1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mи ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

Дискусија во 'Канта' започната од meri91, 6 септември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. meri91

    meri91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    долго време бев сама и кога најнакрај најдов некој кој ми одговара се појави проблем :| :| :| заедно сме помалку од месец,тој е постар од мене 12 год.не ми пречи дури мозам да казам и дека ми одговара,но тој веке една недела како ја планира нашата свадба и праи список на гости :beer: :d: ....цело време само за тоа збори дека тој веке не е дете и дека му е време веке да има семејство,
    студирам во странство и не мозам туку така да се одказам само за да сум со него...навистина е многу мил и сакам да сум со него,но не сум спремна да лулам бебиња..... :D :D :D help please
     
    На Angie1432, stilas7 и Leonaaa им се допаѓа ова.
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    Срцко стварно сакаш на 19 години да се врзеш??? Ај за бебиња и не мора одма во брак, ке си почекаш малку, едноставно кажи му не сум сопремна а ако сакаш да си со него а некеш дечиња уште така кажи му...да почекате бар за тоа.
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    па едноставно ке му кажеш ... се знаете само еден месец нема да се земете само зашто него му е време!!! размисли и немој да згрешиш тој прво треба да те побара пред да прави списоци .... а ти како што гледам баш баш и не сакаш ... ако долго време си била сама немој со првиот што ке наиде да се земеш само за да не останеш пак сама ... тоа е работа за цел живот . :!:
     
  4. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    Уфф па штом е толку повозрасен од тебе нормално да размислува за брак.Но мислам дека малку време сте заедно и дека голема е разликата во години.Мислам ок е тоа ако на вас не ви смета таа разлика во години.Јас мислам дека ти е рано за мажење,како што и самата велиш дека не си спремна уште сега.Заврши прво со образованието а после се ќе си дојде на место.Тој како повозрасен мисли дека му е време,но мислам дека погрешен чекор би направила ако се одлучиш за.Тоа е само мое мислење,не треба да избрзуваш.Разговарај со него сериозно и кажи му како стојат работите нема зошто да брзаш.
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    Како бе само еден месец идете и човекот планира свадба? :^) Па зошто си ќутиш, кажи му отворено дека не планираш свадба во блиска иднина. Штом твоите планови не се совпаѓаат со неговите, кажи му го тоа што побрзо а не откако ќе ги прати поканите :lol:
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    Тој те нашол и не сакам да те изгуби, прави планови и не мисли дали тебе ти одговара! Ти студираш во странство, сеуште не си ни вљубена во него, а не да се мажиш! Немој да влегуваш во брак сеуште си млада а уште помалку немој да прекинеш со студиите!
    кажи му дека не сакаш и готово! и се согласувам со вери, кажи му дури не ги пратил поканите! :)
     
  7. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    Мери логично е тој да сака да се жени и деца да има, но уште пологично е ти да несакаш. Не си ни требала да започнуваш вска со толку постар дечко. Ти ако имаш 19 можеби ќе сакаш да се мажиш на 26, пример, тој тогаш ќе има 38 години :!:
    Стави му јасно до знаење дека плановите не ви се совпаѓаат....кажи му веднаш, можеби ќе те побара за жена па ќе треба да го одбиеш...а тоа би било уште понепријатно.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.653
    Пол:
    Женски
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    Мораш да бидеш директна, искрена со него. Кажи му дека не сакаш, дека не знаеш дали и понатаму ќе сакаш да бидеш со него, иако сега ви е убаво заедно. Обично 6 месеци до година се доволни за да знаеш дали сакаш со некого да бидеш цел живот или не (иако некогаш ни цел живот не ти стига за да знаеш). А тој ако веќе толку чекал, може да почека уште малку, иако му е време, како што вели. Само ми е малку чудно што толку се брза, обично машките се тие што чекаат подолго време (добро, не сите). Ама не знам, чудно ми е некако. Кажи му дека сакаш малку да поуживате во врска без обврски, па ќе видите како ви оди.
     
  9. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    А што очекуваше ти ??? Дека човек на тие години ќе сака врска ,да се влечка уше 4-5години со некоја(независно дали си ти), па после да прави свадба? Човекот си барал некоја со која ќе може семејство да си има, многу нормално, на 31година и крајно време е. Јас мислам дека ќе бидеш среќна ако те почека уште мах.една година.
    Нема да го оттргнеш од планот за свадба, тоа да си знаеш, а ако не ти е до бебиња и до чување и одржување куќа, тргни си се со време. Нема да ти успее ни план од типот „ајде ќе правиме свадба ,а за бебе ќе почекаме„ , зошто знаеш нели дека мажите се тие кои одредуваат кога ќе биде бебе, нивна работа е таа(посебно во некои вакви слични врски).
    Јас само ќе ти кажам со среќа и многу добро да размислиш што сакаш , а што не, кои ти се приоритетите во животот. Поздрав
     
