Брилијантната научничка Гема конструира жива кукла по име M3GAN, опремена со вештачка интелигенција за да се грижи за нејзината внука Кеди. Всушност, куклата брзо развива лична и емоционална врска со Кеди. Но, нејзината заповед да ја одржува девојката безопасна брзо станува проблем, а Гема се бори да ја контролира сопствената креација. Моментално филмот е во кината, синоќа го гледав и се воодушевив. 10/10
Спојлер Кога го прочитав насловот на темава, во нови теми, си помислив: “леле дали направиле за Меган Маркл биографски филм??”. Демек сега Хари книга, оваа филм, да не остани покусо. Планирав неделава да одам да го гледам, па ќе споделам импресии.
Не знам зошто имам некое грдо чувство поводом филмов... Чудно. Немам некоја потреба да го гледам, ама мислам дека ќе го превртам (имам чувство дека досаден ќе ми биде). У принцип не сакам филмови со кукли и слични нешта кои по природа не се луѓе, а добиваат карактеристики такви.
Добар е за едно гледање, го препорачувам, инаку, пристапот кон темите (ризикот вештачката интелигенција да развива своја свест и детето кое повеќе време поминува со машина отколку со старателот за да побегне од суровата реалност) не е предлабок.