babylove овошни кашички

Madison Beer

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Briar Rose, 14 јуни 2020.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.243
    Допаѓања:
    13.556
    Пол:
    Женски
    Madison Beer е американска пејачка чија музичка кариера започнала на 13-годишна возраст кога Justin Bieber твитнал линк до нејзиниот cover на песната "At Last" од Etta James на YouTube. После ова, таа има потпишано договор со Island Records, каде започнала да снима и објавува песни во текот на следните неколку години. На почетокот од нејзината кариера, Madison Beer се здружила со Monster High, каде снимила тематска песна за франшизата насловена "We Are Monster High“, а потоа во Фебруари 2013, Cody Simpson повторно ја објавил својата песна "Valentine" со неа. Засега, Madison Beer го има објавено албумот As She Pleases [2018] и моментално се очекува да го објави нејзиниот најнов албум Life Support [2020]. Најпознатите песни на Madison Beer се:
    • "Melodies"
    • "Unbreakable"
    • "All For Love"
    • "Something Sweet"
    • "Dead"
    • "Say It to My Face"
    • "Home with You"
    • "Hurts Like Hell"
    • "All Day and Night"
    • "Dear Society"
    • "Good in Goodbye"
    • "Selfish"
    • "Stained Glass"
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.