@buba4e89 цените во Малта си ги научила на памет, ама со тукашните слабо стоиш.. MAC Studio Fix Fluid кај нас е 2.140 ден, што поточно е 34.8 евра, те молам да не даваш погрешни цени... Само ако е од MAC продавница! Колку за инфо, повеќето фејк MAC производи кај нас што ги продаваат на ФБ ги набавуваат од Турција..
Ова е супер цена. Јас бев во Турција во Јули, 1 евро беше 5.2 лири, сега имаа голем пад на вредноста на лирата, а цените им останаа исти..
Јас последниот пат пред 4 месеци прашав на фб е 2240 денари ми одговорија. Толку и кажав. Мислам не мора дрско да ми враќаш пошто разликата е многу мала 100 денари. Ти изгледа работиш таму па толку се испозасекира. Моја грешка е во еврата 42 сум пишала, не е погрешна информација,погрешно сум пресметала во евра. Цените на пудрите не биле повеќе од 32 евра, може пониска да биде. Прашав на повеќе различни локации во Малта. Некаде имаше и попуст,моментално имаа некоја акција на попуст. Затоа во иднина би било добро да ги намалите пудрите оти само во Мкд се билдаат цени.Поздрав
Дали некоја од вас ги има пробано овие кармини на MAC? Ако некоја ги има користено и на Sephora lip stain (бидејќи јас овие најчесто ги користам) би сакала да ми ги спореди со овие на Мак , би сакала да пробам еден ама не знам дали вредат за тие 20 евра
8 евра не е мала разлика.. Да, се засекирав што даваш погрешни цени, затоа што не се точни и ги доведуваш во заблуда тие кои ќе прочитаат.. И да, работам во позадина за MAC, тоа не го кријам.. Можеби мојот пост беше малку дрзок, но бев испровоцирана од твоето постојано повторување дека кај нас се "билдаат" цените. За да не те мачи повеќе ова во иднина, ќе ти објаснам како функционира MAC: самите си бираат локал, самите ги избираат вработените, тие го одредуваат портфолиото производи и нивните малопродажни цени, постојано доаѓаат во посета регионален менаџер одговорен за дуќаните, тренери за обука на вработените, многу често испраќаат mystery shopper кој дава оцена за услугата, се се работи под строга контрола и мораат да се следат нивните насоки.. Да сумирам - цените се онакви какви што тие сакаат да бидат, не е оставено на нашата волја.. Инаку, пудрата е и кај нас на попуст. Поздрав!
Секогаш се билдаат цените бидејќи во Турција е 20евра,а овде е дупло повеќе и од било каде. Реално ова не се случува само кај нас и овој бренд. Исто со билдањево го имам забележано и кај други брендови. Ги следам Mac нашите и странските и правам споредба и секогаш мислам дека странските се подобри. Ако јас сум ја платила 1800 денари во Грција, зошто некој во Македонија ќе плати 2240 + -. Не е мала разлика,некому му се многу а некому малку. Тоа е тоа што се вели се качува цената. Плус јас два пати кога бев кога се отвори ми рекоа дека немаат намера да спуштат цена на пудрите и ако сакам можам у Грција да си ја купам. Поентата ми е дека ако пудрата секаде е 1800 денари,зашто само кај нас е 2000 денари? Дали официјалниот mac знае дека цените им ги качувате во Мкд,додека во странство цената е иста? Сметам дека принципот на работа е ист во секоја mac продавница.
@buba4e89 Немам намера повеќе да се објаснувам, мислам дека доволно објаснив претходно.. Можеш слободно да испратиш поплака до MAC во врска со цените, ќе ни направиш услуга. Инаку јас би ти препорачала, не од Грција, туку да си ги купуваш од Турција
На официјалната страна сега приметив, конкретно за кармините...има и mac mini lipstick, 10евра. Која е разликата, само во големината? И дали ги има кај нас?
Да , разликата е само во големината и ги нема сите нијанси , само одредени. Кај мене овде во Гр ги има за во Мк не знам
Ги има и кај нас, чинат околу 700 и нешто денари. Според мене не се исплатат, додади уште 600 денари и ќе си земеш обичен кармин кој има поголема грамажа од мини кармините.
вие сте слушнале за царина? знаете колку е царината при увоз кај нас? изгор. земјите во еу не си плаќаат царина и затоа им се тие цените. кај нас е се поскапо пошто тие што увезуваат плаќаат царина и значи мора да биде се поскапо за да можат да си платат царина иначе сите увезувачи ќе бидат во загуба. кој би работел со загуба? ама неееее ние не сакаме во еу, па сега плаќај си македонче хаха ајде сега малце помош, која мас пудра е за сува кожа, и да не биде лицето зацементирано туку хидрирано и да свети, односно да има dewy ефект. фала