1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Maестрален готвач (MasterChef)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hipster, 23 февруари 2013.

  1. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Најинтересна емисија на ТLC :rofl:
     
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Коментар за финалето
    Значи децава го одржаа нивото до самиот крај! Стварно браво, не знам што друго да речам. Да те фати срам кога ги гледаш што знаат и умеат на таа возраст. Не ми се верува дека за 90 минути успеаа да ги приготват и сервираат тие јадења.
    Друга работа што ме воодушеви кај децава е што за разлика од шоуто на возрасните, овде ги нема тие сплетки и матни игри,нема ни трошка пакост во погледот, туку искрено се радуваат на туѓиот успех. Александар дури и позајми некоја состојка на Дара во самото финале.
    За мене искрено и двајцата се победници, верувам дека биле стварно нијанси во прашање. Александар беше некако форсиран од самиот почеток, но сепак имаше и зошто и сметам дека заслужено си победи.

    Едвај ја чекам новата сезона, поинтересни ми се децата од возрасните!
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elence132

    elence132 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    105
    Значи го обожавам шоуто !!!! Многу ми е мило што Александар победи , ми беше фаворит од самиот старт, такво буцко , малечко а сепак премногу талентирано , стварно браво и за двајцата
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано Џована, форсиран но со право, нависитна беше најдобар од сите.
    Едно 90 посто бев сигурна дека ќе победи Александар, малку после предјадењето на Дара го сменив мислењето дека има шанси сепак, али со десертот и мене ме воодушеви, мислам како му текна, лиги ми течеа и мене пред екран, али кај ќе најдеш такво нешто кај нас, маестрален е навистина.
    Богами воздраснине треба да се замислам ако 12-13 годишни деца готват вака, не знам што они сега треба да направат.
    Туку ја видовте ли Сара, абе нема послатко девојче во шоуво, каква ѕвезда, срце, се испази на камера битно, се израдува на крај за Александар, милата таа као она да победила.
    Децата си се деца, не за џабе викаат искрен како дете, немаат задни намери сеуште се чисти и невини.
    Браво, ме оставија без зборови!
    Одвај чекам втора сезона, и нека ја направат подолга, знам идат у школо и се, ама 7 епизоди се премалку, премалку!!!
     
  5. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Среќни вести! Од утре почнува новата сезона!
    Едвај чекам! :lol: :rofl: :inlove:

    Пак ќе си ја активираме темава :D
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    на која телевизија ќе ја даваат?
     
  7. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    ^ Не сум видела реклама за на телевизија, уште е рано. Јас си ја симнувам со торенти и си ја гледам :)
     
  8. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав првата епизода, едвај ја чекав. Уште е рано за фаворити, но секако и секогаш има интересни ликови. :)
    Луѓе, Graham Elliot е преполовен! Јас не го познав од што е толку слаб, многу се изненадив :D :lol:
     
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    За Елиот прочитав дека ослабел уште летоска ама изгледа заборавив. Сега кога го видов стварно ко да не е он, а и веќе не зацрпува големи залаци од секое благо што го дегустира :lol: Богами јака воља треба да имаш и да ослабеш покрај таква професија.

    Инаку досега немам фаворити, обично и така ми е секоја сезона. Повеќе ги сакам оние ненаметливите што не прават огромни грешки и постепено си ги вадат асовите од ракав. Овие циркузантиве што се за да попунат минутажа не можам да ги сварам. Она чичето со белата коса што галами ми е еквивалент на таа напорната од минатата сезона што ќе се тепаше со сите |( Не ги можам тие ликови што се ко од реално шоу излезени и вртам очи на секое нивно појавување. Исто и тој азиецот изгледа на пун себе и напорен за гледање, а богами и таа што победи во првиот предизвик. Ептен е кучка и бубалица у едно, само се истакнува и паметува, иако ми делува дека има што да покаже и во однос на готвење.

    Рано е да се каже било што уште од сега, ама како и да е ми фалеа и ептен ми е кеиф што конечно почна сезонава :)
     
    На sanja.burgundy и MandyLane им се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    И јас ги изгледав двете епизоди, и сега за сега немам фаворити, уште ги запознавам ликовите, ама у старт знам кого ќе "хејтам", а тоа е оваа Кортни, стриптизерката, што победи со десертот.
    Толку е језива во однесувањето, што не можам да ја гледам... многу ми делува препотентно и наметливо, не ја можам ич...

    Има некои интересни ликови, ама уште е рано да коментирам...