и јас незнам,не научив сеуште,а сакам за бадник да замесам со паричка,ама не верувам дека некој ке дојде да ми помогне би пробала сама,ама сигурно ке ставам во поголема количина
Jе је успеав да направам направив за божик по рецептот на анатан ,многу убаво испадна за првпат денеска сакав пак да направам ама уште празници било,така ми рекоја п.с ми се исполна желбата да јадам со патлиџанче и сиренце
сум месела еднш два пати појма немам колку не беше кој знае колку за фалба,ама бре селки е пак е убав ах сега како ми се јади
Ахххххххх месен леб...Јас незнам да месам,се надевам дека во брзо време ќе научам...Мојата идна свекрвица меси цело време и кога ке отидам кај дечко ми неможам да се изнајадам...
лелел многу го сакам, и да се пофалам дека знам да месам, уште од 11 години бабами ме научи да месам леб ама сега кај свекрвами си купуваме леб, ама кога ке отидам кај мајками се прејадвам, дури си земам и за дома а да замесам деновиве па да ми дојдите на гости а???топло лепче со маргарин и сиренце, мнјамммммм
не е тешка работа, замесуваш брашно, со еден квасец, малку сол,шекер, и ставаш да скисне тестото.кога ке биде готово, на набрашнета маса развлекуваш кора, ама подебела не како за кифли,ја виткаш како ролат и печиш во загреана рерна,на 200 степени околу еден час, а исто може да стави тестото во тепсија и така да се пече.кога ке се испече го завиткуваш во крпа, оставаш малку да олади(што би рекла бабми да си појди кај мајкаму) и си јадиш
Еве јас...како не ја видов темава порано... сега следува рецепт за леб ама само ако не месите 1кг брашно, едно мало лажиче сол, една голема лажица мед или шеќер, пола свеж квасец растворен во малку млака вода, три лажици масло и 650 мл вода. Сето се меса се меси убаво ( тестото треба да е многу меко) и го оставате да стаса некаде половина час на топло. После тоа правите од тестото форми на леб, без притоа многу да го малтретирате тестото... и така формите ги оставте пак да стасаат пола час...на крај печите на 180..тереба лебот убаво да се испече...( не знам колку време, одприлика вие ќе процените дека е готов) Рецептов ми е од Jamie Oliver... истиов го користам и за тесто за пица со таа разлика што ставам третина квасец и стасува само еднаш... Ајде домаќинки земајте брашното, ставајте престрилката и на месење... Сега се сетив кога за прв пат месев нешто кај мојата свекрва кога бев на гости...леле луѓе кога ме наоружа со престрилка, па ми ја собра косата во една капа... па долу после некои чаршафи да не се растурело брашно..... си помислив ....ох што ми требаше...сега и никогаш повеќе ....
јас кога го месив мојот прв леб, на 11 години, бабами им подели на сите комшивки фалејки се дека внуката го месила
Домашен леб Јас го обожавам домашно замесениот леб. Еве овде може да споделеме рецепти, совети. Се во врска со домашното приготвување на леб.
Домашен леб Ние често месиме, купениот не е веќе толку вкусен како порано а и скап е, ма да и брашното не е ефтино. Секогаш кога месиме леб си одвојуваме од тестото и правиме панцероти со кашкавал и шунка, сирење или димено суво месо,пица или пастрмајлија, кога немаме толку време само мекици. Некоја посебна рецепта нема, обично користиме брашно по потреба, колку ќе замесиме толку
Домашен леб Многу сакам домашно месено лепче па уште печено во шпоред на дрва - мераци Во последно време ја тормозам свеки да меси од ржано брашно (црно брашно) и додавам семки од овес, сончоглед и семки од тиква, преубаво е. А сега е ставена на тест од пченкарно брашно . И тоа е многу убаво. Се прават исто како и лебот од бело само се става црно или пченкарно брашно и пола чаша бело брашно, сол, шеќер, квасец и топла вода. (не измислувам јас Тинекс е крив, им ги обожавам нивните лепчиња а свеки намалува масноќа во крв , качена и е )
Домашен леб и јас си јадам домашен леб поготово кога ке одам кај баба ми, таа прави стално зашто купечки леб не јадат и го пече во фурна мммм
Домашен леб Мама не меси леб, бидејќи нема многу време, ама затоа кога ќе отидам кај дечко ми, ммм таму си јадам посебно кога е топол е тогаш сите веќе знаат дека го сакам крешничето и секогаш мене ми го даваат
Ние често си месиме леб, па и дека на дрва се топлиме превкусен е. За да не ви изгори долната страна од лебот печете го на хартија за печење, а при крај ставете и од горе од хартијата. Така кората е тенка и мека. Мајка ми е мајстор за леб.
ај да ми кажете каде гресам со лебот,кората ми е тврда.а свеки ке оде на гости 3 месеци во странство па нема кој леб да ми меси
Кога го ставиш да се пече го боцкаш одозгора со вилушка или нож? Кога го извадиш од печење само покри го со крпа така да се олади а потоа стави го во најлон кеса. Кората може да е и тврда ако добро не го умесиш лебот
Ние комплетно се префрливме на месен леб од пред еден месец, благодарение на апаратчето за правење ллеб - лебоправач, лебопекач, како и да се вика бредмејкер на македонски. На малиот не му се допаѓа, ама ќе се навикне . Па и не мора да јаде многу леб, претеруваше претходно. Сега за сега опцијата со семки не ни излегува како што треба, па уште ги тестираме различните типови брашно - јачменово, 'ржано, пренкарно, интегрално пченично...
Ние најчесто јадеме месен домашен леб. Купуваме само во лето и кога ке го потрошиме. И нема послаток леб од свежо испечено топло, меко лепче.
Сакам, сакам месено лепче сегааааа Многу сакам да го јадам, а дома не правиме, значи само кај баба кога ќе отидам Она редовно си меси А колку само го сакам кога е штотуку изваден и топол, мек.. мх мх хмхххххх