ммм обожавам месено лепче,додека е топло кога мама ќе го извади лепчето од рерна сите трчаме да си земеме многу ми се свиѓа и лепчето што го прави со суво грозје,благо лепче
Eве јас сега замесив и го оставив да се кисне,но тестото некако ми испадна како гума или мене ми се чини првпат да ми е вакво потврдо појако,ај после ке видам како ке испадне
Вчера прв пат месев лепче...и тоа со паричка, за вечер, а по упатство на една феминка (INSIDIOUS) и добро прочитана тема . Кога го извадив од релна ми се виде тврдо, ама сега гледам омекнало. Со повеќе информации вечер...
Значи добрар испадна вака на лика беше убав и крцкав од надвор а мек од внатре. Генерална проба завршена, попладне ќе месам со паричка јеееееееееее
имам правено 2 пати...брасно малце сол и малце секер и квасец со млака вода.....онака го направив потоа два пати го меШав кога ке станесе и потоа подготовка за пецејне...вака мама ме уцесе и убаво испадна..
А има и некој рецепт за леб во машинка за леб, правевме дома по еден рецепт ама нешто не испдна. Со готова смеса е многу убав лебот ама по маркетите во мојот град нема.
Што мислите за тоа во месен леб да се стават мали маслинки( со извадена коска која се вади со специјална машина) оригано, и екстракт од домат?? Да има вкус нешто слично на БејкРолс
Денес ќе месам пченкарен леб со малку јачменово и пченично брашно од полно зрно па ќе кажам како испаднало .
Лебот испадна прекрасен само му требаше многу повеќе брашно него во рецептата така да некаде испадна 1000 гр мешано брашно и 550 мл вода. Раскрстив со леб од продавница од сега сам ќе си печам, прсти е да излижеш
Дали некој знае да ми напише рецепт за месено лепче (погача) со сода бикарбона - излегува жолт. Дали се става квасец? Дали 2 пати стасува и.т.н.? Обично се прави за да се јаде заедно со домашна пача.
Хмен, блазе си и на жената што ќе те земе Денешниве одвај знајме асолен ручек да зготвиме а па маж да месе леб... браво!
Одлична идеја, инаку има маслинки со веќе извадени семки, има црни и зелеи, зелените обично ги полнат со црвен лупен пипер. Можат да се купат во Веро, Тедико но и на Зелено пазарче ако сте од/во Скопје.
Порано баба ми секогаш месеше,и го печеа во фурна по стар начин,така испечен го вадеја од фурната на едни ко штици.Мала бев тогаш не се сеќавам баш најдобро.Иначе фурната ја имаше изѕидано дедо ми и сеуште стои.Сега за жал купуваме леб.Но немате појма колку е вкусен домашниот леб..мммм па така само со сиренце мх мх
Го видов овој рецепт. Ова е стандарден, универзален сигурен начин за месење леб. Месењето леб нема некоја филозофија: брашно, топла вода, квасец, малку сол и вода. Тоа е се`. По желба може да ставите малку масло или путер. Мене така ми е помек и повкусен. Понекогаш ставам р`жано или шченкарно брашно. (70% да е бело брашно.)
Девојки, да ви се позлати форумов Сум печел лепче повеќе пати но има многу добри совети. Како на пример, да ставам пекарска хартија и одозгора пред да биде лепчето готово (thnx). Тестото го поделив во два дела, пола го печам сега а, пола ќе го печам утре. Утре си ги земам децата и сакам да им испечам топло лепче за доручек Моооооооооогу сакаат кога им месам леб. Оваа тура ја поделив на 3 дела од кои еден не го замесив по втор пат, колку да видам каква ќе биде разликата. Овој пат не ставив сусам одозгора. Многу ми прави ѓубре по дома а денес се отепав од чистење Леле почна убаво да мириаааааааааааааааа на лепче печенооооооо