1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mесен леб

Дискусија во 'Рецепти' започната од wolf4e, 19 октомври 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    девојки знаете да месите леб? јас врска немам од месење ништо,и ваму од кога сум дојдена,немам каснато месен леб :worried: како ми недостига вкусот на месено лебче,топло со сиренце и патлиџанче :D ако знаете како се меси,пишете како
    ако не ви се допага темава слободно избришете ја
     
  2. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    38
    Еееее зашто сега вакви работи правиш волфче...Немам јадено 1 година и повеке сакам и јааааас ама нема кој да ми направи :( најмногу го сакам тој во фурна што се пече,што го викаат селски леб ама нема :(
     
  3. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Јадам многу месено лепче ама нема кој да замеси :( досега немам месено а имам гледано како месат :lol:
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.436
    Допаѓања:
    201.014
    Пол:
    Женски
    Основен рецепт ти е квасец, брашно, вода, малку сол и шеќер. Ни јас немам месено досега, само сум гледала како се меси. Инаку, прво го раствораш квасецот во млака вода со малку сол и шеќер и го посипуваш со брашно, па го оставаш да кисне (препорачливо е свеж квасец). Во подлабок сад или на рамна површина истураш кило брашно, правиш дупка во средината и го истураш квасецот. Додаваш вода да се замеси убаво меко тесто, ама да не е многу лепливо (мајка ми ми вели, „меко како ушната ресичка“ - тоа ми е репер какво треба да биде тестото за леб и пецива). Го ставаш во набрашнет плех, тава или во што и да го печиш, го оставаш на топло да кисне. Може и да го премесиш ако сакаш, некои така прават, ама мене ми се чини дека многу тврд ќе дојде така. Но не знам, немам искуство за тоа. Мајка ми не го премесува, а баба ми го премесуваше - од баба ми лебот секогаш беше потврд. Кога ќе искисне убаво, се пече.

    Инаку, имам роднини кои правеа порано специјален домашен квасец за леб и кога ќе ни донесеа дома од тој леб, не можев да му се изнајадам, ми беше преубав, иако мирисаше ептен специфично. Исто, има уште еден леб кој кај нас во Охрид се прави за Божиќ и Велигден и се нарекува маја - во него се става квас направен од наут или слануток, и е доста калоричен леб, со карактеристичен мирис, ама исто е многу вкусен. Криво ми е што повеќе никој не го прави тој квас маја, мајка ми не научила, ниту пак јас. А имам забележано дека го прават во некои пекари во Охрид, ама не е тоа она вистинското.
     
    На didi1982 и wolf4e им се допаѓа ова.
  5. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    5.858
    Порано и помагав на баба ми во месење. Она ќе го стави квасецот, брашното и се друго што требаше и јас ќе почнам да месам и она довршуваше. Ми беше убав лебот додека беше топол. Со сиренце, саламче и маргарин знам дека го јадев. Само што ќе го извадеше баба ми од релна јас брзо го земав маргаринот и мачкав внатре. Мајка ми не меси леб, но меси кифлички. За некој празник Бадник мислам дека беше, баба ми ни правеше на внуците па и на комшиите помали дечиња што имаа, лепче во форма на кукли. За машките правеше машко дете, а за нас девојчињата правеше девојчиња - кукли. Ги шараше со вилушка и со нож. Им ги правеше очите, устата, носот, косата па и дел од облеката. Интересни беа и многу ги сакав.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Незнам да замесам лепче, ама го обожавам. Кога ќе отидам кај баба ми таа постојано има топличко месено лепче од фурна извадено. Јас кога е топло го јадам со шеќерче си макнувам и ми е највкусно, а морам да напоменам и дека ова домашно лепче од фурна ми е многу повкусно од она од продавница што го земаме :)
     
  7. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    домашниот месен леб е поубав од купечкиот.мене мајками така за некои празници меси леб мммм
    ама не секој ден :( (ќе се потроши брашното ако месиме секој ден ) :lol:
     