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    Зашто да треба он да каже кога за бебе...па постои контрацепција..нејзино право е кога сака да роди а не на мажот. Како и да ја мислам дека е млада, а нему му е време за свадба
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    Му фуфнало на човекот... му одминале годините. Не сака да ризикува. Ако потроши 2-3 години со тебе, а по некоја случајност се разделите, потоа уште потешко ќе си најде некоја за женачка. Ги гледам јас во нашето место стариве ергени, а им се укаже прилика да фатат женска, одма ја женат, не гледаат ни убавина, ни минато, ни ништо. Како стареат, шансите драстично им се намалуваат.
    Не знам зошто досега не си му ставила до знаење дека не планираш толку брзо да се одвиваат работите... Не дозволувај да ти ја земе младоста. Сепак 1 месец не е некоја основа за да се прави муабет за брак. И не си некоја очајна стара мома па да му ја мислиш. Плус не прочитав дека го сакаш, рече само дека ти е мил... нормално е дека за 1 месец и не можеш убаво да ги осознаеш чувствата кон тој човек.

    Оди си на факултет и заврши си го. Тој ако се сложи на таква врска на далечина и ако прифати да те чека супер. Ако не, ништо страшно, животот е пред тебе, ќе си најдеш некој млад на кому не му се брза ;)
     
    На chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Caci-d

    Caci-d Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    Немој да се впуштиш во тоа ако не си 100% сигурна (а очигледно не си). Бракот е сериозна работа, а според моето мислење ти си премногу млада за уште одсега да го посветиш животот на некој кој можеби и не е оној Вистинскиот (имајќи предвид дека одите толку кратко време). Пробај да му објасниш какви се твоите ставови во врска со оваа тема, ако стварно му значиш ќе те разбере, а ако не, заборави го засекогаш...
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    А што мислеше ти,ќе те шета во парк?!

    Ете зошто не оправдувам врски со голема разлика во годините.Тебе ти е забавно затоа што е повозрасен и знае да те третира,а навикната си била на балавци.Бегај дур не си заљубена,гледај си ја иднината,штом студираш во странство не е мала работа да си ја прокоцкаш шансата.А и да се земете,ете викаат не мора одма бебиња,ами кога?!Тој кога ќе фати 40ка?!
    Него паника го фатила,има веројатно притисок и од дома да се жени и ете човекот си планира,а не е фер што ти никако не реагираш,туку го оставаш да си создава надежи,планови.Ти си гледаш да си го поминеш времето и важно ти е што ти е убаво.
    Кажи си јасно и гласно што сакаш,дека не си спремна за мажачки и кои ти се приоритетите,на крај да не бидеш отерана у три лепе или така сеуште неосвестена што се случува да те ожени.
     
    На peperutkaa, Unfaithful18 и Offspring им се допаѓа ова.
  14. Kerri

    Kerri Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    Ако те сака нека почека..Зар сакаш уште на 19 години да чуваш деца и да не ги завршиш студиите.Има време за се .Разговарај со него кажи му дека ти значи и колку многу го сакаш но исто така кажи му и колку ти е битно да го завршиш фах. :) Кога мојот дечко би ми понудил брак не би се двоумела одма ми кажала да..само да сме заедно :P
     
  15. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    ми ја наду главата со тоа дека треба да се земеме

    Него му е целта само да се ожени.Изгледа му е страв да не остане стар ерген,а и можно е да има притисок од родителите. :?:
    Немој да се мажиш,ако не сакаш.Со сила и без љубов ништо не бидува.
     
  16. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Не ни успеав да прочитам, насловов ме уби :rofl::rofl::rofl:
     
    На SnowWhite8, mula, DojaCat и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    Ахахахаххахахахахахах кај ја воскресна темава :rofl: По 10 години се земаа или не е прашањето
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  18. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира шо се случило.. Нема продолжение. :(
     
    На DojaCat му/ѝ се допаѓа ова.
  19. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.441
    Пол:
    Женски
    Ја па првин помислив некоја игра на форумов ќе да е (facepalm):rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Regina.Phalange, tijanana и DojaCat им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Изненадена сум како воопшто темава преживеала да не биде избришана. Сега еве ќе потсетите некој модератор. :rofl:

    Абе ова карантинов што ти прави, до последните страници извртевте на форумов...

    Да не сум оф топик, јас никогаш не го сфатив концептот на мажење после 1 месец врска. Као, појма немаш кој е тој човек, ама битно цел живот имаш да се запознаете, што има везе? :D
     
    На Regina.Phalange, tijanana, mula и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.