Преку сестра ми во Германија Секогаш кога има добар попуст ми порачува. Но утнувам со нијансиве скоро секогаш
Различни се кармините на нет и во живо, колку пати се имам зезнато и затоа престанав на слепо да зимам ако претходно го немав видено во живо.
Ne postoi podobar ☺️ Ne se razmackuva na kapak, lesen e za nanesuvanje i mn e traen. Samo ne e sjaen kako drugite tushevi i ti treba dobra cetka za nanesuvanje.
Da, ako ti stoi dolgo vreme otvoren, moze da ti se usisi. Znaci dodeka se sminkas, prevrtuvaj go da stoi sekogas zatvoren
Zdravo kako ste zadovolni so mac pudrata sakam da zemam pa nz mn za nea mn ne sum ja probala,a citam deka ima mn zadovolni. Koja e cenata kaj nas i kaj e najubavo da se kupi ?
За која пудра поточно те интересира? Пудрите се од 2400 ден па нагоре. MAC моме да се купи само во city mall трговскиот.
Ја немам пробано ама ако помага да не се разлева(bleeding околу уста) црвениот кармин би ја пробала. Мене ме интересира за paint pot крем сенките, дали некој ги користи. Ја имам Painterly ама ја користам како база или самостојно и туш врз неа. Презадоволна сум, тушот ми изгледа понаситено и не мрда, сенките не мрдаат буквално цел ден. Е сега сакам да пробам и други бои, металик нешто, како би се блендале не знам, па ако има некој искуство
Paint pot soft ocher ја имав купувано порано, за под сенка супер беше. Сега нивната база од prep+prime за сенки ја користам. А за базава за кармин ја купив минатата недела, ќе ти кажам како ќе стои црвениот кармин, дали ќе се разлева и сл.
Јас ги имам Painterly и Groundwork. Вторава е топ, некоја бронзеникава- сивкаста нијанса, во два потега дава комплет eye look. Може да сетира одозгора и со некоја сенка во прав, ама и сама долго трае.
Морам да ја пофалам маскарата на MAC magic extension Формулата прво е супер, не е течна воопшто, не е ни густа да се лепи цел производ за четкичката. Четкичката е влакнеста, малку предолга за мој вкус , дава многу волумен на трепките , повеќе дава волумен одколку што ги издолжува, ги витка исто така. Не се рони под очи , јас носев последно околу 10 часа.Многу сум задоволна, пред два месеца кога го купив фиксаторот ми ја дадоа мини верзијата и сега неа си ја користам. Би ја купила во иднина Воедно сакам да ја тагнам @Noemi за балмот prep+prime и да и кажам дека црвен кармин не ми се разлеа на уста , два црвени кармина имам , сега не знам дали има улога што се исто од mac, но не ми се разлеаа. Фантастичен производ е, карминот со сигурност ми е потраен кога го носам балмот под него, дава супер хидратација, со еден збор како карминот да се "лепи" за производов и не мрднува, имам некое такво чувство Додека сум на темава ,сакам да прашам дали некоја ја има користено кремава за лице? Ја пробав од тестер и мнооогу ми се допадна, па сакам да слушнам и др мислења, зошто планирам да ја купам. Не можам да ја преболам се уште кремата oil control lotion што ја користев пред некоја година зошто ја повлекоа од продажба
@koritsaki Party line на MAC ми е омилен црвен кармин ама е од cremesheen формулата и лесно ми "крвари" по страниците. Следно идење до MAC ќе го земам. Пропратно да ја пофалам четката за течна пудра 170. Искрено не ми се даваа +40€ за една четка ама начекав промоција - 40% во Солун на почетокот на месецов. И немам зборови. Времето за нанесување, блендање на пудра ми е преполовено, а претходно исто користев четка. Нема никаков траг од потези по лицето, нежна е а истовремено густа и тврда, не впива воопшто пудра и прелесно се мие. Заедно со кармините, paintpot и strobe cream ми е во топ производи од маркава.
Cremesheen линијата е многу кремаста линија, порано имав од тие кармини поточно creme cup , сосема разбирам Јас повеќе имам од карминиве што се retro matte, matte и amplified , супер ми се нанесуваат кармините над балмов За четкава , ќе ја имам во предвид, инаку од лани, поради коронава ли не знам ставаат -50% многу често дури секој месец можам да кажам кој трае 1 недела. Сега моментално има акции ,ако купиш 1 производ bestseller , добиваш уште еден за истата цена. Минатата недела земав два кармина од мат линијата за 23 евра. (1 кармин е толку) и ако купиш една сенка ја добиваш за подарок новата маската за кoја што погоре пишував во deluxe size
Женски ај хелп, порачувам онлајн два пати правам утка со нијанса на пудра.. користам Картис тру скин 030, која на Мек би ми одговарала? Ја имам NC 15 темна ми е.. И препорака за некој нјуд кармин
NC 13 ѕирни ја nude кармин , honeylove, mocha, kinda sexy, a vеlvet teddy е тооолку убава нијанса се чудам како досега не сум го купила секојдневно од како го земав го носам, мислам на секој тен одговара оваа нијанса.