Ме интересира дали има влијание месечината во хороскоп врз карактерот на личноста? Инаку во месечина сум Јарец.
Знак: Риба Подзнак: Водолија Месечина: Вага бев мислам.. Имам многу читано на оваа тема (астрологија) ,си имам правено споредба со други хороскопски знаци и си ги знам скоро сите карактеристики на мојот знак. На фемина пишува дека имам релативно мало влијание од мојот подзнак, Водолијата. А чудно е што пишува за водолиите демек биле иновативни, создавале нови нешта а другарка ми која е водолија а и на мене не ни паѓаат такви идеи на памет. Иако некогаш така ни притекнуваат некои фикс идеи, имаме авантуристичен дух (она има поголем) ,додуше и јас би имала ама постојано се плашам од нешто,некој, да не ме открие итн итн. А она е сосем слободна и не и е гајле за ништо. Така да имам некои карактеристики на водолија ама емотивноста и сензитивноста од мојот знак Риби е секако неодминлива. За Вагите, значи за самиот знак пишува дека се неодлучни, ја сакаат модата, често имаат талент за пишување, сакаат убави и скапи нешта, се да им биде средено и слично.. Од сево ова морам да се согласам најмногу со првото, многу мразам кога морам да бирам помеѓу две - или уште полошо, повеќе нешта. Второто и третото се исто така точни за мене, четвртото па и не мора нешто да биде скапо за да биде убаво, ако е убаво тогаш не патам од тоа да биде 10 илјадарки.. Е за ова се да ми биде средено, баш не се согласувам. Сметам дека месечината доста влијае на нас како личности, ама сепак не толку како знакот и подзнакот.
Знак - Рак Подзнак - Вага Месечина - Девица Ова што го пишуваше за месечинава моја,скоро се ме погоди,во се се пронајдов
абе луѓе, а за родените во друг град кај да проверам? Дечко ми е роден во Гостивар, а Гостивар го нема на листата таму, како можам да проверам за него?
што е тука заникаде? па секој хороскопски знак си има и свои предности, и свои негативности. Без грижи, без грижи Нема место за паника. Се извинувам за оф топик.