Во Англосаксонските држави претставува честа пракса да се "порачуваат" жени од странски држави (Источна Европа, Филипините, Кина, Колумбија), главно преку посебни dating sites најчесто поради фактот дека има едно мошне популарно мислење дека: “Men who seek wives abroad often explicitly state those women here are not worth marrying because they are too independent, ruined by feminism or fill in the pejorative blank.” http://ecosalon.com/mail-order-brides/ Со други зборови, феминизмот е обвинет за оваа меѓународна појава која од друга страна, има негативно и антифеминистичко влијание и врз странските девојки од неразвиените држави кои го перцепираат бракот со Англосаксонец како излез од сиромаштија или недоволно развиена држава и шанса за живеењето на Американскиот сон и подобар живот. Освен тоа, не е ретка појава истите овие невести да претрпуваат физичко и психичко насилство од нивните сопрузи и во екстремни случаи, истите се убивани од нивна страна. Исто така, се смета дека во одредена мера, обвинувањето на феминизмот е погрешно дефинирано бидејќи првенствено се однесува на погрешно манифестиран или т.н. радикален феминизам. Какво е вашето мислење на појавата на Mail-Order Brides и ваквиот вид на брак, генерално? Дали сметате дека погрешно манифестирана форма на феминизмот од страна на Американските жени е вистинската причина за оваа практика од страна на мажите?
До некаде да има бидејќи овие мажи сметаат дека девојките од ниско развиените земји би им биле пре благодарни доколку ги оженат и однесат во сад/ук со што би ги избавиле од сиромаштија, а девојките за возврат би биле безгласни домакинки. Во македонска верзија би било купување на невеста од албанија. Од друга страна сметам дека овие мажи се толку ископлексирани што тешко in real life можат да си фатат девојка па вака им е полесно сметајќи дека нивните пари/ статус можат да им купат жена.
Јас мислам дека тоа се мажи над 40 години заостанати и во времето и местото главно мислам дека ги купуваат за да им раѓаат машки деца да и ја продолжат лозата и да се слуги по дома а од љубов не е тоа или да ги спасат од сиромаштија тие жени. Тотално антифеминистички и понижувачки
Дури и да е феминизмот причина за ова, не може да се пррефрли вина. Баш напротив, доказ дека одредена група мажи ги гледаат жените како фабрика за деца, чистачка и готвачка. Ништо друго. Така да, барем ги "заштитува" свесните жени од ваквите мажи.
Се сложувам, а и би додала, дека е за некои последен воз воопшто да се оженат, оние што не би рекла дека се шовинисти но ете сепак не си ја нашле својата љубов а сепак не сакаат да останат сами и сакаат потомство.
Не секогаш се мажи над 40 години, ги има и многу по млади, но во глобала се големи "лузери". Многу често ваквите " невести" седат по 2 години во брак земаат виза и чао пријатно.
Не сметам дека погрешно манифестираната форма на феминизмот на Американките е причината за оваа практика од страна на одреден број Американци, повеќе би мислела дека овие мажи биле под влијание на воспитување на нивните прадедовци и прабаби Во времето на нивните пра-предци било општествено прифатливо најголемиот број жени да се едуцираат или во престижните женски средни школи или ако немале доволно финансии да учат во такви школи да бидат воспитани од страна на мајките да бидат добри домаќинки, добри идни мајки, послушни сопруги и почитувани дами во средината каде што живеат. Ама светските војни и недостатокот на машка работна рака укажала потреба жените да ги заменат на нивните работни места. Така кога жените се навикнале да работат и заработуваат за себе и продолжиле да го прават тоа и откако се вратиле преживеаните мажи од војна тука почнало да се прави дистинкција во финансиската валоризација меѓу машкиот и женскиот труд во Америка (каде што се уште жените се помалку платени на своите работни места од мажите ама ова е друга тема за дискусија). Сепак тоа не ги поколебало повеќето жени да работат и заработуваат за себе, да се едуцираат и напредуваат во кариерата и стигнуваат на повисоки работни места во однос на некои мажи кои чувствувајќи се инфериорни во однос на ваквите жени посакувале и влегувале во брачни односи со жени кои одлучиле да имаат домаќинска улога во семејството. Дел од жените по војната и си се вратиле на првобитната домаќинска улога. Но со текот на годините во Америка бројот на овие жени-домаќинки се повеќе опаѓал и денес скоро и да нема толку нативни Американки кои не работат( од проста причина што даноците и трошоците се огромни таму ретко кој не работи уште од средно или врши дејност на повеќе работни места). Ама покрај поголемиот број едуцирани жени се забележува намален број на високо едуцирани мажи и таквите мажи чувствувајќи се инфериорни во однос на едуцираните жени прибегнуваат кон Mail-Order Brides кои ќе вршат само домаќински дејности. Така да сметам дека ваквата практика кај мажите не е предизвикана од погрешна форма на манифестирање на феминизмот и не е поврзана со возраста на мажите колку со нивната едуцираност и модел на семејно воспитување.
