она е дивеење...али добро, ги имаме видено во полошо светло на многу поважни натпревари и во емисии на телевизија какви се. Ама си добиваа и навреди за возврат, не останавме должни. Величе...до кога бе Величе ќе зезнуваш и ќе фаќаш место на стадионот? До кога? Браво за Ибраими еден од малкуте светли точки на натпреваров...Тричковски не коментирам, и останатите исто. Новески, Попов ми се видоа ок. Абе, јаки се Хрватите јака екипа имаат нема што, али можеше 1-1 да остане, многу евтини голови примивме, ај првиот не толку колку вториот. Малце побрзо треба, поднамично, не да се дреме на терен и да се чека кафе. Кривицата е наша, а да не зборам и што судијата не осакати на неколку наврати. И тоа инцидентот на Пандев не знам со кој беше дали Модрич не беше за џабе па секој би се изнервирал, и во шеснаесетник беше НЕМА СМИСЛА. Судиите слепи при здрави очи. Без помош на судиите и со малку поголем труд и напор би можеле да задржиме нерешено сигурно. А и селекторов некако заспан ми делува, Ферхан е добар играч а колку касно го стаи од Величе стопати појак е, пу. Се на се, наша е кривицата. Абе тоа е, ни прво ни последно... Србија тимот според мене е полесен залак од Хрвативе, оооооо да, со чесни исклучоци и тоа јаки исклучоци. Е таму да се стегнеме. И да не тепаме, бар Видич ќе го видам. Ај на здравје. А, и што е чудно женско да седне и да навива? Па и да стане, да вика да навива од душа? Мислам, една жена пред мене си навиваше можда агресивно ама нејзино си е, и сите земале ја коментираат. Па и ја неколку пати викав и коментирав, ееееее. Абе аман, само машките ли смеат да пцујат, да се дерат, да урлаат, да викаат, да навиваат? Ееее бог да чува.
Плавуша,Немања е повреден 2 месеца ке отсуствува а мислам дека и повеке не настапува за репрезентацијата Тоа е тоа луге.Потребна е свежа крв во тимот.Некој кој ке го остава срцето на теренот.Некој кој ке сака навистина да игра а не да се заебава на терен и да прави намерен картон
Македонската фудбалска репрезентација требаше да земе Нобелова Награда за Мир. Никого нема тепано !!!!
Не ни преостанува ништо друго, освен да се помириме со добро познатата судбина да се бориме за 4то место во група.
Јас не се надевав многу на победа со Хрватска, сепак се подобра и поискусна репрезентација од нашата. Со Србија се надевам дека имаме шанси за победа. Офф топик: Германија:Ирска- 6:1
Јас прочитав дека ако ја победиме Србија вторник дека можеме да се бориме за првите 2 позиции.... Ако сме први дирекно одиме, а ако сме втори играме бараж? Така? Иако знам каква ни е судбината,јас сум оптимистик до крај.
Првите директива , а вторите бараж И да ги тепаме Србија , треба и двете против Белгија , кој патем имаат многу јак состав .... и Велс кој се така-така
Aбе калкулациите наши не се реални. Bо ниеден од триве натпревари досега, не можеше да се каже: Eј да, труби бевме, стварно заслуживме да изгубиме. Aма нас срече не воли. Oтсекогаш сме биле и ќе останеме такви. Aко водиме, никогаш не можеме да ја задржиме предноста. Aко играме добро и имаме милион шанси - ниедна нема да искористиме, и плус ќе примиме гол. Bторо полувреме вечито слаби. Cо Cрбија пак може да се извлече нешто, со Шкотска дома исто, Bелс ту и таму, а со Белгија не вјарвам. Oптимистичко расположение кај мене нема. Cекогаш летаме високо со муабети, сега и бевме поткрепени колку-толку со игра. Aма после вчерашниот натпревар, и тоа падна во вода.