Maрина Диамандис (Marina Diamandis)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од JoxyTheFreak, 21 август 2012.

  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Marina Lambrini Diamandis;(born 10 October 1985), also known by stage name Marina and the Diamonds (sometimes stylised as Marina & the Diamonds), is a Welsh singer-songwriter.
    Her stage name, "Marina and the Diamonds", consists of Diamandis' first name and the translation of her surname, which means "Diamonds" in Greek. According to her, "The Diamonds" are not her backing band,but her fans.
    Diamandis' musical style ranges from keyboard-based ballads to more up-tempo New Wave-style songs with full band backing.She has cited a wide-range of influences such as Daniel Johnston, Blondie, Kylie Minogue, The Distillers, Patti Smith, Tom Waits, Garbage, Nirvana, PJ Harvey, Kate Bush, Britney Spears, Yann Tiersen, Elliott Smith, Dolly Parton, and Madonna.

    Мојот омилен вокал после Лана.
    Многу ја споредуваат со неа поради слецифичноста на гласот и инди елементите во песните,и покрај тоа што песните на Марина изобилуваат со електро звуци.
    Мене ми пее преубаво и во живо и добри песни има.
    Се навлеков на рапави совршено-несовршени гласови. :)


    [​IMG]

    Друг некој освен мене ја слуша ли?

    http://www.youtube.com/watch?v=L_orsY7C7yk
    http://www.youtube.com/watch?v=TN-EIKEghuw
    http://www.youtube.com/watch?v=j71CHvomTeQ
    http://www.youtube.com/watch?v=uIK2Z1uebtg

    И овој кавер од неа ми е прекрасен.
    http://www.youtube.com/watch?v=NQYo6rXVIGY


    Друг некој ја слуша или сам сум?! :)
     
    На mileystar и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    397
    Marina Diamandis (Maрина Диамандис)

    Искрено прв пат слушам за девојкава. Баш ќе побарам повеќе нејзини нумери. Ако се навлечам ќе те известам ;)
     
  3. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.103
    Marina Diamandis (Maрина Диамандис)

    Марина :inlove:
    Ја обожавам женскава, Примадона ми беше ХИМНА една време! На риплеј 50 пати по ред :rock:
    Ми се допаѓа како изгледа, срценцето ја прави автентична.
    Гласот... ух, совршенство!

    Изгледа јас сум еден од тие diamonds :lol:
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.048
    Допаѓања:
    160.512
    Пол:
    Женски
    Marina Diamandis (Maрина Диамандис)

    Јаки песни има :) :inlove:
     
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    2.883
    Пол:
    Женски
    Marina Diamandis (Maрина Диамандис)

    Прв пат чув за неа кога некој овде рече дека има преубав стил.
    Сега ја слушам
    http://www.youtube.com/watch?v=S_oMD6-6q5Y и ми се свиѓа. :)
     
  6. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Женски
    Marina Diamandis (Maрина Диамандис)

    и јас првпат ја слушнав и многу ми се допадна,и песните се убави,heartbreaker i primadonna ми беа нај нај,и веднаш ѓи ставив во телефонот и стално ѓи слушам.А инаку на youtube читав некои коментари,и велат дека имала сличен глас на katy perry,ама јас не се согласувам ,бидејки таа е природна и своја :D :inlove:
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.048
    Допаѓања:
    160.512
    Пол:
    Женски
  8. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
  9. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    11.905
    Пол:
    Женски
    На Tumblr му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TargaryenBurn

    TargaryenBurn Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    И јас сум Дијамант. :inlove:
    А Електра Харт, немам зборови... како дневникот да ми го украла :lol: :inlove:
    Сакам последниот дел од Електра да е Тин Ајдл(мојата песна) :inlove:
     
  11. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Марина ми е втората омилена пеачка, има специфичен глас и поради тоа и ми се допаѓа хаха :rofl:
     
  12. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.920
    Допаѓања:
    37.148
    Пол:
    Машки
    Ја слуша ли уште некој од тие што сте ја слушале во 2012? :lol:
    Мене новава ера досега многу ми се допаѓа. Поразлично од досегашниот стил, но сепак воопшто не се лоши песните.
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    11.071
    Зар немам пишано на темава? :?:

    Марина ми е омилената пејачка. Ја слушам од 2010, кога ја фатив Oh No! на MTV. Оттогаш ѝ ги имам преслушано сите албуми, кавери, необјавени песни и слично.