Морам и ова да го кажам иако верувам дека повеќето би се сложиле дека не е така на прво читање, но диииип даун ќе увидат дека навистина тоа постои, а тоа е дека потреба за доминација над некого и иживување врз послабиот постои од секогаш, сметам дека тој дел од еволуцијата сеуште не е надминат, ниту пак ќе се надмине во блиска иднина, а тоа го докажуваат и безброј експерименти за кои можете да се информорате. Тоа постоело од постоењето на човекот па продолжило да се манифестира преку робовите, гладијаторите, па дури и закрепостени селани, па се до денес постои некој вид на поседување на некого дали преку приватна фирма, купување жени и деца и тн. Денес со постоењето на закони на некој начин во некои земји се пробува да се даде отпор на тоа. Јас ги сметам овие мажи што купуваат жени како заглавени во зачаран круг кој не им дозволува еволуција, кои имаат закржлавено его и се свесни за својата маленкост и неспособност во меѓучовечките односи па имаат потреба за поседување на она со кое што по природен пат не би можеле да се изборат. Да се препишува ова на феминизмот е тотално безвезе. Јас би го ставила ова ајде не како болест туку како одредена состојба кај човекот која отстапува од одреден развој и треба да биде третирана (зборувам за оние кои покрај тоа што купуваат и малтретираат).
Не знам како точно функционира ова со дејтинг сајтовите, до каде е личниот consent (ако воопшто може да се нарече така) од едната страна и манипулацијата со сиромаштија и нечиј очај да се излезе од истата од друга, но купувањето невести од Албанија што се спомна како пандан кај нас - за мене е вид трговија со луѓе и ништо помалку, срамно и одвратно е што во 21 век луѓе и отворено си бараат по групи на фејсбук (скоро видов еден таков пост). Се разбира дека концептот е антифеминистички, но не и во смисла дека е по „вина“ на феминизмот како нешто што ги скренало жените од „правилниот“ пат. Мажи со размислување дека постои такво нешто како „премногу еманципирана“ жена и дека со модерново време жените добиле премногу права, не заслужуваат никаква партнерка покрај себе и ништо повеќе од инцелска мизерија во која разбирливо тонат подолго време, најмалку ранливи жени врз кои ќе може да си ги лечат фрустрациите.
Гледав едно видео од Албанија како на пазар и жените ги разгледуваат и ако им се допага ја купуваат а зашо жените на тие видеа се окезени и среќни бидејќи ке стапат во брак со некој си таму зошто наместо да излезат на протест или да се спротистават они се смејат еј на видеата што ги видов... Жално
Не е антифеминистички, зашто би било? Слободни, свесни индивидуи, за своја лична корист стапуваат во брак. Што е проблемот, што биле сиромашни и што живееле во сиромашна држава па затоа го зеле богатиот Американец? Западњачките феминистки тоа сигурно би го нарекле силување... Остатокот од светот, реалност.
Растени во сиромаштија, со оневозможено образование, здравство, санитетски услови, родени да бидат домакинки во рамките на домот и семејството. Ахам, те молам зборувај ми за слобода, свест и принцип на користољубие те молам. Околу третиот ред. Тоа не би го нарекле силување само западњачките феминист(к)и туку секој еден човек кој има малку акал во умот, или подобро кажано здраворазумска размисла. Трговија со луѓе и силување на волјата, точно тоа.
И покрај тоа што се согласувам со мнозинството од мислењата, сепак сметам дека не е во ред да се генерализира и да се мешаат поимите за феминизам и радикален феминизам; Барем според она што сум го забележала во мојот стејт, на повеќето мажи не им пречи манифестирањето на феминизмот, туку радикалниот феминизам од страна на женската популација. Да не бидам погрешно сфатена, и покрај тоа што било поредок случај да сретнам мажи кои се антифеминисти, сепак постои една доста честа заблуда меѓу одредена група луѓе дека радикалниот феминизам е "вистински/правилен", при што таквите девојки се однесуваат навистина арогантно и просто кон мажите и со тоа стануваат одбивни во нивните очи. Радикализмот, како концепт, ги претставува верувањата или однесувањата на луѓето кои промовираат комплетна политичка или општествена реформација. Така, и манифестирањето на радикалниот феминизам за мажите би претставувало однесување против нивната положба, место и улога во човековото општество каде наместо да се бара полова еднаквост, се бара женскиот пол да постане супериорен. Сепак, ова не претставува изговор за оние мажи кои се антифеминисти во вистинска смисла на зборот и поради тоа практикуваат да стапат во брак со одредена mail-order bride. Во тој брак и двајцата страдаат со тоа што се случува одредени сопрузи да ги малтретираат жените од физички и психички аспект, па дури и се случува ситуацијата да доведе до извршување убиство, додека од друга страна, жената го трпи нејзиниот сопруг за финансиски придобивки и национални документи. Поради ова, во овие бракови најчесто се случува откако жената ќе го добие пасошот/државјанството или ако евентуално се вработи или најде друго живеалиште (со други зборови, се стекнува со независност