1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mакедонска Фудбалска Репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од Pelikuna, 10 октомври 2011.

  1. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Браво Томче ... како само храбро одбрани :inlove: покажавме дека не ни е потребен еден Пандев за да победиме,се испостави дека подобро играа без него... мило ми е за момциве,супер се носеа со задачата! Публиката ми се чини дека беше многу погласна на овој отколку на натпреварот со Хрватите ... :rock:
     
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ајде со среќа нека ни е победата, нека ни се множат. :party:

    Иначе морам и друго нешто да кажам.
    Денеска си се возам во автобус, и баш на радио кажуваат дека играме денеска со Србија и ја пуштаат после тоа „Тајно моја“.И си викам сигурно ќе победиме денеска, Тоше не гледа одозгора сигурно победа ќе ни донесе.И цел ден тоа во глава ми се вртеше, и ете ти сега стварно победа. :o
     
    На CharmedGirl и Marbella им се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ухууууу уживаме во еден од ретките моменти, победа на македонската фудбалска репрезентација е нешто скапоцено и ретко :D
    Не игравме толку добро колку што србите играа лошо, факт!
    Но толку ми е мерак што имавме добар резултат без двајцата да не речам најдобри првотимци Пандев и Попов.
    И најмногу мерак ми е што едно албанче во рок од 4 дена постигнува 2 клучни гола за македонскиот фудбал. Навистина ми е убаво кога некој од заеднициве не прави толку горди. И уште кога ќе се сетам дека албанче им дава гол на србиве кои толку се силеа за натпреваров ... па пукам од среќа.

    Уште читам српскиве навивачи извадиле на наша трибнина грчко знаме. А се бунат дека сме им ја исвиркале после тоа химната. Ма свиркањето им е малку мадафака сељачишта!
     
    На Plavusa.17, SimplyElegant и Smilly им се допаѓа ова.
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    И тоа чудо се случи...ај да видам следен меч што ке направат.Честитки.
     
  5. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Имам јас еден коментар за Ибраими.
    Се виде дечкото и кога го прославуваше голот дека од срце игра за Македонија. :)
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Најмило од се ми е што Албанец им го шибна голот не за друго ДА ГИ БОЛИ (а немаше да е така да не не исповреѓаа нас), а Ибраими се покажа и докажа не само денес, туку и вечерта со Хрватска. Немав ништо против нив ни како народ ни како навивачка група, ама ќе се прашам од денес. Е сега и знамиња грчки и скопски бановини нека собираат и нека се пакуваат за назад. Е нека пукнат, најмило ми е што ги победивме, зошто многу навреди заработивме ние Македонците (не знам ни сама зашто) покрај навредите кон Албанците. Чим тие така, ние вака. Поздрав и среќен пат, хах.

    А, и значи балканска работа, особено ние бивша Југославија земјиве кој од кој и кој со кој секакви проблеми си има. Просто нејќеме да се видиме едни со други во глобала, со исклучоци маали.
     
  7. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Па добро, против Хрватска и не се покажа баш клучен голот. :lol:

    Честитки за победата, нека се множат! :)
     
  8. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ова со знамето, од страна на србите не го очекував. Иако јас си имам отсекогаш некоја антипатија кон нив, ама ова стварно на ништо не личеше. Нека се засрамат за тој потег :puke:.

    А инаку, честито нека ни е победата. Вредна е богами, оваа победа е многу вредна за нас. Не знам што ќе биде во останатите мечеви, со оглед на тоа што противниците не се воопшто за потценување ама за тоа понатаму...
    Јас пак сметам дека најдобра беше играта која ја прикажавме на Максимир во Хрватска, ах тоа мораше да биде победа за нас. Секако и ова беше солидно, со оглед на тоа што игравме без два значајни првотимци. Србите ептен млитава игра, си го заслужија поразот!
    И да, малку се разочарав од потегот на Пандев во петокот. Во случај да беше тоа намерно добивање на жолт. Зошто Горане, зошто? :( Не сакам да ми се одмилиш ама немој со такви постапки повеќе.



    Победивме за Тоше, на најтажниот ден во годината.
     
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Оти треба со Наполи да игра многу важна утакмица .... поважна од оваа вчера што се играше , оти со Наполи ако победи тамо е чекор поблиску до титулата , а ако се истроши вчера со Македонија пак ќе си остане на 4то место во групата ...


