Абе се плашам дека толку многу ќе се занесат со цените што нема да можеме ни острилката да си ја купуме ама ај
Ја користам оваа пудра на MAC и сум ПРЕзадоволна, не сакам да ја менам за ништо.Прв пат ја купив од Истамбул многу ми се допадна и сега си ја купувам од Солун пошо кај нас нема, за жал Сите производи им се топ.
и јас ја имам истата, ама искрено се разочарав од ефектот на моето лице, воопшто не ми е покривна ни кога стањвам 2 слоја, а дека е долготрајна да, ептен е. Инаку имам нормална кон чувствителна кожа и чисто лице и затоа се чудам што не ми изглеа убаво на лице. Сум пробала и со четка и со прсти да ја нанесам и ист ефект има кај мене. Исто така, не ми се допаѓа на слики како изгледа. А од карминот Ruby Woo сум презадоволна и од боја и од трајност (вреди за парите
Да , не е баш покривна пудрата , ако сакаш попокривна од MAC пробај ја фикс флуид ама види како ќе биде на твоето лице зашто имаш нормална кожа , можно е да ти го пресушува лицето. Јас имам мрсна кожа и ја користев лани и ми беше тешка некако за секојдневна употреба. Сега ја имам оваа pro longwear и иако средна и е покривноста според мене , ми се допаѓа колку е долготрајна на лицето. Јас купив денес и studio fix камената пудра па мислам ќе има поголема покривност врз течнава пудра
Јас сум зачленета на официалниот сајт и цело време ми стигаат кодови за попуст. Поефтини се од грција. Јас си нарачувам од тука а ми ги праќаат кај роднини и кој ке иди мк ми носи. 17$ е во usa
Знае некој кога треба да се отвори продавницата во Сити мол? Прееска поминав и ѕирнав малку внатре, хаос беше и уште не се ни почнати со реновирање. Тешко дека ќе стигнат до 15ти.
Цели куќи дигаат за 5 дена, а не па една продавница да реновираат. Надежно, можеби ќе стигнат на време
Од денес (за оние што порачуваат преку интернет) MAC ги има и на LookFantastic Цените им се регуларни, бонус плус е тоа што често имаат кодови со 20-30% попуст.
Пробав да нарачам, како прво попустот и кодовите не важат за мас, второ тие производи дури и виши пудрата во прав ми напиша дека не можи достава за бараните производи на вашата адреса, Значи не може за мк, и кодот за попуст не важи за сите производи, и плус се поскапи од USA
Претпоставував , инаку истото е и за козметиката Бенефит моја другарка проба да порача ама не можеше @leni_794
За сите не може? Јас сум пробала да нарачам од Estee Lauder ама не ми даде достава до кај нас. За кодовите ќе почекам, некои не се валидни за сите производи. А цените на MAC се најевтини во USA ама кога не можам да нарачам од таму ништо не ми значи. @koritsaki јас имам нарачано Benefit и ми доставиле Спојлер
Јас имам пробано неколку пати и повеќето не можеше, па за инат тие 2 што можеа не ги натачав Заборавив да прашам дали некој има искуство со оние веб- страни со кои си зскупуваш адреса во usa, па ти праќаат каде сакаш, не е скапо, ама незнам не сум пробала.
Пробав и јас, нејќе А со адреса во USA сум гледала опции и јас ама не ми се исплаќа. Треба поголема нарачка и кога ќе ме царинат овде ќе ми испадне поевтино да си купев авионска карта и лично да си ги донесам