Би сакала со вас да ги споделам моите креации,да дознаам дали го пронаоѓате во нив она што вас ви се допаѓа и она што би сакале да го носите,и дали би сакале да ѓи купувате.
Пристапот ти е аматерски и дизајнот е почетнички, но претпоставувам дека си уште во средно школо и имаш да учиш уште многу во овој занает. Модата е многу комплексен бизнис и за да се пласираш на пазарот трба да понудиш квалитетен и добар дизајн. Ти препорачувам да почнеш да гледаш Project Runway реално шоу со дизајнери кое ги цени добриот вкус и естетика. Како совет плус би ти препорачала да размислуваш која е твојата целна група за која креираш и кои се нејзините желби и потреби. Среќно!
ти благодарам за мислењето и советот, но немам никакво школо во врска со ова, се ми е комплетно аматерски, па ке се потрудам се она наредно да биде се подобро, па затоа и овде сакам да ги поставам сликите и да слушнам повеке мислења.
Без лутење ама мене не ми се допаднаа...за рачната изработка секоја чест за тоа не станува збор Ама ! Ама некако многу сакаш се да ставиш во еден модел и изгледа нападно и нафрлано, сфаќам дека сакаш да си создадеш свој стил кој е автентичен, тоа го сите млади креатори ама мене лично ова ми е премногу нападно...