    А за вчера не ја гледав утакмицата али гледам сме дале гол од пенал и црвен имало , младичот Ибраими се истакна во неколку утакмици , ќе го биде :D

    И да немојте поради 50тина дивјаци да ви го сменат мислењето за Србите
     
    На BlackSwan5, rossonerka и pamelche им се допаѓа ова.
  11. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Поради една група несозреани Срби неможеме истото мислење да го имаме за сите, но сепак тоа од нивна страна беше многу глупо провоцираат само и со тоа прават да ги мразиме уствари никој не ги ни сака нив прочитав коментари каде што пишуваат демек зашто се чудиме што ни извадиле Грчко знаме кога сме биле помеѓу првите држави кои го признале Косово, но тоа нема врска и самите знаеме дека повеќето Срби не не сакаат нас Македонците. И гледам сега колку нашиов народ се гордее со тоа што Ибраими дал гол го величат незнам ти што а до вчера тие истите луѓе на трибини извикуваа мртов шиптар-добар шиптар, а сега браво за Ибраими, бравооооо мило ми е што он даде гол бравоооооооо :fubar: по ова се гледа нивната малоумност, час на оној, час на оној се поклонуваат -.- па стварно мислам дека некогаш се срамам од мојот народ продадени душички...
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    A што те срами Inhume народот? Па две реченици погоре пиша по една несозреана група да не создаваме мислење за цел народ. Во вториов случај за Ибраими е баш така. Ибраими е индивидуалец кој игра со срце за Македонија, албанец е, шиптар како и да го викаме, дел е од оние од кои сме пателе и сме воделе војна, но тој не мора да се поистоветува со таа заедница и да го ставаме во ист кош со непријателите.
    Албанците знаете што пејат, пцујат и какви транспаренти осамнуваат на натпревари меѓу албански и македонски екипи? Ако не знаете тогаш ќутете зошто се пее клетите шиптари.
    Ништо не е без причина.
    Тој што прави добро со добро му се враќа.
    Тој што прави лошо со лошо.


    Свиркањето на химната е апсолутно непочитувачки.
    АМА навивачите се посебна категорија на луѓе, не размислуваат на кој начин да се одмаздат за некоја неправда.
    Дојдоа српските навивачи со зборовите ќе тепаме во Македонија, ќе ги тепаме албанците, ќе направиме нереди, затоа и натпреварот беше натпревар со висок ризик, па уште и вадат знаме на наша трибина од државата која не не признава.
    Или ќе ги истепавме или опцувме или исвиркавме, нешто ќе направевме кога сме илјада пати побројни од нив.
    Ни тие ни ние не сме фер, тоа е тоа.


    Кога одевме на Европско првенство во Србија на ракомет отидовме со толку добри намери ние како навивачи, се здруживме во Ниш, се шалевме, пиевме, пеевме, заедно навивавме и тоа беше двострано.
    Ако отидеме ние сеа во Србија со косовско знаме и со негативна енергија и добиеме свиркање дал ќе е неправедно? Нема да е, нормално ќе е.
    Значи како ќе се поставиш таков и третман ќе добиеш!

    Пазете што прават босанците во Грчка :)
    http://www.youtube.com/watch?v=YS0bcIHu ... r_embedded
     
  13. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Јас си го кажав моето мислење само, ме срами ПОНЕКОГАШ значи кога ќе си ги кажат глупостите ни крај ни ред не им се наоѓа, до вчера Хрватите не ги сакаат усташи биле, сега па Србиве, па плукаат по Бугарите, по Грците а да им подадат нешто веднаш ќе се свртат кон нивна страна, е за тоа ме нервираат и затоа реков така ,а со ова со Босанциве што мислиш ти дека тие многу не сакаат нас , пукнале за нас само за провокација извикувале и што со ова демек среќни сте нешто бре бре извикувале Македонија и што дека?!? Што се палите толку на ова -.- ај не се потресувајте
     
