Деновиве ужасно се заразив ужасно со телевизиското шоу MasterChef што се прикажува на ТЛЦ каналот. Има неколку вида, UK, US i Австралија MasterChef. Сега за сега го имам гледано само Американското со Гордон Ремзи како водител, и ептен ме навлече да го гледам. Оргиналната идеа е Британската. И како ви се допаѓа, сте го гледале ли? Дефиниитвно препорачувам да се гледа. http://en.wikipedia.org/wiki/MasterChef_(UK_TV_series) http://en.wikipedia.org/wiki/MasterChef_(U.S._TV_series) http://en.wikipedia.org/wiki/MasterChef_Australia Спојлер Преводот на нашки не ми се свија, ако некој има идеа како подобро би било нека предложи.
Немате појма како се радувам кога ќе го фатам на TLC Веќе сите епизоди ги имам изгледано, овие сега што се даваат се репризи. А нова сезона ќе почне да се дава на 6ти Март Претерано јака емисија, Гордонче ми е најомилен Ме потсеќа на Сајмон Кауел, само во готварска верзија.
Многу е заразно шоуво. И Гордон Ремзи е фаца Минативе две недели се радував ако станам порано дека ќе ја фатам емисијата и нема да утнам готвач.
Пред некој месец ги изгледав сите три сезони, ги има на Замунда можете да ги спуштите од таму. Шоуто е чиста 10, само не го гледајте кога сте гладни Има уште едно слично шоу, на истиот принцип како Мастер шеф, Next great baker мислам дека се викаше со Бади од Кејк бос. Интересно е и тоа, ама Мастер шеф е далеку подобро.
И јас го гледам али кога ке го фатам. Дебелкото ми е најфин, а ќељавиот најарогантен. Го гледам Next great baker тоа ми е поинтересно
Ги изледав сите 3 сезони, сега ја чека 4тата, кај и да е ќе ја даваат и таа. Одлично ми е шоуво, многу го засакав и ми зарасна при срце, како земена глеам Hell`s Kitchen али не е тоа тоа, подобро ми е мастершеф. Да дадам кратка реценција за сите сезони. Спојлер Мислам дека како се движеа сезониве се беше подобра и подобара, појака конкуренција, потешки задачи. Омилена сезона 3тава, се изнаплакав за Кристин колку ми е мило дека победи, не ми се верува кој талент а слепа е, најзаслужено на свет. Сите ја потценуваа, а мислам дека дефинитивно е најталентирана. Во првата имав два фаворита, Џејк и мила ми беше многу Витни, иаку покасно се покажа како ептен талентирана, а Џејк ми беше најсрце она најмил и добродушен. Победата сметам дека беше праведна, Витни ако беше најмлада беше супер спремна и способна. И тукуа идеме на 2ра сезона, тотално се разичарав зашто ми го избација Криситјан, ѕвер ми беше, бев сто посто сигурна дека ќе победи. Џенифер ми беше најантипатична и татално глуп избор за победник, ја караа на почетокот кога нешто сакаше живо да им го презенира. Таа сезона Бен ми беше ужасно многу смешен. Зa судиите, и мене Грем ми е најдобар, има најмека душа, Гордон и Џо ми се така така, некога фини некгаш кретени. Грем и кога сака да искара некого е на најфин можен начин. Колку се смеев во последнат сезона, Кристин кога ја прашуваа дали ги видела судииве и дали знае као изгледаат и кога кажа дека само си ги замислива според тоа што и опишуваат, и Грем вика, јас сум висок и слаб, Џо е дебел и низок
Лелеее, како го прочитав спојлерот Судиите супер се, ама тој Џо на моменти не можам да го гледам. Демек ладнокрвен, не паѓа на емоции. Едвај ја чекам секоја среда да ги изгледам, не можам да си ги симнам.
Прекрасно шоу! Ја изгледав целата сезона каде што победи Џенифер. Навистина вреди да се погледне барем една епизода, а ако погледнете една, тогаш ќе се „заразите“ со ова шоу. На сите што не го гледале, а ги интересира готвење, топло им препорачувам да го погледнат на ТЛЦ.
Се заразив деновиве со ова, среде испитна сесија, јас наместо да учам, ги изгледав сите три сезони на youtube за неколку дена. Предобро шоу, колку е само заразно. Забележав дека секогаш сметам дека оние што завршуваат како второ или евентуално трето место се подобри готвачи низ целиот серијал отколку тој што победува, но ... небитно, судиите знаат најдобро, веројатно. Ги гледав сезоните по обратен редослед, почнав од 3та сезона и завршив со прва. Спојлер Во третава немав фаворит, ама според мене црнецот Џош беше далеку поталентиран од Кристин, слепата девојка, ма да секоја чест за неа. Во втората сезона фаворит ми беше Адриан, а победи Џенифер, која ми беше по малце досадна. А во првата сезона, Lee Knaz, каков човек, уживав да го гледам додека готви, потезите и начинот на кој работеше ми беа презанимливи за гледање. И плус е ултра харизматичен ( и ултра згоден ) и пристоен, не беше воопшто арогантен како некои. Морален победник, во секој случај. Спојлер Се на се, машкиве повеќе ми оставаат впечаток, имаат подобри идеи и се покреативни, почнувајќи од тоа како им изгледа финалниот продукт во чинија, па се до начинот на кој готват, техниките и сето тоа. Едвај чекам 4та сезона.
