Јас ја имав NC 20 ама да знаеш многу е жолта со коректор ми се неутрализираше малку. Пиши ми на инстаграм за да ти ги споредам Bourjois 53 i Mac NC20 една до другс и ке видиш дали ти одговара. Инаку пудрата е една од најдобрите што ги имам пробано.
Бев ја кармин да си купам , одвај цената ја најдов, уште потешко ја прочитав...1080 денари...за кармин...
А тек па кога ќе ги видиш пудрите од по (речиси) 50е. Шала на страна, скапа ми е и мене нивната козметика и не знам колку би купувала MAC козметика откај нас (можеби на попуст, ама пак ќе потенцирам можеби), ама мерак ми е да си имам во несесер барем пудра и кармин од бренд како MAC. Не од препич или од моментот „силување на социјални мрежи со - леле види MAC ми е“, туку за да ми се најде во некои по такви прилики. Има разлика пред сè во трајноста, а потоа и во сè друго. Не е иста шминката кога се шминкам со Буржуа и со MAC или Lancôme на пример - досега само тоа сум пробала од повисокобуџетна козметика. Сепак и кој во што ужива - мене навистина ми е уживање козметиката, па можеби затоа така гледам на тоа.
Не се кармините 1308? Мислам дека до сега ниту еднаш немало попуст на производите, а ептен ми е мерак да имам нешто од МАС. Скапо е да се апдејтнеш од дрогериска на високобуџетна козметика.
Јас имам неколку кармини MAC и мое мислење е дека се малку преценети. Квалитетот не е нешто кој знае колку подобар од Golden Rose Velvet Matte кармините, ама затоа цената им е набилдана пошо нели high end козметика и народот се лаже дека добива кој знае што. Тие што ги имам со мат формула се океј, но ја имам и Chatterbox нијансата со сјаен финиш и можам да кажам дека е ужасен кармин. Вака на swatch е супер, кога ќе се нанесе на уста океј ама затоа после еден саат се растекува на сите страни и остава траги на уста што не се чистат лесно. Им давам рака за изборот на нијанси и пакувањето, ама имам кармини поевтини, а подобри.
Мене повеќе ми се допаѓаат течните кармини, а од обичните имам 2 и не можам да ги споредам со Голден Роуз - ниту со течните ниту со обичните. Ептен има разлика од Аура течните мат кармини на пример (од кои посветлите нијанси ми се бришат од пола уста со неколку голтки кафе и нема шанси да издржат без фиксатор) или Голден Роуз. MAC не го брише ниту кафе, ниту мрсна салата. Голден Роуз без фиксатор го снемува на првиот гриз. Ruby Woo најмногу ми се погоди, Heroine на пример ми е малку сув и покрај тоа што нанесувам балзам. Ама дека можат да се споредат со поевтините од типот на Голден Роуз и Есенс - не би рекла баш.
Essence немаат убави мат кармини и не се воопшто долготрајни, а никаде не ги спомнав течните кармини на Golden Rose зошто не ми се допаѓаат. Конкретно линијата Golden Rose Velvet Matte за мене е на исто рамниште со MAC Matte кармините само што се малку сиромашни со нијанси.
Мене не ми се исти Голден Роуз и МАС, без разлика дали се работи за Велвет мат или за течните - тотално исти се и многу лесно се бришат. И никаде не реков дека ти ги спомна Есенс, туку ги наведов како пример за нискобуџетен бренд. Кармини имам од речиси сите дрогериски брендови, кои поскапи, кои поевтини и на прсти се бројат оние кои ми се допаѓаат и кои можат да се најдат тука (не сакам да нарачувам онлајн, сакам да ги пробам како ми стојат), можеби само Боржуа Rouge колекцијата. И пак не може да им парира на Ретро Мат кармините од МАС во однос на трајноста. Или пак Севентин мат линијата - за мене една од најужасните, а гледам дека доста девојки ги фалат нивните кармини. Мене устата ми се лупи од нив, сите ги фрлив. Не е во прашање фаворизирање на МАС како високобуџетен бренд, туку едноставно сум задоволна од тоа што го нуди. Има и fail колекции, не дека не - уште ми е криво што си ги дадов парите по Charlotte од лимитираната колекција, не ми се допаѓаше пигментацијата кај нив. Сепак повеќето производи кои сум имала прилика да ги пробам нудат квалитет, а кај нас се прескапи и не би купила од тука.
