Имаат понекогаш , само ако имаш среќа со нијансите на пример нијансата medium од Blot пудрата ја земав пред некој месец со 20% попуст од Сити мол
@koritsaki Јас освен оние 3 производи што им се на -40% цело време и попустот од -20% на блек фрајдеј немам ништо начекано.
Zdravo devojki ke moze da mi kazete koja od Mac pudrite e so najgolema pokrivnost(imam dosta akni) i cena od prilika ako znaetee
Една од овие две , првата мислам повеќе би ти одговарала. Пробај ги и двете , јас и двете ги имам користено и сум презадоволна. Имаат тестери во Сити мол , а цената им е околу 2400 денари.
Решив да инвестирам во навистина добра пудра, па би сакала да ми помогнете и да не зажалам за парите. Инaку имам комбинирана кожа, повеќе накај мрсна, и не ми треба некоја огромна покривност само колку да ми изедначи.
Ѕирни ја оваа погоре од сликата што е во стакленото шишенце Studio fix fluid или пак Pro long wear поточно оваа - покрива нешто помалку од Студио фикс ама и двете се супер за комбинирана- масна кожа.
Мене ме интересира мислење за оваа бб крема на Мак , prep+prime beauty balm spf 35? Дали е добра за помрсно лице и какви се нијансите ?
Женски јас сакам да прашам дали сте ги користеле оние fix+ спрејовите со кокос , лаванда и ружа? Пред некоја недела купив два кармина , едниот нијанса Syrup ( од Lustre линијата) и од новата линија на кармини Powder kiss , поточно influentially it. Првиот го користам скоро секој ден , навистина е лесен на усни , не ја суши устата е ама не е траен , lustre кармините немаат никаква трајност. Постојано си го нанесувам и тоа е тоа Вториот е исто ок , не чувствуваш дека имаш кармин на устата , нијансава се носи обавезно со комбинација на моливче малку потемно , вака убаво стои на усни. Е сега не ми се допаѓа вкусот , благ е , буквално како шербет да ставиле во карминот и сигурно сите камрини од оваа линија се такви не им требало ова..
Ви кажував за ваучерот што го добив, бесплатното шминкање, ептен задоволна од односот на вработените, а посебно Катерина која ми кажа за петнаесет минути пробување на пудра, следен пат ако се одлучам. Затоа што бев воодушевена од покривноста, и можам да кажам дека со сигурност MAC се бренд што со право си држат цена. Леле луѓе, фацата ми беше како на порцеланска кукла, имав една посебно изразита пора - ја снема. Прашав која пудра ми ја става, рече оваа: Сте ја пробале? Инаку дефинитивно ќе земам, само колку е оваа пудра, зашто добив предлог да ми ја донесат од странство 1700 денари, 30% studio fix fluid. Се мислам за неа, барем неа прво да ја пробам... Која е подобра? Што би ми препорачале? @koritsaki ќе ја тагнам посебно
Да ја имам користено оваа во тубата лани ова време ја купив , ја земав зошто е водоотпорна и ако имаш мрсна кожа е идеална за лето. Бев многу задоволна. Има под истово име по лајт верзија , во стаклено шише на има далеку помала покривност во оваа од туба. Штом ти се допаднала - земи си ја оваа и fix fluid не е лоша само ако бараш покривност таа што ти ја ставиле на лице е по покривна. Цената не знам која и е во Мк , јас од Гр ја имам земено на 20% попуст (а и моментално имаат попусти) од 37 евра е намалена на 29,60 Во Мк би требало да е околу 2400
@Valencia оваа е по покривната верзија од пудрава. Водоотпорна е , ако имаш помасна кожа е одлична. И потешка е. А оваа е таа полајт верзија што викам И двете ги имам пробано , вторава пудра не е толку покривна како првата , ама можеш да ставиш и втор слој по потреба. Полесна е во споредба со првата , и можат пак тие со нормална - комбинирана , до мрсна кожа да ја користат