Почна 4тата сезона. Имало дури 4ри епизоди излезено до сега. Да завршам со учење, одма почнувам да ја гледам. На кој не му се чека на ТЛЦ еве чичо пиратко се ни има на тацна. http://thepiratebay.sx/search/MasterChef/0/7/0
Ја гледам 4та сезона на youtube, ги има епизодите, и кога излегува нова ја ставаат за ден-два. Интересна ми е, исто како и претходните. Најсимпатична ми е Џеси, таа плавата девојка, и црнецот Еди - ми се чини дека се најсолидни готвачи од сите, и фаворити ми се за победа. Се си мислам дека Џеси ќе победи, ако се водиме по претходните сезони каде секогаш женско победуваше. И Лука го сакам, многу позитивна личност... Спојлер Во 10та или 11та епизода беа на сетот на Гли, и Кори беше гостин, ја гледав таа епизода само неколку дена пред да почине, и уште ми е језиво и жал, иако серијата не ја гледав. Еве ја најновата епизода: http://www.youtube.com/watch?v=N2MhYr98rO8
Лелеле мене менстурален готвач ми се прочита, си викам што е оваа тема сега... за што да јадеш кога си во тие денови леле .... Иначе имам гледано неколку епизоди интересно е
Најновите две епизоди: http://www.youtube.com/watch?v=ARykJIOa ... e=youtu.be http://www.youtube.com/watch?v=3sH0hCcjCow Наташа и Лука се во финале! Леле, колку сакам Лука да победи, преинтересен човек е...и секако добро готви. Ама Наташа е навистина силна конкуренција... Гледа ли некој друг, или слабо?
^Me, мe, јас гледам Ја гледам и австралиската верзија, финалето беше во недела и таа што победи ич не ми беше по мерак, сакав Линтон да победи. Во австралиската верзија ме нервира тоа грчето судија со пинцетата а и готвењето на учесниците, некако степенот на спремноста не може да се мери со таа на американцине, американските учесници се по софистицирани, подобри работи готват, барем мене така ми се гледа. И јас сакам да победи Лука, лани не го примија му рекоа годинава да се врати, се врати и ете го до финалето стигна Сакам да победи затоа што е поголем човек од Наташа, секогаш им помага на другите иако може да е тоа на негова штета и затоа што има секси италијански акцент Му викам на сопругот, гледај колку добро готви типот а тој ми одговара: Yeah, but I`m better looking :geek: Фала Богу излезе таа Криси, не ја можев ама ич-краветина
Изминатите победници се женски, а мене секогаш машките финалисти ми беа фаворити, ама и реално беа подобри, и затоа мислам и годинава ќе победи Наташа, за жал. Но, колку и да не ја сакам, добра е навистина, борбена и солидна, малце bitchy, ама ја бива. Сепак, Лука го обожавам и се надевам ќе победи. А до наредна сезона веројатно ќе ja изгледам и австралиската верзија, многу е заразно.
Jас гледав на Jутуб, Aвстралијанското, абе бегај жива зараза е шоуво сва среќа го баталив Tоа јадењата какви се, и да не си гладен ќе огладнеш интересно шоу е, заразно, поготово за љубителите на храна и готвење е супер
Гледав малку на TLC и сакам да се посветам барем на една цела сезона. Aма што вика Лудото, опасно мава на психа и желудник, ти се пријадува, делува обратно од Biggest Loser. На youtube почнав да ја гледам третата USA сезона. Инаку Гордон Ремзи е кул, ама нема некое посебно присуство на тв, мене ми се допаѓа неговата ароганција и строгост, ама не се „лепи“ за камера баш, не знам како да се изразам. Ама човекот е професионалец, нема збор. А тој слабиот само мене ли ми личи малку на Онур на Мадам Шехерзад?
Редовно ги пратам, обавезно со нешто за јадење пред мене, пошто инаку ќе треба да си ја реметам епизодата и да станувам до фрижидер од стрвлук Инаку општо земено од сезона во сезона има се подобри готвачи и се поголема конкуренција. Во првите две сезони се случуваше во некои од предизвиците пред самото финале некои од готвачите да направат такви огромни пропусти, просто да не ти се верува како дотуркале до таму. За разлика од тогаш, сега да не знаеш кој да елиминираш затоа што сите премногу добро одговараат на предизвикот. Само онаа краветината патетична Криси искрено не знам како догура до таму, ама среќа ја откачија. За оваа сезона некако поголем фаворит ми е Наташа затоа што во текот на целата сезона е комплетна, знае да се снајде со сите во тим, ќе зготви нешто феноменално и суви лисја да и дадеш, додека Лука ми правеше некои ептен големи грешки, тек на крајов почна да вади асови од ракав. Инаку Онур т.е. Џо Бастианич почнува да иритира после некое време со преголемата ароганција, фрлањето храна во корпа, правењето гримаси и слични драматични испади, а искрено мислам дека ни одблизу не е толку добар како Ремзи и Елиот.
Го гледав лани летото, еве ова лето пак на ТЛЦ. Ми се допаѓа иако епизодите се повторуваат ама кога ми е досадно воопшто не ми смета што некоја епизода ја гледам по 2пат. Интересно е, само тоа ќе кажам