Можеби сум една од ретките, ама ужасно ги мразам. Не само што ме нервира бучавата, па и воопшто не ми е примамливо да се качам на мотор. Кој сака нека си се вози, јас стојам подалеку од нив.
ЗАЉУБЕНА сум во мотори!!!! ГОЛЕМИ мотори!! Кога ќе ја слушнам таа бучавата,ми иде да се убијам од задоволство! толку многу ми е јако и ми се крева адреналин,нешто прејако!!! Дечко ми, т.е од пред 2 дена бивши има Kawasaki Ninja,па кога ќе ги облечевме тоа кожените палта, кацигите...Па кога ќе возевме 250км на саат по тоа автопатот до Скопје...ааах времиња најубави....
Бев заинтересирана и ме привлекуваа се додека не ме провозе братучед ми. Не дека дечкото возеше брзо или несоодветно или невнимателно, едноставно при првото палење на моторот и првата кривина почувствував дека ќе се превртам.. некое ужасно чувство беше тоа што неможам да го дефинирам Од тогаш стојам подалеку од мотори.
Имам голем страв од мотори и мислам дека никогаш не би се возела. Страв ми е од несреќите со мотор кои често се случуваат, страв ми е и од брзината... И уште нешто-ми пречи бучавата. Не ги сакам моторите, воопшто не ми се безбедни.
Обожавам мотори! Збесната, полудена...!!! имам 2 еден скутер и крос... Возам мотор од 11 години, и да, возам ЛУДО но сепак пазам
Обожавам големи мотори кои брмчатттттттттттт лелеелелелел значи луда сум по нив, обожавам и така кога ќе видам некој тип, како го вози брзо како брмчи уфуфуф
СКУТЕРИ Знам дека можеби темата малку е чудна но ми треба помош. Сакам да му подарам на свршеникот скутер, да биде изенадување, но сум ограничена и со буџет а и немам врска од карактеристики на скутери . Па дали овде знае некој на што треба да се внимава кога се купува, каде може да се набават ефтини скутерти. Буџетото ми е околу 500-600евра. на ендо место прашав 500 е со 550 кубици, што значат воопшто тие кубици
Па и немам некое дефинитивно мислење дали сум за или против, сакам или не сакам. Со другарка имавме мала незгода пред 2 години и од тогаш се немав качено....се додека не се фатив со дечко ми. Ме убедуваше 2 месеци пред прв пат да се качам. Страв ми е понекогаш навистина, пошо стварно лудо вози, ама му верувам и се трудам да се опуштам и да уживам во моментот. Ветрот во косата, адреналинот и припиеноста на телата....
Кај нас значи човек не е да испадне да се прошета на раат. Дечишта урлаат со моторите ја незнам шо толку сакаат да се развозуваат секоја вечер по 3 саата -.- секоја година е веке вака па преку глава ми е ја разбирам сакаат може да се направат пред некои женски или да се издуваат онака ама стварно претеруваат .. инаку многу сакам мотори ама некако ми се одмилија
да се возам никако имам уплав од мотори а иначе обожавам чопери ама само да ги гледам а не да се возам филмски ми е некако на чопер уште па да го вози некој батка така..... мераци
Мразам мотори!!!!!!! Мразам!!! Органски не ги поднесувам,ниту звук,абе каков сака нека е,не го можам. А не знам зошто. Најверојатно сум загинала на мотор во претходниот живот. Шала настрана,стварно не знам зошто,но кога се спомнува мотор,кај мене има измешано чувство на страв од самото качување на него и гадење. А зошто,поима немам. Да имам некои трауми,ај така и така,али ништо немам..
Јас во животот ниту сум се качила на мотор,ниту посакувам да се качам... Што значи не обичам многу мотори.
Најмногуууу ги сакам Сакам да имам еден розов и тоа од тие големите иако моите никогаш не се согласија да ми купат ахх колку ги сакам само
Тоо не сум единствена што сака моторрии јееее.... Пред некое време се договорив со татко ми кога ке дипломирам наместото на кола да добијам моторрр, а мајками и брати ми така да за 2 до 3 години зависи хахах ке имам мотор црно со розовооо до кај 600 коња....уеее. на нероден петко му се радувамм
На таткоми та идеја му паднала уште мнооогу многу години порани ја сум имала негде 5-6 годинки т.с. пред повбеќе од 10 години и купи скутер. Мајками секако во почетокот се бунела но тој шо наумил сторил. И ако верувате крутерчето и ден денеска е исправно и иде, а е едно од првите донесени во градот. Значи се има таткоми тркано и со даалеко подобри мотори ама нашето јамаха бе, стара машина. Денеска мајками го благословува денот кога го купил оти си иде на работа со него. Мене не ми дава да се возам дека сум неспретна али од другото лето ќе го краднувам
Не обожавам многу мотори, ама дечко ми повеќе сака да се вози со мотор отколку со кола. Ептен треба да залади, или да почне да врне па да го стави во гаража. Има положено за А категорија уште од 16 години, и отрпилика тогаш купи мотор. Јас сакам да се возам, ама на кратки релации. А тој ме тера до Козјак со мотор да сме оделе... no way! Многу ми беше смешен татко ми кога прв пат ме виде на мотор. Одма ме седна дома и почна да ми држи лекции: Ана, моторите знаат да бидат многу опасни. Не можеш ти туку така да се возиш без соодветна заштита, уште утре ти купувам кацига. Ти не знаеш колку многу млади деца како вас ми доаѓаат на работа со скршеници од такво невнимателно возење. И така натаму, и така натаму... Како и да е, му реков дека дечко ми внимателно вози и дека нема потреба од купување кацига. И еве до сега, не чувал Господ, не сме направиле некоја беља.