    Electra Heart беше мојот coming-of-age албум. Не можам да речам дека ми беше најомилен, затоа што сите нејзини албуми ги имам слушано подеднакво (читај: многу :lol:), но песните, текстовите, многу се совпаѓаа со периодот низ којшто минував. Просто не можам да одвојам која најмногу ме погодуваше/погодува: Primadonna, Homewrecker, Starring Role, Fear and Loathing, Teen Idle. Целата приказна зад албумот, естетиката, архетиповите, сè ми се вклопува и ми е генијално.

    Кај Марина ми се допаѓа тоа што не игра на сигурно. Со Electra Heart имаше голем комерцијален успех, па наредниот албум не го направи Electra Heart 2.0 за да си ја осигура популарноста. Напротив, Froot е скроз поразличен, поинтимен, и го направи сама со еден продуцент.

    Од новата ера, која едвај ја дочекав, има излезено само четири песни, и од тие ми е омилена Handmade Heaven. Baby стана многу популарна, но искрено не ми е омилена. Марина има толку добри песни и штета што требаше да направи песна со Clean Bandit (од којшто дел е и дечко ѝ) и Luis Fonsi за да ја пуштаат на радио. Superstar некако не ми легна, а Orange Trees ја немам слушано многу, но ми е забавна, заразна и има предиспозиции да ми го обележи летово. Сега го чекаме 26. април за да излезе новиот (дупли) албум!
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.920
    Допаѓања:
    37.148
    Пол:
    Машки
    И јас Марина првпат ја видов на MTV, ама јас сo Radioactive. Песната само еднаш ја слушнав, меѓутоа ми остана во глава и ритамот и нејзиното име, тогаш мислејќи дека е бенд. Потоа, Primadonna и воопшто не ми се веруваше дека е истата девојка, бидејќи во двата спота изгледа сосема различно. Јас не ја слушав многу, но ѝ ги знаев текстовите покрај Tumblr. Froot го немав долго време слушнато од излегувањето, додека случајно на Spotify не ми се пушти I'm Ruin и многу се опседнав.

    Baby, мислам дека беше добар камбек, бидејќи сега и Louis Fonsi и Clean Bandit се доста популарни, иако како песна и мене не ми се допаѓа толку многу. Ме зачуди кога видов само Marina, потоа дознав дека сама го тргнала другиот дел од уметничкото име.
    Што се однесува до новиве песни, ми се допаѓа како е вклопена продукцијата со нејзиниот глас, тоа најмногу ми се допаѓа и кај секој друг пејач. И да не е песната богата со не знам каков текст, мене не ми претставува некој проблем ко некои што се разочарани. Некогаш сакам да слушам и едноставни песни. Handmade Heaven ми е ептен смирувачка, а Orange Trees не ми излегува од глава. Superstar ми е генерално океј.

    На Твитер напишала дека со причина ги објавувала само песните од Love, така да јас не знам што да очекувам од Fear. :lol:
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    11.071
    Марина ги објави сите песни од Love:




     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.920
    Допаѓања:
    37.148
    Пол:
    Машки
    Некои фанови претпоставуваа дека прво ќе излезе Love, потоа Fear. Како и да е, ги слушнав сите песни и генерално ми се допаѓаат. Како што кажав, продукцијата најмногу бидејќи е многу поразлична од денешниве хитови и целата музичка индустрија моментално. Ептен chill за уши. :angel:
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.