Мнооогу се убави,ама да ги гледаш Не ги сакам, не ми се сигурни.Фала богу дечко ми кола си има па со неа си се возиме, да имаше мотор, незнам дали толку често би се возела.
Љубител сум на мотори и тоа како...Но бидејќи имав страв да се возам со друг решив да полагам...Купив и мотор на старо ваков и еве штом се затопли почнав да се припремам за полагање.
Обожавам мотори, повеќе од коли.. тоа дека не се сигурни вистина е ама тоа е.. љубов Ги замолив моите да ми земат веспа ама ми викаат дека сум била мала и кога ке сум направела 18 попрво кола ке ми земеле одколку мотор.. и никако да ги убедам, изгледа ке треба сама да си се потрудам
Немам возено мотор, миту пак сакам. Искрено никогаш не сум имала желба да го правам тоа. Мразам мотори, некако ми се небезбедни возила. А дел од "моторџиите" низ градот, што сакаат да се направат фраери возејќи како луди по нашиве булевари ми се
што мислите за моторџиите во градот? дали ви се качува адреналинот кога се возите со мотор? дали може следите како љубители на моторите мото гп? Мрзам моторџии...ептен ме нервираат само брчат со моторите..Уффф колку се нервирам Не уопшто ... не-.-
Една љубов Ама не, озбилно, највеќе ги сакам. Од кога знам за мене ги молам дома да ми купат мотор, макар и веспа да е, ама да ти купеле мотор исто како да ти давале пиштол да се пукаш. Ама сама ќе си купам! А до тогаш, се возам со моторџиите низ градов! Тие 'моите' моторџии, ептен се срцки. Ама има едно друго друштво, немаат ни саглам мотор, а ептен се у стилот КОЈ СУМ ЈАС ?
Обожавам мотори Татко ми има Кога и да сакам ме вози Кога ќе сакам јас мотор сигурно ќе ме поддржува татко ми А мајка ми нема шанси она се плаши и никогаш се нема качено на мотор, не знае дека тоа е доживување и уживање
Сакав, сакав премногу сакав мотори! И еден што го сакав, и тој возеше мотор.. Ама завчера едно 16 годишно умре со тој ГЛУП мотор!! Цел Фејзбук беше со негови слики, сите по него плачеа.. Дури и не го знаев, и плачев како најблизок да ми бил.. И сега еве ми се насолзија очите, штом помислам .. Е од таа случка, несакам да слушнам за мотор. Дома имаме, ама скутер, не е голем. Среќа и што не е. Несакам, несакам ни да се качам ни ништо повеќе
девојки незнаев каде па ајде тука. каде да најдам сервис за мотор? веспа? дајте некои поасални да го средат веќе аман?!
Мотори, моторџии, моторџики, кациги, јакни, чизми едноставно обожувам ! Кога го слушам тој звук кожата ми се крева, уфффффффф, рај за уши. Имам едно малечко 50 cc (jonway), ама врши работа. Тато ми вети сопртаж, Phoenix, ако поминам со сите 5 годинава, е дури тогаш има да "вришти" градот! MotoGP, Moto2 и Moto3 редовно следам, уште од мала со тато. Заедно го бодревме Симочели се до 23 октомври 2011, од тогаш и тато престана да гледа (неможам да опишам кои врискотници беа дома тој ден). До лани бев огромен фан на Педроса, а сега некако повеќе го засакав Маркез (љубовта на мојот живот). Инаку среќна сум поради темава, уствари заради темава и го направив акаунтот, ама ве читам веќе долго време. Кога ќе бидам во можност ќе постирам и слики И за крај ако имате време гледајте го филмот Biker Boyz, рај за очи и уши, едноставно импресионира, немам зборови
Може ли некој што се разбира во мотори да ми каже зошто моторот потешко ми запалува од предходно? Сега кога ќе го запалам прво како да испушта некој тенок звук и давам малку гас и едвај запалува предходно одма. Има ли нешто врска ова со тоа што пред некој ден кога сакав да го искачам на една препрека, го искачив предното тркало но задното неможев па давав гас мислејќи ќе се искачи али дека е низок моторот и не се искачи да не сум го оштетила така некако?
не сум некој голем љубител на мотори, но мојот бивш сакан имаше и го обожавав можеби дека беше негов и еден другар ме има возено на неговиот мотор ама не му верував се возевме и другиот ден сообраќајка направи
Сакам мотори и братми сака многу,а најмогу си ја сакам мојата веспа иако ретко се возам (поради културата во собраќајот)...