ај јас да пробуричкам низ нетов да најдам некоја оригинална палета, пошто ми викате дека не е оригинална.
Оригинални се само малите палетки кои излегуваат со секоја различна колекција на MAC, обично се со 4 сенки. На пример од актуелната колекција Cutie, еве ја палетата http://www.maccosmetics.com/product/154 ... index.tmpl Или оваа од Wonder woman колекцијата http://www.maccosmetics.com/product/154 ... index.tmpl А вакви големи палети со 88 или не знам колку сенки, MАC не произведува. Има палети со 15 сенки кои сама си ги одбираш и комбинираш (и чинат 180 долари), значи не готови палети. Ако сакаш оригинал внимавај зашто постојат многу фалсификати (некои се прилично веродостојни).
^^ Што ќе ти е воопшто оригинална кога пигментот на сенката е ист? Ни самата не знаеш да распознаеш дали се оригинал или не, но мора да се MAC поради името? Поголемиот дел од тукашните девојки не ни чуле за ваквите брендови, додека повеќето од оние кои чуле никогаш нема да дадат толку пари за сенка, ама битно умираат од желба да поседуваат и као еј имаат познавање од шминка, дрндаат зошто нема вакви кај нас и само што ќе имаат шанса да купат, нигде ги нема. Заштеди си парите, купи си од Coastal Scents, не се будали.
Мислев на таква голема палета што не е MAC. На нивниот сајт не ни има такви палети, зашто тие не произведуваат. На ибеј ги има. Тие се кинески палети што масовно се произведуваат, и имаат различни логоа (квалитетот е ист). Може да биде Coastal Scents, BH Cosmetics, може да пишува MAC или да не пишува ништо - палетите се со ист квалитет различни нијанси. На ибеј се поефтини отколку на сајтовите на CS или BH на пример, а и испораката е поефтина, ама директно во МК не може да се нарача затоа што се работи со PayPal. http://health-beauty.shop.ebay.com/item ... 11.c0.m282 Ако сакате оригинал нарачувајте од официјалниот сајт, така нема шанси да згрешите. Ама како што кажа Сефора, има поефтини варијанти на МАC што воопшто не заостануваат по квалитет. Е сега некој си сака MAC, сака да проба, па ако си една од тие - оди си на официјалниот сајт. Јас пак да ве предупредам за српскиот сајт - продаваат фалсификати по бесрамно високи цени, ама вие ако сакате и од таму нарачувајте
Искрено мислам да ти нарачаат палета од BH Cosmetics или Coastal Scents ..Добиваш повеќе бои а и добар пигмент имаат. Нека ти земат и основа за сенките од Urban Decay или Shadow Insurance, и ќе си имаш шминки во секое време,во секоја боја. MAC не прават такви палети. Јас имам видено во мојот град дека шминкерките користат иста ваква палета и упорно се трудам да и објаснам дека не е оригинал ама џабе. Како и да е,за во иднина, MAC производи во странство(особено Америка) се наоѓаат во трговските центри на штандовите за MAC или во ланецот на продавници CCO(cosmetic company outlet). Тука твоите роднини можат да најдат поефтини MAC палети(со 4 сенки) кои исклучиво ги даваат кога имаат нови колекции! Доколку порачуваш, јас ти препорачувам да си земиш од горенаведените фирми или од Elf.com (eyeslipsface.com). Сите нормални производи им се по смешна цена од 1 долар! А студио линијата им се по 3 долари. А ако сакаш палета од MAC, порачај си ја пластиката за ставање 15 сенки, и купи ги пооделно сенките! Ама тоа ќе те чини сигурно околу 150 долари, а и не ни вреди дотолку!
За тие што мислеа дека сајтот за МАC козметика е за фејк MAC во ред e и оригинална козметиката. После текстот има сајт кој ве води на нивната страна за MAC козметика во Србија. Поздрав
Нена вакви палети http://www.mackozmetika.com/index.php?c ... ee5b35bca3 MAC не произведува! Oвие четки http://www.mackozmetika.com/product_inf ... ee5b35bca3 од километар се познаваат дека се фалсификат. Можеби се добри, ама на ибеј се 10-20 долари. Овде ги продаваат како оригинал, а не се - сосема се различни и се познаваат и по изглед. За четките што се продаваат посебно сликите се во ред, ама не би тврдела дека се оригинал баш поради производите што ги наведов а е повеќе од сигурно дека се фејк. Погледни го оригиналниот судио финиш коректор што е во оваа амбалажа со години http://www.maccosmetics.com/product/sha ... index.tmpl А види како изгледа студио финиш на српскиот сајт http://www.mackozmetika.com/product_inf ... ee5b35bca3 А ова е дури смешно http://www.mackozmetika.com/product_inf ... ee5b35bca3 со сунѓер апликаторот и четчето за руменило, мириса на кинеско. Едит: прочитај го коментарот на статијата од линкот кој ти го имаше постирано
Инаку јас преку E bay не би купувала козметика. Што знам шубе ми е зашто и таму знаат да подвалат мнекоја добра копија. Најсигурно конкретно за MAC e да нарацас преку нивниот сајт, или амазон или па sephora.com ili macy's.
Jaс на сестра ми-која оди во америка и порачав да ми донесе,зашто слушнав многу позитивни коментари за оваа козметика од многу. Што се исплаќа да се земе и како им се цените? Пудрите покривни се?
Пудра не ти препорачувам да земиш пошто имаат премногу нијанси и не е сигурно дека ќе ти ја погоди како што треба.. Би ти препорачала за земиш: -сенки од нивната палета што ја нудат... најпопуларни се(неутрални секако): Naked Lunch, All That Glitters, Carbon, Swiss, Phloof!, Shroom, Brule, Ricepaper, Espresso и др. -paintpot или paints, било кое од овие се земаат за да траат сенките подолго и да изгледаат подобро. -кармин -сјај -четка. Нивните четки се премногу добри. 213, 217, 222, 227, 239, 187, 129, се четките кои ти ги препорачувам. Разгледај која за што служи па ќе пронајдеш која ти одговара.
Имам MAC Маскара и прекрасна е ,ги оделува трепките ,ги прави полни со волумен,долги и е водоотпорна ,мн. си ја сакам ја купив у Македонија,
Во една као козметичка продавница кај мене (Петровец) да ти кажам многу беше евтина 100 денари и ја помислив дека е фалсификат и му викам на продавачот зошто е толку евтина ? и он ми вика не е фалсификат не се секирај,сеа ми ја донесоа од странсво,и ја пак праам чудна фаца и викам до кога трае он вели до 20.11.2011 и ја одма си ја купив
MAC нема во Македонија, а и да има тоа е на црно и со цена сигурно повисока од 100 денари. Не се залажувај сама себе.
Не ти реков дека е на црно, туку ти кажав можноста да е оригинал е само таква. На цел Балкан нема MAC, сигурно во Петровец ќе има и тоа 100 денари. Те молам. Не си мутирала во чудовиште? Се извинувам на израз но WTF?!