Девојки утре планирам да го искористам попустот да си земам кармин од новите Powder Kiss, и сакам уште нешто, пудри имам еден тон па мислев маскара некоја да предложите? @koritsaki ?
Јас оваа би ти ја предложила , пред 2 години ја имав маскарава и беше одлична , трепкиве ми беа како на девојкава погоре . Сега барав да ја купам пред некој ден ама беше распродадена лесно се вади , дури и само со вода слушнав дека не содржела некаков си восок како што содржеле другите маскари , сека колку е вистина не знам. Исто така ја имав и оваа и беше добра ама многу ми ги слепуваше трепките , ако можеш да ја пробаш таму па да си видиш Кажи ми ако купиш , како ќе ти се допаднат тие новите кармини Powder kiss
Еве јас бев да земам пумпица. И не ми менува ништо едни 67 денари минус, ама кога веќе имате на сите производи попуст нека има и на пумпица, зашто некој може си ги планира парите. И со невкусните коментари правите никој да не ви влезе веќе.
Новогодишните колекции се сон!! Ќе се распаднев, преубави работи има. Па тие малечките Fix+ какви беа
@buba4e89 ја прашав колешката која го води овој бренд зошто не ти дале попуст, одговорот е дека попуст не се давал на пумпици, празни палети за сенки и слично.. На објавата за попусти беше назначено дека не важи за Viva Glam кармините и Holiday колекцијата, меѓутоа за ова мислам дека си во право, требале да даваат или однапред да назначат дека не се вклучени.. Секако следен пат кога ќе има ваков попуст со сигурност ќе бидат вклучени и овие артикли.. Што се однесува на невкусните коментари, доколку тоа се случило во продавницата те молам да ми пишеш во приватна порака и да ми објасниш што се случило.. Поздрав!
Ја купив Studio Fix Fluid, таму ми ја одбраа нијансата N5, неутрална. Јас се' мислев жолтеникава сум, ама ете за Mac не сум. Чудно ми е, зошто секогаш бирам пожолти нијанси, пример Буржоа 54 beige е прилично жолта Не знам за друго, ама таму ме ишљакаа сп многу прајмери, па ептен ја разредија и не ми личеше на баш покривна, дома со мојата стандардна рутина - др. Хаушка од роза на цело лице + Benefit Porefessional само на носот и околу носот, дефинитивно многу попокривна ми искочи. Мат е, ама не ми личеше како да ме суши, онака лабаво мат. Е за конкретно дали пак ќе ја купам, треба и да ја поносам некое време, мене ме воодушеви што со ептен малку цело лице го покрив, зборувам за еден слој, не за вечерно caking Сакам да ве прашам, спрејот Fix+ го имате? Се мислев да го купам, по Јутјуб гледам им е must have, ама не знам. Инаку, со солидна покривност, но не мат, нешто како Буржоа Хелти Микс, која им е?
Буржоа Хелти Микс, така? Оти од пудра до пудра врска им немаат нијансите. Ако имаш слика поставено, тагни ме
Не се сеќавам која нијанса ја имав земено од таа, навистина ја имав погодено, ама ако се сеќаваш лицево како краста ми стануваше од што ми беше пресува. Затоа Хелти миксот ми е 100% погодена за дневна, а и ноќна ако не сум на некој ептен свечен настан. Сакав и серумот да ја земам, ама никаде ја нема.
@CameliaMiller мене обичниот спреј Fix+ не ми е ништо посебно , среќа никогаш не сум помислила да го купам во поголема количина , туку пред неколку недели кога купував кармини од MAC над 30 евра сметка ми го дадоа спрејчето како подарок во шишенце од 30мл. Ама не е ништо посебно, единствено дава некоја хидратација , го користам само кога нанесувам сенки на очните капаци , да излезат поинтензивни. Јас го имав купено спрејот Fix+ Matte и тој го искористив до последна капка , тој ми се допадна , навистина го матираше лицето ама не до тој степен да ја суши кожата. Ако сакаш фиксирачки спрејови, да ја држат шминката под контрола цел ден , MAC немаат такво нешто
Јас имам сува до комбинирана кожа, на образиве се' ми е мат Хидрирачки работи купувам, инаку никаков сетинг спреј немам, со обична вода прскам на четката
@CameliaMiller за Fix+ би ти рекла - за интензивност на металик сенки, нема нешто подобро. Само прскам на четката и сенката добива друга димензија. Металик сенка немам нанесено сува со години За врз шминка, ми се допаѓа што убаво ја сетира завршната шминка (камена пудра, бронзер, руменило, се тоа убаво се претопува со кожата). Го вади оној прашкаст ефект и баш дава dewy сјај на кожата. Дека ја продолжува долготрајноста, воопшто не, само помага да се претопат сите слоеви убаво и да не изгледа cakey. Ти пошто имаш сува кожа, ефектот ќе ти се допадне. Баш здрав сјај дава Fix+ matte не е за тебе За пудра немат, ја имам Prolongwear waterproof и ок е. Доста трајна, но не предолготрајна. Јас со мрсна кожа морам да ја сетирам Т-зоната, за сува и нормална би била супер. Лесна формула, многу полесна од Studio Fix Fluid, а покривна
Не ми треба мене 20 саати трајност, туку 6-7 саати на работа, навечер 3-4 саати, така што трајноста 8+ саати мене искрено ми е небитна. Значи следно Fix+ на листа, сакам таков dewy сјај, предолго матирана шетав Инаку ја нарачав Soft Glam, среќа MR беше out of stock на Бјути Беј, иначе не знам како ќе се одлучев
@CameliaMiller Тогаш супер ќе ти е пудрата. Јас на работа ја носам секој ден и супер издржува. Муабетот ми беше, ја рекламираат како долготрајна, но не е предолготрајна. Таман за работен ден, или за излегување. За Fix+, земи си мало шишенце прво, пробај го, да видиш дали ќе ти се допадне, мада јас мислам дека за сува кожа е одличен. Мене за на лице ми е малку ту мач, дека мрсна кожа имам, го прскам само ако имам потешка шминка (со камена, со сите салтанати), дека не ставам камена секој ден, освен на Т-зоната. Јас Soft Glam од следна плата ќе си ја купам, пред НГ, сега еден куп пари испотрошив, не ми е неопходна уште одма. А и минатиот месец UD Naked си ја купив, зошто ќе ја дисконтинуираат (зборов) Кога сме во темава за MAC, да кажам дека карминот Fabby ми е омилен периодов. Frost финиш е, како металик, а нијансата е сон. Се прелева, праска-розе-златеникаво Не е мат, а е многу долготраен, дури и после јадење стои
Па јас земав плата... и ја потрошив Следно после Божиќ... тогаш MR не ми бега и Fix+ А и некоја четка на Сигма... и пак од милостина ќе живеам