Во серијава се зборува за Мелиса која е локална политичарка и ги чува своите внуци (незнам поради која причина беше) и и треба помош во нивното одгледување.Тогаш го вработува Џои кој е дадилка на нејзините внуци. Мене ми е интересна серијава и ја следам на фокс лајф...ја даваат во недела во 21:00. И да додадам дека Џои ми е многу Спојлер сексоповикателен
Баш ја ставив серијава во темата препорачајте интересна серија. Баш ја засакав, Мелиса многу ми е мила, има некоја неверојатна харизма. Инаку ги чува децата бидејќи мајка им e во затвор, а татко им е бегалец поради проневера на пари. Децата се преинтересни, Ленокс ми е многу симпатична и паметна Првата сезона има 30 епизоди, а втората ќе се емитува во 2012. Топло ја препорачувам серијава за љубителите на ситкоми.
Мене па ми е досадна. Имало некои епизоди кои биле така поинтересни ама повеќето не ми паѓаат во око за да ги гледам.
Јееејј најдов темаа!!! Мноогу ја сакам серијава, ненормално се смеам! Ја гледам на Фокс Лајф. Вчера епизодата што беше со овој јапонецот колку беше смешна Врв ми беше кога Џои ја учеше Мелиса некои јапонски зборови, и и вика дека мило ми е што се запознавме е хаџиме маште, и Мелиса вика: Hadzime mashe, uh i can say it serious: Hadzime mashte. Or i can say it happy:Hadzime mashte! Or i can say it like Yogi Bear:Hey,hadzime mashte BooBoo! ВРВ! Еве видео одете на 1:53 http://www.youtube.com/watch?v=vOV4bRhiXR0
Тие двајцата како пар започнаа да глумат уште во Филмот "My fake fiance".Погледнете го ако имате прилика, навистина е интересен.И Џои таму некако ми е посекси Спојлер
Мене ме нервира малку што во втората сезона е Спојлер како ништо да не се случи помеѓу нив на крајот од првата. Исто си се понашаат, а требаше барем малку да има акција.
Многу, многу го тупат на Фокс со серијата, мене ми е ептен досадна и не ми е смешна ич. А пак таа рекламата уште еднаш ако ја дадат ќе се самозапалам, во сон ќе почнам да ја кажувам .
Ја обожавам! Со душа чекам да се заврши втора сезона и да ја симнам. Првата? -30 епизодчиња. Милина!! Ја изгледав цела за еден ден. Вторава, мора нешто да се случи понатаму, некоја искричка меѓу Мелиса и Џои. Нема да биде финта инаку.
Ја гледам на Фокс Лајф кога ќе видам дека ја има на распоредот. Интересна ми е, една од подобрите комедии. И филмот со актериве ми е гледан, значи совршени ми се ко пар.