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Прво Македонија, па Македонци, па Туркие Туркие па Ангела Меркел па пак Македонија :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Босанциве се луди бре, поштовање :rock: ...
    Ох како се изнасмејав :lol: :D
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Никој не се пали бре девојче.
    Тоа е само еден смешен клип.
    Ти одиш ли на натпревари?
    Си страствен навивач?
    Разбрете дека навивачите се посебна категорија, провоцираат денес, утре пијат заедно и се радуваат со провокаторите, денес пцујат, утре ги опеваат, денес едни им се херои, утре други.
    Јас не знам што фаќате при срце.
    Значи едноставно оставете ја таа категорија на луѓе да оди да си навива и притоа да се опушти па низ песна се да си каже кој им смета, што мразат, што сакаат. Дозволено е се во границите на нормалното.
    Има и казни за претерување.
    Ама луѓе оладете со анализа на навивачите, смешни сте :)
    Најинтересно е што секогаш критиките за навивачи се од луѓе кои или никад или на прсти се брои колку пати биле на натпревар.
    Штом го немаш тој борбен дух не критикувај нешто што го немаш во себе.
     
  16. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Не одам не сум ни страствен навивач и што сакам јас ќе правам дали ќе критикувам или не е тоа е мое право и нема што ти мене да ми кажуваш што да правам, што сакам ќе пишувам.
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Оваа провокација на Србите не им е прва, и не дека нешто имам против народот, ама јасно е дека ние како народ им се пикаме, а тие ги претпочитаат Грците пред нас - факт. Плус и политичкиот проблем со црквата... муабетов е веќе политика, но ја мешаат на натпревари.

    Требаше ние да вадиме косовско знаме? Нема смисла... А да го напраевме ние тоа коооојзнае каков скандал ќе беше познавајќи ги каков народ се, драматичен и секогаш спремен за дешавки. Ама да, тие се браќата Срби што многу не сакаат, комшии први сме и не смееме ради група 50 дивјаци да го менуваме мислењето за нив... па никогаш и немав нешто позитивно и да, ќе мислам лошо за народот кој мисли за мојата држава дека е скопска бановина и ми вади грчко знаме. И ова не е врз база на настаните на натпреварот, туку и други претходно. Значи не е првпат.

    Тоа е, навивачи како навивачи провоцираат многу нормално, ама тие провокации не се за џабе да знаете секогаш има барем малце вистина во нив и не е добро кога преминуваат во политика и кај што се удира кај што највеќе боли. Има разлика од пцовки, вулгаризми кои паѓаат на секој меч тоа се стварно несериозни работи кај што ги има сегде и има разлика од мешање политички проблеми - баби и жаби. Е тоа веќе треба да ни кажува нешто ;)

    До кога пусто Македонче ќе мисли дека многу го сакаат, оф. Ја сфаќам да имаш роднини таму или едниот родител да ти е Србин, половично и слично, ама јас имам другар таков пример што на утакмицата навиваше за Србија, и на фб стави грчко знаме (каооо демек провокација) и слика од нивната репрезентација и знамето. И тоа е за поздрав? Па и дечко ми е пола Србин па нејќе да ги види бре, зошто да сакам некој што не ме сака мене. Никогаш.
     
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Пријателска или официјална, водиме 2:0 на полувреме со Словенија. ^_^
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Битно победивме, и битно е да продолжиме да победуваме. Коенциденција или не: Пандев не игра на последните две утакмици и ние издвојуваме победи а кога играше тој или нерешено или поразени бевме... (се шалам-ама во секоја шала има и пола вистина :P ) иначе мило ми е што селекторот им дава шанса на младиве момци и експериментира мислам дека фудбалскава репрезентација допрва ќе блесне особено со овие момци кои допрва треба да заиграат за репрезентација а моментално играат во онаа до 21г. Времето на македонскиот фудбал допрва доаѓа, ќе блеснеме на некое наредно европско или светско првенство. Да ми го памтите зборов!
     
  20. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Полска 4:1 Македонија....
    Бидејќи Јаневски имаше повикано фудбалери само од македонските екипи, едно ќе кажам:
    На овој натпревар реално се виде колку ни е квалитетно домашното првенство, колку се „квалитетни“ најквалитетните играчи кои се истакнале во своите тимови па му го привлекле окото на селекторот,
    каква репрезентација би имале ако не се интернационалците....

    Натпреварот нека биде како поука за тренерите и клубовите и играчите колку многу треба да работат за нашата репрезентација да е на солидно ниво и со домашни играчи не само со оние што напорно работат и успеале да си го најдат местото во квалитетните европски клубови и лиги.