Постојат многу начини да се докаже дека производите што наводно се од МЕК а ги продаваат тука, се лажни Не се лажете да купувате, затоа што во Македонија нема производи од тој бренд ! Бај д веј, имам неколку производи од МЕК, ги купив од Будимпешта пред неколку години кога бев на екскурзија од школо. Имам користено течна пудра, сенки , моливче за уста и руменило. Нема подобар бренд Несомнено е еден меѓу најдобрите светски брендови за декоративна козметика.
Овој производ е нешто најкатастрофа што јас го имам користено..... Многу брзо се суши...тешко се отстранува, уште потешко можеш да го нанесеш, никаков е од далеку се познава дека е фалсификат.
Ги користам сенките и сум презадоволна Ги купувам од Италија и Словенија, а ги има и во Грција. Следно на план ми е да си купам база за сенка за очи и неколку четки.
Јас сакам да си порачам MAC пудра преку една жена што ја користи, па одприлика ако знаете некоја пудра за мрсна кожа, и цена одприлика, да ми препорачате?
И мене ме интересира за пудра (течна/камена) за мрна кожа ... цена... ако може и бројчиња (со боите како стојат) инаку се продавале на места каде што шминкаат,пазари,парфимерии...
Скапи ми се кога ќе ги конвертирам цените од евра во денари. Особено бидејќи немам начекано намаление никогаш кога одам во странство. 50 евра беа 4-5 четки во футрола.
Oд MAC имам само еден кармин, купен од Будимпешта, нијанса Lady Danger: Преубав е, најдобриот и најтрајниот кармин што го имам пробано. А бојата е фантазија - баш e bright red, со портокалов подтон. Текстурата му е мат, т.е. полу мат и стои буквално цел ден. Сув е, ни со триење не се вади, а воедно не ги суши и затега усните, некако и кремаст е истовремено. Совршенство. 20 ЕУР го купив и многу сакав да земам уште некој, ама реално, скапички се, па решив да се задоволам со еден. Па за 30-35 ЕУР можам да купам кармин на YSL или Dior. Карминов е единствено нешто од MAC што го имам пробано и ако сите производи им се квалитетни како кармините, тогаш си ги заслужуваат пофалбите за најдобар козметички бренд. Ценичките им се солени, да, ама квалитетот секогаш има цена.
Kaрминчињата на MAC им се фантазија, потврдувам и јас! Јас го земав пред некое време ова нјуд карминче (второто на сликата) и мислам дека маста му ја извадив! Плус, предноста во мојов случај е што го фатив на некоја си акција на производи од MAC, и со оглед на нивната редовна цена, јас го купив за некои си смешни 5,6 евра. Полу мат, долготрајно до 101 и назад, го имам тестрирано на долги временски интервали, и издржува како ниеден кармин досега. Јас сум презадоволна, нареден пат би купила и друг доколку фатам повторно нешто на акција, попусти или слично, ама доколку е нивната редовна цена која изнесува во просек 20 евра, па и нагоре, сепак не би. Еве го, второто.
Анабелка, овој Creme D'Nude им е најпродаваниот кармин на MAC на сите времиња, во светски рамки. Сега брзо читав некаде. Него, алал да ти е што си го нашла толку евтин, во Будимпешта во продавницата на MAC беше од скапо поскапо, се' беше изгор
Лил мила дата да не знаеш точно кога? Пошто во близо време ќе одам за Београда па ако ми се погоде да а отворат до тогаш, ќе се мочам цел пат од среќа додека стигнам. п.с Порачки во инбокс, каматата за вас ќе биде смешно ниска. Едит, сега видов дека си пишала во април, а се исповозбудив толку шо не ни приметив ете. Прво на листата ми е карминчето на сите времиња, Creme d'nude. Јас не сум го имала, но моја другарка го имаше, и посовршен кармин нема, значи најперфектната нуд нијанса. Ова само едно значи, да почнам со осет да штедам некој денар .... за да нема плачки.
Мене ми донесе другарка ми како подарок MAC кармин, стварно број 1 се. Е сега умирам по овој, се надевам дека некој ден ќе го имам
МAC обично земам од Солуна града, не се прееемногу скапи, може секој да си ги дозволи и се незаменливи. Ама поради тоа што неможам секогаш кога ќе се потроши да ја имам при рака, од Белград ги пробав NYX и можам да кажам дека се баааш слични. Не исти ама слични. Козметиката ми ја имаа пофалено, и баш сакав да пробам. Убави се! Ама никако да отворат кај нас и порака им напишав
Сенките за очи кои се неспоредливи со нашиве се 16евра (таа јас што ја земам со 4 бои, крем бруле,кафена,крем со светки и бледо кафена )ама траат долго и еднаш кога ќе ги пробаш ќе ја увидиш разликата помеѓу тоа што тука го користиме. Кармини од тие обичните без потпис Ријана... и сл, се над 7-8 евра. Не сум била некое време, сеа може и се намалени. Обично кога има попусти и кај нив има
aj ако некој има некаков контакт со карминиве т.е да може да ги купи нека пише што како. Eптен се убави, сакам да имам барем 1-2.
бил ли некој во скоро време во MAC во Солун? Ми треба nude карминче и неколку сенки, па ме интересира дали сеуште има попуст
7-8 евра? Каде точно тоа, затоа што јас моите ги платив околу 18-20 што е далеку поголема сума на пари. Во Америка се по 16 долари ми се чини што значи нема теорија да се толку евтини во Европа.