Пудри за комбинирана-мрсна кожа се fix fluid , prolong wear и prolong wear waterproof. Prolong wear во стакленото шишенце е најлесна од останатите две , водоотпорната верзија во туба е многу по трајна. Исто така добра е и фикс флуид. Која и да земеш од овие три нема да згрешиш. Јас се воодушевив од prolong wear водоотпорната пудра , моја другарка ја купи и навистина како што велат е водоотпорна. На листата за купување ми е. Коректор ,со сигурност prolong wear concealer ти го препорачувам , јас минатата недела по втор пат го земам , и долго трае , само треба да внимаваш како ја стискаш пумпицата бидејќи излегува доста од коректорот , со тек на време ќе се научиш. Мислам дека во Македонија не ставаат попусти - ептен на некои нијанси што многу многу не се продаваат , сепак види си прашај. Во Грција моментално има 20% попуст на се. Течните пудри во Грција на попуст сум ги купувала 26-28 евра , коректорот 18 евра
Одредени. Лимитирани колекции и mac goodbyes. Најчесто нема ништо посебно, ама помини може да си најдеш нешто.
Girls инфо: у MAC у Солун има -30% на целиот асортиман. Сенките во рефил се кај нас се 850 - 1250 ден, моливите за очи се 1100 - 1500 ден.
А дали некој ги има користено моливчињата за очи да ми каже колку се пигментирани и каква им е трајноста. Да купувам или има подобри и поефтини?
Даваат ли тестери од течните пудри кај нас? Немам користено а сакам да пробам пред да купам, знам во други земји даваат тестери. Знае некој?
Јас од кога пишав те прочитав. Така ми треба. А потребен ли е прајмер за под пудрата студио фикс или пак не?
Девојки, дали некој знае кој е бројот на кој може да се јавам во продавницата на Mac, би сакала да прашам нешто?
Ми треба некое суво масло или лосион за тело кој дава баш wet look. Има ли некој таков производ на Mac? @koritsaki ќе те означам тебе пошто знам дека скоро се од брендов ти е познато иако добредојдени се сечии мислења.