Менди не се секирај, не си форевер алоун си пратам и јас ама застанав до 5 епизода и останав до таму, гледам ги стаиле и останаите на јутуб ме мрзи да ги симнувам кога ги има јутуб . И јас во главном сум више за муживе до претходната сезона се за машките навивав, освен за Кристин слепата која ми беше апсолутен фаворит. Сега уште ми е рано да кажам кој ми е онака најдобар, на почеток сум. Мене па Греам ми е најјак, мислам ми го прави серијалов поинтересен за гледање, добро и Гордон си е фацичка и знае да испадне многу фин на моменти, иаку ми е малку претеншс,заедно со Џои.
Го обожавам ова шоу , и кој и да победи дали Лука или Наташа сеедно ми е затоа што и двајцата ми се супер , ги имам изгледано сите 4 сезони
И зашто прочитав кој ќе биде во финале Треба малку повнимателно со спојлерите дечки, ама и јас сум крива ги исчитав сите постови детално, иаку сум на самиот крај. Спојлер Наташа бре Наташа, не знам ама јас не сум нешто воодушевена од неа, Лука ми е навистина фаворит уште од почетокот, и лани требаше да влезе, но еве го тука е на самиот крај, навистина се недевам дека ќе биде он. Мене заедно со Лука, Џордан ми беше исто у топ 3, сега само што ми испадна, криво ми е зашто сметам дека си е навистина одличен готвач, заслужи и погоре. Сезонава апсолутно мажите ми се подобри. Џо бре Џо ми е покер фејс ја прегледував од од почеток уште еднаш за да се потсетам, во првата мислам со роботот кога му кажа, what are you looking baldy, се помочав од смеење Имаше доста фрикови сезонава, уште ми остана тој со дабарот у памтење, кај му текна дабар бре.. Финалето е у среда, ние ќе ја гледаме у четврток. Кога почна кога заврши сезонава, многу брзо ми летна.
....and the winner is........ Спојлер Лука Ептен ќеифот ми се направи што победи Лука, си ја заслужи победата, одлична беше и Наташа ама Лука за нијанса или две се покажа поспремен. И после зошто сите сакаат да одат за Америка, ете зошто, because its a country were dreams come true. Лука го доживеа американскиот сон.
Спојлер Многу се радувам! Конечно да ми победи фаворитот. Лука, освен што е добар готвач, уште подобар човек е, право сонце. Еве го финалето: http://www.youtube.com/watch?v=JisTiHLwVIU http://www.youtube.com/watch?v=oN-3Wz3gj0g
Спојлер Ме воодушеви човеков, алал да му е. До сега мислам дека немаше финале каде беше олку напето навистина, ама ни до толку интересен лик и специфичен. Мене десертот ме фасцинираше, си викам што прави овој ќе се заебе али на крај стварно испада по текстура џем од домати, неверојтно. Не знам какво е на вкус ама беше уникатен. Се изнасмеав на крај со АМЕРИКА, ЏРИМС КОМ ЧРУ, акцентот му е кома Добро е еден маж да победи, аман жениве стварно инвазија направија.
Спојлер Мене фаворит ми беше Наташа од почеток до крај! Едно време бев и за Џеси, немаше некоја голема утка направено, ама Лука не го сакав
Да не го уништувам задоволството за оние што не успеале да го гледаат финалето Спојлер Морам да признаам и покрај тоа што Наташа ми беше фаворит дека Лука заслужено ја зема титулата. Сите јадења му беа до некаде покомплексни, а со панакотата од босилок и домати како десерт просто се надмина себеси. Браво за храброста и иновативноста, тоа е вистински готвач. Да умееш од неспојливото да создадеш ремек дело. Најдобро финале до сега, го подигнаа критериумот за готвачите од наредна сезона, едвај чекам да видам што ќе се случува понатаму.
Не читам спојлери за четврта сезона! Си ги симнав пред некое време сите три сезони и си ги изгледав нараат. Што да кажам, шоуво ми е омилено, го обожавам, иако врска немам од готвење. Гледав сега на Замунда, има до 12 епизода некаде од четврта, а јас сакам цела сезона целосно да си ја симнам, ваљда не се само 12 епизоди. Ај ве молам, торент за 4та.
A што викатe на ова а? MasterChef Junior http://www.imdb.com/title/tt3098828/?ref_=sr_4 Ќе гледате ли, јас дефинитивно ќе гледам ми делува примамливо и мислам дека дечињава ќе бидат она адорабл, ама нај адорабл. Според мене вреди да се ѕирне што замисла имале. Еве имало и промо Абе децава готват исто ко возрасниве, со исти услови исти тешки задачи, јадења како од ресторан прве класе, браво, ме оставија без зборови после видево. Премиера 27.09, значи на нет за нас оваа сабота. Се радувам многу.
