Ама се ми е утнато според тој сајтот лунариум: Intuitive, imaginative, compassionate, romantic, easily influenced. Likes emotionally rich situations, enjoys being creative. Hates strict rules and discipline. Како па да не ЧД
Знак Бик, подзнак Лав и месечина Рак Се ми погоди, се Спојлер Caring, emotional, sensitive and intuitive. Likes to spend time with family, hates new unfamiliar surroundings. If you see a strong courageous-looking person, but you know that his or her Moon is in Cancer, take into account that the chances are that this person is vulnerable and touchy, even tender, and has a subtle understanding of other people's emotions. Whether this is a man or a woman, they probably worship their mother and have exceptionally strong emotional bonds with her. Moon in Cancer individuals need to have their own home, or at least a room, or at least a corner in a room, but only their own and not someone else's. They can be strongly (and irrationally) attached to certain items which they have important emotional associations with. There are very few people in the world who are really, really important for the Moon in Cancer, whom he or she considers as their own. Mother is number one, of course, and the kids, no doubt, but perhaps nobody else. Even a spouse can often be considered to represent more or less hostile outer world who cannot be completely trusted. Moon in Cancer people appreciate stable family life but often cannot create that stability and may even put their relationships under stress by constantly comparing the partner to their mother, and demanding from the partner mother-like care and concern. Emotional problems of the Moon in Cancer are easily reflected on the physical level, hence problems with digestion, breasts or stomach disorders. To restore his or her energy after a stressfull period, the Moon in Cancer needs to hide from the outer world in his or her home and to see only the most trusted and closest people. Moon in Cancer individuals can be superb parents, and a father with this Moon can be more solicitous than a mother, if she has her Moon in a different sign. But there is a negative side to this: this parent can easily spoil children with excessive care and concern, especially if the children are not naturally self-reliant anyway.
Месечина во овен Месечината во овен во наталната карта укажува на брзоплето и избрзано донесување одлуки и на инстинктивни реакции. Покрај тоа оваа личност може често да го менува расположението и да биде нетрпелива. Кога месечината е во хармонична позиција, тогаш личноста јасно ги изразува своите желби и потреби, независна е и многу активна, па поради овие способности успева да оствари забележливи резултати во работата и отворен и искрен однос во љубовта. Лошите положби на месечината во овој знак, укажуваат на неосновано упатување негативна критика, слабост и егоистично однесување. Месечина во бик Месечината во бик во наталната карта укажува на личност која во емотивна врска се впушта со одредена доза на внимание, па и сомнителност. Оваа личност може бавно да реагира и потешко да остварува подлабок т.е. отворен однос во љубовта, ама кога еднаш се заинтересира за некого станува многу пријатна и достојна за доверба. Во суштина ова е личност која бара стабилност и тежнее кон сигурност во љубовниот однос, но не ги изразува најдобро своите чувства. Во тешките аспекти на месечината, личноста може да биде многу тврдоглава, тешко се прилагодува и не e подготвена на компромис. Месечина во близнаци Месечината во близнаци во наталната карта укажува на способност за изразување чувствата на мудар и интелигентен начин. Оваа личност може да биде многу енергична и принципиелна и во емотивната врска се поставува рационално, смирено и умее добро да се прилагодува и да воспоставува контрола над ситуацијата. Кога месечината во оваа положба е лошо поставена, личноста може да биде со непостојана природа и да има променливи чувства со што остава лош впечаток кај другите. При добрите положби на месечината, личноста може да биде многу аналитична, комуникативна и мудра. Месечина во рак Месечината во рак во наталната карта често укажува на многу емотивна личност, која многу лесно може да заплаче штом ќе ја совладаат силни емоции. Настаните од минатото можат многу силно да влијаат врз неа во сегашноста и врз нејзините одлуки поврзани со идните настани. За неа е карактеристично силното влијание на мајката во детството, посебно во поглед на сфаќањето на моралните вредности. Поради застапеноста на поголема количина на емоции кои личноста ги внесува во сè што работи, постои опасност таа да не може доволно рационално да ги согледа нештата, особено кога месечината е лошо поставена. Месечина во лав Месечината во лав во наталната карта укажува на сензитивна, пријатна и пожртвувана личност, која е полна со живот. Со други зборови ова е личност со јаки и интензивни чувства, која зрачи со позитивна енергија и поседува необична