1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Madara cosmetics

Дискусија во 'Лице' започната од buba4e89, 20 март 2021.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    20.761
    Допаѓања:
    136.682
    Пол:
    Женски
    Madara cosmetics е литвански производител на органска козметика. Оваа козметика го носи знакот на В ( веган ) која означува вегански продукти односно не се тестирани врз животни. Козметиката содржи над 80 различни видови на производи вклучувајќи ги и оние за бебе.
    [​IMG]

    Да скратам, случајно, пред некоја недела на стори на Инстаграм го видов сетот за нега на кожа од Мадара, а сега видов дека наскоро ќе ги има и во Белина. Што е одлично да се набават и во Македонија.

    Затоа би сакала да подискутираме за оваа козметика, дали имате нешто користено, дали планирате да купите нешто или пак да споледите мислење.
     
    На Guns N` Roses, Besmrten, Luminary и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    13.217
    IMG_20181008_171519.jpg
    Долго време сакав да ја пробам маркава, беше една од првите што ги открив, кога се заинтересирав за сертифицирана, органска козметика. Решив да почнам со овој travel сет (2017), за проба, затоа што козметикава не е од најефтините, бар да не ми е криво за парите и да не мора да фрлам полни тубички. Просек. Ок - ish. Не ми остави некој посебен впечаток ниту пената, ниту кремите и никогаш не купив друг производ. Не велам дека на некој друг нема да му се погоди. Тоа е толку индивидуално искуство, ама моето е тоа.

    Кој сака нека проба. Моја препорака (особено за поскапи линии и брендови) е секогаш прво да се проба тестер или мини size, па секој да си реши за себе дали сака да инвестира во стандардното пакување од даден продукт.
     
    На Besmrten, Осе и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    15.066
    Допаѓања:
    85.303
    Пол:
    Женски
    Планирам со сигурност да ја пробам кремата за лице со 30спф :) имам читано уште оддамна одлични рецензии за неа
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    20.761
    Допаѓања:
    136.682
    Пол:
    Женски
    Да и јас исто читав добри рецензии за таа крема и планирам да ја пробам.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам :) баш би сакала да пробам, сигурно ќе и дадам шанса на фирмава:hug:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    5.540
    Допаѓања:
    32.490
    Пол:
    Женски
    @koritsaki @buba4e89 да не ја пробавте спф кремата. Јас ја ставив во кошничка, ама прочитав коментари дека била прилично темна нијансата и не ми се ризикуваше, сепак не е ефтина и ја извадив. За проба ја земав на Mossa исто спф30 тонирана.
    Пишува дека е за сите типови, ама мислам повеќе ќе одговара за нормална кон сува кожа. Додуша денес ја добив и допрва ќе ја тестирам. Вака за прво ставање. Воопшто нема white cast иако ставив солидна количина, нема леплива структура и убаво нежен мирис. Има масен финиш, не претерано, ама го има. Не осеќам дека ми пречи на кожата, ама на допир и на огледало се гледа.
    Ќе пробам утре без хидратантна крема пред неа, па ќе надоградувам со пудра и останато.

    20210402_135418.jpg
     
    На Mięta, koritsaki и buba4e89 им се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    15.066
    Допаѓања:
    85.303
    Пол:
    Женски
    @Ano не , уште се мислам и не знам што да правам. Читав низ интернет дека се стопува со кожата, дека нијансата се прилагодува според кожата. Ама ја гледам сликава сега
    [​IMG]
    Јас сум доста светла во тенот и ако се прилагодува со кожата ќе е ок. Ако не , не знам , може pa Lavera да пробам на крај краева. Јас планирав летото наместо пудра преку ден да ја користам со камена пудра или пудра во прав над неа и некој посветол коректор. Ако @buba4e знае нешто повеќе околу кремава нека пише :)
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    15.066
    Допаѓања:
    85.303
    Пол:
    Женски
    Ano, не знам дали сум те прашала, кое е твое конечно мислење за кремава на Mossa? :)
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    20.761
    Допаѓања:
    136.682
    Пол:
    Женски
    Јас случајно ја отворив темава да видам.кој што пишал и го видов ова.
    Јас ја пробав и ја користам од време на време и сум задоволна ептен. Како Цц крема е и ја тестирав 12 часа,јас си ставам само коректор за темни кругови и бронзер така малку врз неа и многу убав изглед дава. Ми се допаѓа како реагира на сонце, не се масти и не светам ко лампион.
     
    На eva993 и Ano им се допаѓа ова.
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    5.540
    Допаѓања:
    32.490
    Пол:
    Женски
    Искрено имав други за дотрошување и на сум ја почнала за цело лице. Во моментов ја користам само за околу очи зошто другите ми ги иритираат и одлично се покажува. Сетирам со камена и после нанесувам сенка, воопштоне се растекува ниту собира цел ден дури и на најтоплово и тоа јас движам со точак низ град. Нијансата е супер, не е воопшто темна, уствари одлично се прилагодува. Имам уште малку од другата за дотрошување, па ќе се префрлам на неа за цело лице и ќе видиме како ќе се покаже.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.