Еве ќе пишам и јас општо што мислам за MAC производите. Имам пробано скоро се - од кармини , имам вкупно 6 , 1 ретро мат Ruby woo , 1 creamsheen Cup de nude , другите се мат. Да бидам искрена, највеќе ми се допаѓаат ретро мат и мат кармините , иако ретро мат се многу суви , најтрајни се од сите. И да јадете и да пиете со ништо не се вади. Последно имав купено кармин од creamsheen линијата- ми се допадна нијансата, но сама не ја носам туку со кафено моливче и навистина убаво ми стои. Ама ме нервира што е леплив и веќе не би зела ништо од оваа линија колку и да имаат убави нијанси. Мат кармините што ги имам се бои што ретко можат да се најдат од др фирма , но искрено не се и нешто мн трајни. Јас го имав тој Heroine и го зрмав зашто беше префален на нет , ама требаше 100 пати да го поминам на усни за да се познае нешто. Значи имаат и fail кармини тоа да. На Голден роус тие Велвет мат се навистина слични да кажам и исти со на мат кармините на Мак тоа се согласувам. Течните мат кармини на ГР се мн суви за мој вкус и веќе не би купила. Од ретро мат течните кармини немам пробано ама искрено не ми се даваат 25 евра за кармин ај 14 евра некако е по друго.. Пудрите ,течните, камените и во прав се многу квалитетни спрема мене , поготово fix fluid e предобра за масна кожа. Ми се допаѓа што имаат доста нијанси кај нас пудрите се движат од 19 до 28 евра што не е и прескапо за толку добра пудра -Хајлајтерите им се супер , пигментирани и имаат разни нијанси -Последно купив едно руменило Harmony и го користам како бронзер- навистина многу ми се допадна. Имам и едно моливче за веѓи ама не е нешто посебно Edit: И коректор за очи имам , поточно pro longwear ,ми се допаѓа многу, убаво покрива иако мене не ми треба толкава покривност, бидејќи немам проблем никаков , само ме нервира пакувањето , треба да внимаваш колку ќе ја стиснеш пумпичката, доволно е една мала точка.
На Боржуа 53 одговара nc30. Поточно јас бев да видам за нијанса во Mac Сити Мол и таа ми се погоди, баш се исти нијанси. @koritsaki кога ќе има попуст пак кај вас?
@koritsaki морам да ти кажам за карминов Heroine, нешто не е во ред со тој што го имаш, го имам веќе некое време и остава ептен интензивна боја уште од прво нанесување.. И кога и да го ставам (ретко зошто е специфична боја) нема кој да не ми го пофали
Од моето искуство, кармините им се супер, барем тие што ги имам. Heroine го немам, за него не можам да кажам, во мојата колекција се наоѓаат Lady Danger, Ruby Woo и Rebel. Од сите сум презадоволна во однос на пигментацијата, а Ruby Woo е непобедлив во однос на трајноста заради ретро мат формулата. Со ништо живо не се вади. За периодов ми е хит Rebel, преубава бургунди нијанса со розов/виолетов подтон (боја на црно грозје ми има), ја обожавам. Од формулите на кармините, satin ми е омилена, каков што е Rebel, кремаста и удобна за носење без да ги пресуши усните.
ББ пудрите како ви се свиѓаат? Може задоволни незадоволни да псоделите? Ми треба пудра веќе подолго време не можам да си најдам број. Бев вчера во Мак и видов ББ таман ми е бојата, ама си реков прво да ве прашам за помош. Заборавив да прашам за цена, ама сигурно не е ефтина. Ова го гледав вчера. Ми треба лесна и трајна пудра. Совет???
Па нели Mac е фејк козметика кај нас зошто толку е скапа... Лично јас ништо немам земано од овој бренд па немам искуство,но ме интересира сенките дали имаат висока пигментност?