Ова е масло за лице и тело , се мешаат 4-5 капки со кремата за лице или пудрата или пак можеш самостојно на лице да го нанесеш. Исто можеш и на тело да го користиш мешајќи го со лосион или путер за тело. Јас го немам користено маслово но сум го видела во Mac кај нас во Грција цената е 30 евра без попуст
Претерале бе. 10 евра се кармините во Малта. 12 евра моливчињата. 10 евра самостојните сенки. 15 евра коректорите.
Вчера видов од излогот дека во продавницата на МАС шминкаа една жена. Имате некое инфо за ова? Дали се закажува, цена и слично?
Шминкаат. Барем овде у Малта има и цени. Треба и кај нас да има. За Pro Long Wear пудрата да пишам нешто. Ја носам моментално ко за прв пат. Нијанса nc20, има сува и течна текстура при нанесување ставате многу малку. Кога ја размачкувате добивате чувство на сувост што значи веднаш легнува на кожа. Немате чувство дека имате пудра на себе,но мене не ми изгледа дека е покривна. Тоа го забележав кога ги покривав темните кругови и не ги покрива. Од трајност ја носам 2 часа а ќе ја носам до вечер па ќе пишам мислење. Позитивно е што не се осеќа на лице и не сум бела. Би сакала да знам колку чини кај нас.
@buba4e89 во Македонија е 2400 денари. Јас во Грција ја имав купено за 28 евра тоа е околу 1800 ден. Инаку да, се согласувам ,не е покривна. Fix fluid е каде каде попокривна од Pro longwear
Значи иста цена држи. На сонце одма се "брише"не е за во лето и тоа забележав. А пумпицата знаеш ли? Овде 5.50.
@buba4e89 пумпицата за fix fluid како што ме држи сеќавање ја земав околу 250 денари и тоа баш лани зимата од Мк
@buba4e89 Знам дека некаде шминкаат ама во Македонија не. Имам прашувано лично јас, демонстрираат при купување.
Јас бев да прашувам нешто минатата недела, ми рекоа ако сакам да ме нашминкаат бесплатно па потоа да се одлучам дали ќе ми се допадне и ќе го купам производот.
@Kimberly11 таа првата палета ми се чини дека во Мк е околу 2600-2800 денари како што се сеќавсм дека ја видов во Сити мол , ако грешам поправете ме. Во Гр кај мене знам со сигурност 40 евра е а на попуст сега е 32 евра. Јас би ти препорачала да си видиш и во Инглот , може да си направиш помала палета со твој избор бои а и може поевтино да те чини
10 евра поединечни сенки тука. Ако направиш 4 или 6 мислам гратис идеше кутијата. Инглот исто нешто слично со пониска цена од 10 евра.
Околу 40 евра се пудрите , за комбинирана е prolong wear и studio fix fluid - ако сакаш попокривна пудра