Ако ги спојат Мел и Џои ќе биде крајот на серијава. Вака интересно е, има хемија меѓу нив, никој не признава и сто пати се поинтересни вака отколку како пар. Најверојатно кога ќе заврши ќе биде на тој начин, ќе сфатат дека се еден за друг. Но, нека си продолжат и понатаму вака со повеќе сезони, уникатни се.
ПРЕУБАВА ми е серијата. Ја гледав на интернет и првата сезона цела и втората, а веќе во преговори се да се сними и третата. Со душа чекам да почнат да снимаат и да ја даваат. Како да подслушнав/прочитав дека на пролет ќе почнат да ја даваат третата сезона.
Леле сури сега ја гледам темава за серијава, шејм он ме . Предобра серија. Заедно со Жешко Во Кливленд ме смеат до солзи. Мелиса ми е омилена во серијава со целиот нејзин сарказам и глупости што ги прави, и нема рамен. Со Џои ми се супер пар, а и си одговараат. Се на се одлична серија. Епизодите ги имам гледано по 100 пати и уште по толку да ги гледам пак нема да ми здосадат.
Ја гледам серијава на FoxLife и интересна ми е,а особено Џои. Ама Мелиса мн ми е чудно да ја гледам во серијава,бидејќи ја памтам како Сабрина(Sabrina the teenage witch).
Прекраснаа серија.. многу ми се смешни особено Мелиса Џои е Многуу го сакам! Инаку ги чува бидејки сестрата и зетот се во затвор
Го има ли онлајн овој филмов, My fake fiancе?А, ако го има може ли линкче? Иначе серијата со Мелиса и Џои е предобра, ептен позитивно ми влијае. А Ленокс ми е срцка, а и многу убаво се облекува.
прејака серија! многу ми се интересни Мел и Џои, се осеќа хемија помеѓу нив башка Џои е мачор и пол, камо мене онаков бебиситер да ми шета по дома
Ја започнав прва сезона, не е лоша очекував искрено многу подосадна да биде. Содржината очекував да биде по cheesy, но мене ми е симатично тоа што сите заедно живеат. Мелиса Џоан Харт, одсекогаш ми била ептен слатка и харизматична уште како Клариса и како Сабрина. И Џои не е лош, на сликите што се постирале малку педерастичен ама у серијата е по менли Да уште од сеа се осеќа дека има некоја хемија меѓу нив, а до 5 епизода сум стигната само. 30 епизоди во сезона 1? Јухуу, супер 3-4 дена ќе има што да се гледа Па сезона 2 и наскоро читам сезона 3. Допадливи ми се и децава, и Ленокс и Рајдер(имињава им вриштат) Спојлер На ова се изнасмеав
Почна 3тата сезона. Не беше нешто посебно епизодава, ама берам почнуваат двајцава смотаници да сваќаат дека има нешто а не да го кријат. Симпатичен ми е новот дечко на Ленокс. http://thepiratebay.sx/torrent/8519909/ ... _x264-2HD_[eztv]
Никој ништо не коментирал, а заврши сезонава. Како ви се допадна? Мене до последната епизода ми беа работите досадни, предосадни би рекла, и тамн се заплаткаа работиве и последната беше топ, се врати Остин, расипа работа. Вајда 4тава ќе биде задња, искрено мене ми здосадија со нивново топло-ладно и дури и премногу се 4ти сезони, но барем оваа да биде последна, не можам да гледам уште една година иставо напред назад, што беше доста, доста беше.
Ја преполовија 3 сезона,сега ќе чекаме 100 века за да заврши.1 и 2 сезона ми беа забавни и интересни,ама 3 веќе ми здосади,а и цело време бев во исчекување да се деси нешто меѓу двајцата,и на крај Мел почна да се предомислува. Се надевам ќе ја опраат некако,оти ќе ја прекинам. многу е згоден,ептен
Ова беше најдобрата епизода до сега во цела серија. Ем се згазив од смеење, еме се си дојде на ред, фајнали. Многу љубов има во серииве во задње време, многу љубов,убаjни... Спојлер Плус екстра добри беа Ленокс и Рајдер, се згазив од смеење. Спојлер Добра епизода, kлише,мише, ова она, ама добра :up:
^Алал да ти е што потсети,ќе си ја заборавев серијава,дека одамна немаше излезено епизода.. Спојлер Колку ми е мило за Мел и Џои,после 3 сезони конечно се деси.What took you so long,people? Забавна епизода,сега ме интересира како е тераат следните,ама не сакам да заврши,одлична е за исполнување на времето. Овој е најмомент во цела серија..