  8. Nefertiti

    Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    девојки најсигурна пекарска репцепта за леб:

    1 кг брашно тип 400
    600 мл вода ( млака )
    1 коцка свеж квасец ( се става во 50 мл вода и една лажичка шекер и две лажички брашно, се остава да ферментира )

    Од брашното се остава мала количина, а во останатот се додава лажица сол, стасаниот квасец и водата.Сето тоа добро се замесува, ако имате проблем со месењето за да ја направите смесата компактна се удира тестото од масата ( секогаш е успешно :))) ).Се остава покриено во топла просторија да стаса еднаш.После тоа се размесува и повторно се остава да стаса но овој пат веќе оформено и спремно за печење.Откако ќе стаса вториот пат се пече на 220 степени целзиусови во претходно загреана релна во подмачкан плех со зејтин.
    ОВОЈ РЕЦЕПТ Е ПЕКАРСКИ И НЕМА ШАНСИ ДА СЕ УТНЕ (ви гарантирам пошто појма немам од месење а секогаш ми успева лепчето )
     
    На Antebellum и MacenceEna им се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Не знам да месам, но свекрва ми ми вети дека ќе ме научи :D
    Па кога ќе научам, ќе ве викам на топол леб.
     
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сум месела два пати, ама кога бев помала :) Убава идеа ми даде за деновиве....ќе ги засукам ракавите хаха
    Инаку баба ми прави лепче и баница под вршник, незнам дали сте пробале ама дефинитивно е преубаво ммммм (зашто бе по сабајле со вакви теми, коа ќе ми текне дека јадев интегрален ориз тешко ми паѓа хаха)
    Се зезам на место си е темата ;)
     
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    А што се прави со таа мала количина? Се додава по потреба или за што е? Мислам да ја пробам рецептава, па ми требаат детали :)
     
    На avita му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ^
    Највероватно кога ќе го месиш лебот да не ти се лепи тестото за масата и да додаваш брашно.
    Бидејќи рецептов е сосема точен, вишокот брашно би требало да е само за таква намена :)
     
  13. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    69
    јас немам време да месам леб ама многу сакам да јадам месен леб и на дрва печен со сиренце мммм
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.410
    Допаѓања:
    91.341
    Пол:
    Женски
    Месев пред некој ден и отрилика си ставав вода и брашно. Ама се погоди ептен. Ме бива бре за домаќинка :D
     
  15. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    Јас знам да месам ама има полесна варијанта купете си масинкла за месење ем нисто не работите (таа се сама си прави) ем лепчето преубаво мириса дури се пече а и многу е вкусно за јадење (па уште топло кога ке го извасдиш ммммм)
     
  16. nataliaaa

    nataliaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    значи и машинка има???????јас прв пат слушам е добро измислиле !!!колку пари е и дека може да се најде?
     
  17. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    od 4000 denari pa nagore a moze da se najde vo prodavnici za bela tehnika (ima i recepti za sekakov vid leb) vredi za parite
    ima recept za rzen, dietalen, kolac, isl.
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    АХХХ топло месено лебче со ајварче сиренце ах ах мммм....
    Ми фали месеното меко лебче на мајка ми (оддамна не месе веке :( ) а најмногу ми фали на баба ми...еххх бабиче додека ми месеше беше најсреќна кога ке ме видеше дека слатко си појадувам топло лебче а сега....ми те нема повеќе ;(
     
  19. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    јас знам да месам и месам бар 1-2 годишно....најчесто за бадник :D тоа со паричката :)
    ама незнам како е рецептата, мама ми е ментор кога месам и таа кажува мерка за сите состојки :lol:
     
  20. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Не знам да замесам леб, ама мамичка по некогаш кога ќе ме изненади со месено лебче ммм сега ми се пријаде, од дамна немам јадено.