Леле луѓе јас сум воодушевена, децава се такви професионалци и воздраснине можат да им завидат. Али Нејтан, леле Нејтан не е фер па таков слаткиш отпадна навистина ми е криво, детето има ѕвезда невидена, го сака камера неверојатно многу. Останаа само 12, јас не знам како имаа срце другите 12 да ги отпаднат, јас навистина не видов некој да биде навистина лош или да не направи фантастичен оброк. Сара ми е од останативе фаворит, очите и се смеат, очите. Децава се срциња, се радуваат едни за други, се тешат за разлика од воздрасните кои се ситат, мене ми се феноменални. Од мене има огромен тамс уп :up:
Стварно значи децава се ФЕНОМЕНАЛНИ, онака просто да не ти се верува дека можаат деца да зготват такви јадења и после ово кога ќе ти каже некој дека не знае да свари јајце, ти се иди со токмак по глава да ги акнеш, а деца од 8-13 години чуда прават. Нејтан стварно беше срцка невидена, леле кога се расплача зошто беше елиминиран и мене ми се наполнија очите со солзи мене ми се фаворити сега за сега Роен и Александар, децава ме водушевија. Гледавме со свекор ми и имаше едно детенце не ми текнува како се вика што направи тортелини и свекор ми кој е италијан ми се врти и ми вика: You see my beautiful daughter in-law a child can make tortellini, you I teach a hundred times but you still can`t make them. Просто ме засрами детево, никако да ги погодам, се нешто ми се одвиткуваат или превише фил им ставам, сега ќе вежбам, ќе се изнавежбам и мора да ги направам како што треба. Австралиската верзија веќе имаше чинам 2 сезони, треба сега да почне третата ама како и кај возрасните подготвеноста на учесниците е далеку под онаа на американците.
Wow! Се изнагледав еден куп софистицирани јадења. Стварно ми е тешко да поверувам дека осум годишно дете може да приготви таква храна. Читам некои критики и се согласувам со повеќето. Јас кога бев 8 години не ми беше дозволено да допрам нож а па камоли рерна. Претпоставувам дека мора да им помага некој од продукцијата или самите родители. Исто читав дека знаеле однапред што треба да готват па им било дозволено да ги вежбаат рецептите. Ама, неоспорив факт е дека сите 24 деца имаат талент. И многу, многу се харизматични.. За сега, мои фаворити: Jack, Roen, Alexander и Gavin. Note to selfie: Нареден пат да не гледам на празен стомак!
Александар е убедливо најдобар, маестрален генијалец, Гордон и Греам дури се подзамислија од децава дека за некои 10тина години каква конкуренција ќе им бидат... Само малку деца ми се, сега 10 останаа за едно 5-6 епизоди ќе остане еден само и тоа не ми се свија-кога им даваат фул гроун чаленџис тогаш заслужуваат фулл сезона од 20тина епизоди. Али децава ми се пофини од воздрасниве, нема кавги, нема вртења со очи или потценувања, прави души се. 40 минути право уживање и опуштање ми е...
Аууу браво! Децава се преслатки. Не знам дали имаат некоја голема помош, претпоставувам дека се консултираат за рецепти како што кажавте, ама како и да е со рецепт или без, секако е неверојатно какви дела произлегуваат од тие детски рачиња. Одма се гледа креативноста на детскиот мозок и како тоа може да се спојат некои незамисливи вкусови. Фаворит ми беше Роен ама испадна. Александар е стварно генијален, ама не го обожавам баш. Многу ми е мило што така оплеска со тортата за да сфати дека сеуште има многу да учи и мислам дека за прв пат судиите попуштија и не досудија објективно - исклучиво врз основа на тоа како е изведена последната задача, затоа што да бидеме реални, тортата беше очајна и најлоша од сите. Како и да е, дефинитивно ќе продолжам да ги следам и секоја сабота да си започнувам со таков бран од позитивна енергија што ја шират децава. Штета што забрзано ги елиминираат, не верувам дека е поради немање буџет, туку како што разбрав учесниците се привремено ослободени од училишна настава, така што претпоставувам дека е поради тоа..
Сара е право срце, абе како се фрцкаше кога победи и кога ја имитираа Греам и Џо сум се паднала од смеење. Како на дете да му се налутиш бре, ми идеше да ја изедам целата, лепотица. Штета што излезе за 9 годишно дете беше предобра. Се согласувам дека Александар е малку пре пун себе, aли 99% сум сигурна дека на крај ќе испадне дека он ќе победи. После Сара, така симпатично ми е она со мики маус венчото, слатка ми е, али искрено нема шанси со Александар. До крај има уште 2 епизоди, штета што со толку малку епизоди го оставија ова шоу,искрено децава би ги гледала пред воздрасните, прешармантни ми се и ме воодушевија со талентот, од сега воздраснине нема да ме воодушеват со некое пообично јадење и децава мислам дека страшно го кренаа креитериумот. Колку ми е срам искрено што уште ми се дешава да утнам кога варам јајце, али па страшно мотивирачки ме делуваат децава, дека штом они можат,зашто јас не би пробала некој рецепт па макар и да утнам.
Во право си за Александар иако мислам дека не е исклучено да изненади и детево со хавајските кошули. Воопшто не е наметлив, а и не памтам до сега дека некоја задача катастрофално ја утна , па дури и ми делува дека од епизода во епзиода се подобар станува. Девојчето со венчето и Трој се исто така многу талентирани деца ама мислам дека не се доволно спремни да ја земат титулата кога ќе ги споредам со претходните двајца.
Сама си го заебав шоуто. Не знам како наместо петта, ја симнав шеста епизода. Во финалето ќе останат.. Спојлер "Almighty" Александар и Дара. Прашањето е зошто не сум изненадена? Можеби оти Александар го исфорсираа уште од самиот старт и покрај тоа што стварно се надевав а и поинтересно ќе беше да имаше некаков пресврт на крајот. Се надевам, ако има наредна сезона дека ќе намалат со фаворизирањето. Стварно нема смисла, сепак.. деца се.