Зедов пред некое време кармин од оние стандарднине, bullet ама многу чуден мирис има. Од Фабу го зедов, не очекував дека толку скап кармин ќе мириса толку грдо. Не ми смета толку мирисот колку што ми смета фактот што кармин со таква цена има таков мирис. Да беше некој поевтин, па да разберам. Дали и вашите мирисаат неубаво?
MAC кармините имаат нежен мирис на ванила, се осеќа само кратко после нанесување и после се губи. Ако има непријатен мирис не би требало да го користиш, нешто не е во ред со тоа пакување.
Овој мојов дефинитивно на ванила не мириса. Значи не е да купиш нешто во оваа држава, сѐ е покварено.
За жал да, не знаеме што сѐ се продава..., иако јас го земав Modesty за шест потрошени производи, уште кога беа во Сити Мол и беше сосема во ред. Ако ти е скоро земен и имаш фискална, слободно врати го, според законот за заштита на потрошувачи треба да ти вратат пари.
Вистина ли е дека линијата retro matte ја повлекуваат? Барајќи ја нијансата Bronx ми го кажаа ова продавачките тука во Грција во Mac продавницата, се разочарав
Јас сум задоволна во однос на трајност од retro matte линијата. Само што се ептен суви и можат да ги пресушат усните.
Девојки нормално ли е Mac Retro Matte Liquid карминот да ми се растече, односно да ми се избрише за кратко време? Нели е најдолготраен? Или веројатно од што е многу топло па не стои? Се разочарав многу а сакав и уште еден да си земам ама изгледа нема после вакво искуство.
Јас три нијанси имам од карминиве од оваа линија, 6 години се стари и ништо не им е. Да не е чуван на несоодветно место?
Во кутија на темно беше, дури во сабота прв пат го отворив. Ама па цел ден на сонце бев буквално се бришеше кога поминував со прст
Јас купив таков ми го препорачаа на freeshop во Загреб зашто немаше од обичниот од мојата боја, а продавачката овој гп изнафали. И можам да кажам дека обичниот ми е потраен. Овој не ми е толку траен. Кога ќе го потрошам пак не би купила.