10e е малото и има 30мл, големите пакувања се по 35е за 50мл. Можеш да ја користиш Studio Fix за секој ден, што знам, сè е до навика и до тоа дали ќе ти одговара формулата. Мене ми беше супер.
Која течна пудра на MAC би ми ја препорачале? Имам комбинирана кон масна кожа, релативно сочувана, немам белези и акни, имам пори со оглед на типот на кожата и сакам некоја полесна пудра што ќе ми го изедначува тенот и ќе ми дава ефект на порцелан а да не е тешка со фул покривност. Ми треба за секој ден
@Glossy-girl најтрајни мат кармини од MAC се тие од линијата retro matte и matte. Има два типа од ретро мат - течни и обични кармини. Nude од обичните е овој , но не е онаа месо боја, ако бараш таква Течните nude се овие, нешто поскапи се од обичните Од матот , јас би ти ја препорачала нијансата velvet teddy
Јас Многу е течна, покривноста е слаба , но може да се надоградува без да изгледа ко маска. За тие што имаат проблеми и лузни на кожата , не ја препорачувам.Не е со пумпица , со пипета се нанесува , тоа единствено ме нервираше Јас имам мрсна кожа и со камена пудра ми беше супер. Општо бев задоволна
Епа такво нешто барав. И јас имам масна кожа но немам акни, лузни и некои позначајни флеки, малку поизразени пори што е и типично за масната кожа па си барав нешто што ќе изгледа природно и неприметливо, за секојдневна употреба а сепак да го изедначува тенот видов дека има и SPF30 што е супер така да штом си задоволна ќе си ја земам и јас. Фала ти Едит: Само уште нешто, меѓу неа и било која друга Mac пудра која би ми ја препорачала а да одговара на потребите што ги наведов, во случај да има нешто подобро? Извини, малку запрашувам ама немам користено голем број пудри од нив
@Leat , друга слична (по структура ) е оваа face and body Ја имам пробано на тестер , иста е таква течна само што нијансите се чудни некако, и најсветлите се доста темни (барем за мене) е сега дали е за комбинирана- масна кожа мислам дека не е баш , ама треба да пробаш на лице. Или ако некоја ја пробала нека пише. @Rose96 ја има пробано мислам Друга , погуста малку е prolongwear ама таа во стакленото шише со пумпица. И оваа не е мн покривна ама финишот не е dewy како тие погоре. Има и добри нијанси како waterweight пробај ги и трите , сигурно ќе најдеш некоја што ти одговара
Колку е цената на регуларна големина на matte кармините а колку на мини верзијата? Се исплати ли да се купи мал?
Сакам да ја искористам акцијава што е со сметка над 3.000 подарок кармин. Да си земам пудра и маскара и кармин ете . 2 нивни кармини имам и ниеден не користам,ама ај мерак
Од Мек ми го препорачаа овој прајмер. Вака на рака пробан не е лош едина мана е што има светки, а тоа не ми се свиѓа. Вие што мислите?