Има во Солун? Ваљда има на повеќе места а? Сакам да си купам нешто од фирмава. Цените прифатливи се за нас, или???
има на цимиски, а цените се дискутабилна работа за некој е прифатлива за некој не. слични се со ланком, диор кај нас..
Од MAC добив на поклон сјај за усни, пудра и сенки, ми ги донесоа од Англија. Ги прорасчепкав цените на интернет и искрено никогаш не би фрлила толку пари за шминка. Е сега, за квалитетот ич муабет не правам, сјајот е преубав, исто и сенките (а за пудрата не знам зошто не ми ја погодија нијансата), ама Max Factor или Manhattan пудрите ми се супер, а и сјаевите на Авон и Нивеа исто така не се лоши. Едино би купила четки зошто сите ги фалат. За нив парите би ги прежалила зошто сите четки што сум си ги купила до сега или ми се искубани, или ми се скршиле или ми оставаат траги на лицето, за на крај при толку четки да се мачкам со раце.
Јас не би купувала од мас, цените им се многу високи а има полно други брендови кои ги нудат истите производи кои се исто квалитетни..ги гледав четките од мас кога бев во Велика Британија летово, и една четка ти е накај 20 фунти -.- абе ајдеееееее не би купила ни четки!!! прескапи се..и кај нас може убави да се најдат
и јас не би дала толку пари за шминката на мац без разлика колку се квалитетни има денес квалитетна и убава шминка а за прифатливи цени а за четките не правам муабет и јас би ги прежалила парите и би купила.
за NARS малку ќе сонуваш нема ни мац да го донесат тука а камоли оваа фирма па кој ќе купува јас не знам?
Сонувам да си ја купам MAC палетата од 88 сенки и професионалните четки за шминкање, ама тоа можеби кога ќе почнам да си работам Како замена ја нарачав Costal палетата, имитација на MAC и искрено сум презадоволна од квалитетот на сенките Ама MAC си е MAC
Зошто воопшто коментираме за NARS & MAC?! Ретко кој од нас ги пробал, па и да ги пробал не видел сигурно секој се од нив Скапи се, ги знаеме и повеќе од пола сме како демек wow пошто сме слушнале друг како збори за нив итн. Џабе си правиме лиги мислам, особено гледајќи по тоа дека никогаш нема да се продаваат тука, а и да се продаваат по тоа колку сме како држава јаки финансиски одма ќе затворат
Не се воопшто јаки нијансите. МЕК палети има со нијанси од 10001 па назад. Ги има сите бои и меѓу тонови. Јас имам една палетичка со поприлично неутрални нијанси оваа: И ја обожавам. Еве веќе трета година си ја користам безгрижно Најупотребуваните нијанси ми се под-потрошенки, но бидејќи воглавном нијансирам, има уште бајаги да ја исцедам... ************************************************************************ Имав и три четки, но сега имам две 212-ката Oваа, господ да ми ја поживее, ја пре-употребувам, најомилена ми е и нај практична. И аглови со неа си работам, и линии потенцирам. Имам наменски четки за тие области и воопшто немам потреба да ги користам 231-ицата Оваа, врши работа, трае, но не е толку користена како горенаведената... Никогаш непреболената134-ка И оваа...Прекрасната четка за бронзер и руменило повеќе не е меѓу нас. На Аларм Фестивал ми ја дигнаа од шатор со цел несесер шминка...А намерно внимавав да не земам некои брендирани козметики, бидејќи фестивал, шатор...ама од четката неможев да се одвојам (и од уште неколку квалитетни парчиња) Ах.. Но уште по траги-комична е приказната за инцидентот. Спојлер Шминката ја ставив во футролата од камерата (демек да ја скријам ), а камерата ја шетавме сегде со нас...Кога ни упаднале во шатор се фатиле прво за камерата (т.е футролата ) и избегале мислејќи дека ја украле камерата. Бар ако ништо друго, они мене ме зафркнаа ама и јас нив Сума сумарум: пре-задоволна сум од МЕК-овата козметика, и кога би имала можности би си ја комплетирала
Овој кармин си го купив од Истанбул, 20 евра. http://www.maccosmetics.com/product/sha ... index.tmpl Сега во Солун ќе одам, па може и ќе си купам нешто. Уствари сакам се, ама и со едно ќе сум среќна
http://www.ioffer.com/i/mac-88-colors-e ... -149301539 доооста ефтиноооооооооо уште виза картичка да имав Oдма ќе ги нарачав
Лудо фалсификат е палетата од линкот. Затоа е толку ефтина. Преполно е фалсификати на MAC по интернетов.
A јас се порадував Kако и да е, убаво изгледаат сенките ќе и кажам на тетка ми да ми ги донесе на лето Hе се скапи, а коооолку нијанси има, се исплати, дури и да е фалсификат...
Не, не се на попуст. MAC не прават 88 палета. Една сенка од MAC е некаде 18 долари. И јас се израдував кога видов прв пат ваква палета, ама сомнително ми беше и се заинтересирав. Друго по кое се познава дека е фалсификат: палетите на МАC се со мат финиш (пластиката), а оваа е сјајна и остануваат прсти. Овде не се гледа, но на други слики може да се види дека на внатрешната страна од капакот има огледалце и два сунѓерести апликатори. MAC и такви апликатори? НЕ! Плус, на официјалната страна од MAC не се ни спомнува ваква палета. Ако сакате да бидете сигурни дека е оригинал - се порачува само и само од официјалната страна. Има и српски он лајн продавници кои нудат MAC. Штом нудат вакви палети, претпоставувам дека и другите производи се фалс. Интернетот е буквално преплавен од кинески MAC. Е сега, една познаничка има палета 88 на која пишува MAC и не можам да речам дека се лоши сенките, ама MAC не се. Далеку се. Значи - 100% фалсификат.
побарав утрово од оваа козметика ..знаев дека ја нема но од кај знаеш ,да се пробам ај ..кога и реков на продаваката чудно ме погледна ..
мераци се сенкиве...уште да ги имав и да знаев да се нашминкам со нив.Нема да знам која попрво да ја нанесам од толку многу.