харизма. Поради тоа, прилично е сакана во друштвото, а во љубовта може да биде вистински магнет. Присуството на хармонични аспекти на месечината често укажува на прилично среќна личност, која може да биде многу ефикасна, самоуверена и истрајна. Лошите позиции на месечината можат да укажат на претерана своеглавост, конфузија на чувствата, претерана гордост и чувство на поголема вредност и надмоќност. Месечина во девица Месечината во девица во наталната карта често укажува на личност која побргу би ги потиснала своите чувства, отколку да ги искаже. Оваа личност е срамежлива и ненаметлива и често поради тоа може да го одвлече вниманието од себе. Многу внимателно и вредно работи за да постигне добри резултати, а кога постигнува успех не сака претерано да се фали со тоа и громогласно да го искажува своето воодушевување. Таа работи со стил и скромност. Во случај на лоши позиции, личноста може да биде склона кон песимистично размислување и да има проблеми со самодовербата. Месечина во вага Месечината во вага во наталната карта често укажува на изразена потреба за љубов која на оваа личност ù е од суштинско значење во животот. Овие личности не се воздржуваат на отворен начин да ги изразат своите чувства. Емоционалните реакции се често добро усогласени со разумот, така што личноста во сите прилики најчесто остава впечаток на некој кој е урамнотежен и емоционално интелигентен. Кај поволните положби на месечината во вага, личноста достигнува несебична смиреност и спокојство, така што полесно успева да дојде до благосостојба и до некои наизглед недостижни цели, токму поради својата разбраност и мудрост. Кај лошите положби на месечината, изразена е опасноста од склоност кон меланхолично однесување, особено доколку постојат проблеми на полето на љубовта. Месечина во скорпија Месечината во скорпија во наталната карта укажува на тешко искажување на емоциите. Оваа личност е истовремено и многу страсна и многу ранлива, така што повеќе гледа да ги искажува емоциите на скриен и индиректен начин за да се заштити од евентуално емотивно разочарување. Тврдоглава е, поради што може многупати да работи на своја штета. Кога месечината во оваа положба е лошо аспектирана, оваа личност може потсвесно во љубовните врски да тежнее кон доминација што никако нема да ù се допадне на другата страна. Меѓутоа при присуството на хармонични аспекти, личноста кон работите приоѓа со голема количина на љубов и страст, а во љубовта повеќе е свртена кон остварување на долготрајна врска, отколку кон кратки авантури. Месечина во стрелец Месечината во стрелец во наталната карта често укажува на отворен, филозофски и многу позитивно настроен тип личност, независна и оригинална во размислувањето, која исто така го цени и мислењето на другите луѓе. Во љубовта ги изразува своите најдлабоки чувства на по малку резервиран начин. Кога месечината во оваа положба е добро насочена, тоа укажува на личност со изразена самодоверба и способност на сите неволји и проблеми во животот да приоѓа на еден многу рационален и храбар начин. Исто така во овој случај е присутен и огромен оптимизам со чија помош личноста успева да реши и наизглед нерешливи проблеми. Месечина во јарец Месечината во јарец во наталната карта укажува на личност која е резервирана и која не сака претерано со зборови да ги искажува своите чувства. Вредна и дисциплинирана, оваа личност има многу озбилен и зрел пристап кон животот, поради што често може да делува позрело во однос на своите врсници. Свесна е за своите квалитети и ограничувања. При присуство на лошите аспекти на месечината во јарец може да се јави песимистички поглед на животот, додека во случај на хармонични аспекти постојат нагласени можности личноста да биде голем авторитет или на добро платена функција на работа. Месечина во водолија Месечината во водолија во наталната карта неретко укажува на личност која ја привлекува сè што е невообичаено и несекојдневно. Таа себеси се доживува како доброчинител и како некој кој има потреба да застане на страната на послабите. Дури и како возрасна личност, настроена е кон бунт и сака да направи сè што е во нејзина моќ да ги смени работите т.е. во некоја смисла да ги подобри. Кога месечината е добро поставена, укажува на голема принципиелност и традиционално всадени вредности. Лошо поставената месечина укажува на тоа дека личноста на другите може да им делува ладно и недостапно, најчесто поради тешкото изразување на внатрешните чувства. Причината за ваквото однесување може да се најде во тоа што при присуството на лошите положби може да биде обесхрабрена и без доволно самодоверба. Месечина во риби Месечината во риба во наталната карта укажува на многу сензитивна личност, која често се раководи според своите чувства. Поради силното влијание на емоциите, оваа личност може да биде недоволно објективна. Врз нејзиното расположение влијае околината, така што врз неa можат да се пренесат негативните и позитивните чувства од другите луѓе.