Секако дека може да се пече со хартија за печење. За да биде меко може после печењето, веднаш штом се извади од рерна да се попрска со многу малку вода и да се покрие со крпа.
Во последно време не купувам леб, си печам сама. Инаку печам интегрален леб, и му ставам семиња од горе. Преубав е, и само со едно парче сме најадени. Еве и сличе од моето лепче:
Секако 500 гр интегрално брашно (јас го земам тоа во Кам што се продава) - ако сакате да е малку побел измешајте го со бело брашно 1 пакетче сув квасец 1 лажичка шеќер, кафеав шеќер или мед (по избор) 1/2 лажичка сол 1 лажица маслиново масло (може и обично) 300 мл млака вода Прво го активирам квасецот во топлата вода заедно со шеќерот. По неколку минути тоа го додавам во брашното, и ги додавам сите останати состојки. Замесувам тесто, и по потреба додавам вода ако е многу суво или брашно ако е многу лепливо. Тестото го месам околу 10-15 минути, правам топка, го премачкувам со малку масло да не фати кора, и го оставам покриено со кеса и крпа да стаса. Кога ќе наасне тестото (околу 1 саат), го премесувам сосема малку,го виткам како ролна и го ставам во калап за леб. Ако немате калап, направете си форма по желба (како топка или како класичен леб). Ко покривам пак и чекам уште еден саат да нарасне, и така нараснато го печам на 200 степени околу 45 минути. Пред да се стави во релната можат да се стават семиња од горе (сончоглед, овес, сусам... тоа што ви се наоѓа по дома). После го вадам и го оставам да се олади барем 2 саати. Инаку за леб користам силиконски калап од Џамбо, ама има и тефлонски, стаклени, керамички итн. Ако планирате да си печете дома леб, купете си такво за да не му се мислите за форма на лебот.
decki me interesira dali integralnoto brasno e isto kako rzanoto.potocno koa mama napravi leb od rzanoto bese mnogu tvrd e sega dali i od integralnoto ke bide tvrd?
Па не е мек како бел леб, во никој случај. Тие купечките да, оти што се не им ставаат во нив, ама домашен, ќе биде доста ронлив и потврд и со интегрално брашно. Од ржаното ќе е исто потврд. Ако се меша со бело брашно може да се постигне помек леб.
Како тазе домаќинка решив да научам да месам лебче... Се зезам Како тазе снаа која пази на исхрана решив да научам да месам здраво лебче пошо тука не се води мн есап за здрава храна и морам сама да се погрижам , а и сакам да научам Дали има некој рецепт за леб од ОРИЗОВО БРАШНО. Ако има би му била благодарна ако го сподели
добив на поклон апарат за печење леб па ако има некоја домаќинка да сподели проверен рецепт за вкусно и здраво лебче ке и бидам благодарна. исто така ме интересира за што се може да се искористи апаратот?
Не е ли многу еден квасец на пола кило брашно ? Јас ставам еден квасец на едно кило брашно и семињата го ставам внатре. Исто така ставам и сол 4 малечки лажички и шекер 2 лажички. Вака месам леб скоро 4 години и супер ми излегува. Брашното е интегрално, најчесто од Кам купувам.
На самото пакетче на сувиот квасец пишува дека е за 500 гр брашно. А свежиот, да... една коцка е за кило брашно.
Сув квасец оди во комбинација со пола кило брашно а свеж со кило, ако добро разбрав? Инаку преубаво лепчето што ти е ставено со слика и одлично објаснета рацептата па следно да пробам да видам дали ќе имам почетничка среќа. Досега бев на двопек ама сакам и сама да спремам домашно месено лепче.
Recept za mesen leb nogu ednostaven jas povekje zimoto pravam vaka sega 1-topla voda 1L 2-kfasec instant 1paketce ako go pravis zimno vreme stavi povekje ne stete 3-sol po vkus 4-panko 1paketce Podgotovka Go mesis testoto so site sostojki vnatre ako ima potreba uste malu brasno stavas go ostavas da kisne saat vreme potoa povtorno go razmesuvas so navlazneti race i go ostavas us 30 min go razmesuvas so malku brasno i koga kje napravis forma go ostavas na toplo us malku da se podigne i go pecis otako kje bide gotov go prskas so malku voda mu stavas ibicno kese i go pokrivas so krpa I gotovo taka lebot e mnogy mek i sladok Probajte