на одреден начин), веднаш да го напушти сопругот или да му побара развод. Не би рекла дека се класични dating sites, иако на прв поглед можеби така изгледаат. Тие се всушност како online каталози каде одредена жена/девојка самата се става таму за да биде избрана од некој маж за да стапат во брак. Мислам дека има и chat room на страницата каде мажите може да разговараат со девојките одреден период. Но во секој случај, ова мене повеќе ми наликува како реклама каде жената се претставува себеси како одреден производ. Да бидам искрена, од неодамна и јас дознав дека македонската верзија на "mail-order bride" практиката е купување невеста од Албанија и истото воопшто не ми се допаѓа. Сепак не сум најдобро запознаена со околностите и условите под кои тоа се остварува, па не би можела да направам компарација со "mail-order bride" во англосаксонските држави. Уште повеќе ме изненади мислењето на @hellocity за видеото кое го видела. Се согласувам дека за тие жени би било соодветно да се бунат поради фактот што се третирани како стока или како производ. Меѓутоа, за жал, сум забележала слично однесување каде жените повеќе преферираат да ја прифатат таа мизогона средина само поради одредени површни задоволства и придобивки, наместо да ги бараат и да се борат за своите основни права. Не велам дека не постојат бракови каде сопругата, иако потекнува од неразвиена држава, сепак се омажила од љубов кон богатиот Американец, меѓутоа постои разлика меѓу склучување меѓународен брак, како концепт познат во меѓународното приватно право од една страна, и да склучиш fraudulent marriage кој се смета за сериозно и тешко кривично дело, од друга страна. Поинаку кажано, дури и онаа жена/девојка која не е дефинирана како "mail-order bride", сепак може да има намера да стапи во лажен брак за документи, односно пасош и државјанство или друга корист; На пример, и покрај тоа што мојата ситуацијата е технички gender reversed, сепак кога и да треба да одам во МК, претходно во Канада сум секогаш предупредувана за опасноста од вакви fraudulent marriages, каде истата врска, доколку постои, ќе биде строго испитувана. Всушност, ова е една од главните причини поради која не сум заинтересирана да стапам во врска/брак со странец, особено ако потекнува од Балканот, а за жал сум успевала да препознаам вакви мотивации најчесто кога се дружам со машки од МК. Од практика, постоеле милион случаи каде странец стапува во брак со Канадски државјанин, и откако ќе добие пасош/државјанство, го напушта партнерот и/или веднаш бара развод. Најчесто таков е случајот и со браковите склучени со "mail-order bride"...
Ова последново напишано од тебе ме потсети на филмот Green Card(1990) знаеш дека сакам стари филмови па ако не си го гледала погледај го. Но иако животот најчесто не е филм нема некој одредени правила во вљубувањето/одљубувањето и бракот/разводот( всушност има правило дека во љубов и војна не се почитуваат правилата) Мене конкретно не ми се допаѓа што во 21век се уште има краишта во светот каде што жената се доживува како предмет, каде што жената од мали години е воспитана да биде покорна на мажот, добра домаќинка, мајка за да не го посрамоти семејството. Иако всушност немам ништо против личниот избор на некоја жена да се става само во оваа улога во нејзиниот живот јас лично имам против што жените во тие краишта во најголем процент немаат право на свој личен избор. Ограничени се во можноста да изберат друг начин на живот, а и најчесто не ни знаат дека има друг начин, тоа што го гледаат и учат од нивните мајки им е наметнато обликување на нивната улога во општеството. Иако културолошки гледано има различни причини и последици од ваквите бракови сепак тие како појава тешко би се искорениле доколку не се создаат услови за подигнување на стандардот на живот на жените кои прибегнуваат кон вакви бракови. А за тоа треба ресурси, главно употребени во едукативни цели. Но во денешница во која се уште основните ресурси како храна и вода не се обезбедени во некои од земјите од кои потекнуваат ''mail-order brides'' има уште многу да се работи и вложува за да во тие земји се дојде до некои почетоци во подигнување на стандардот на животот на тамошните жени. Многу филантропи имаат преземено многу проекти од ваков вид како на пример отварањето на женски училишта во Африка и нивно финансирање од страна на фондации на Опра и други примери. Во тоа треба да се вложува за да последователно настанат многу промени и со тек на време исчезнување на ваква појава на брак.
Кон овој дел кај што сум цитиран: Не знам што е поентата. Како е тоа релевантно кон муабетот? Не збориме дали е нелегално или неетично, туку дали е антифеминистички. Уште не сум добил добар аргумент дека е. Постот ти е смешка. Не знам дали стварно можеш да бидеш до толку наивна. Овие што одат во Канада како mail order не се жртви. Ни приближно. Тоа се бескрупулозни манипулантки што го користат тоа што им е на располагање за да си ја подобрат материјалната состојба. Жртви се тие мажи што се надеваат дека од таа жена ќе добијат сопруга и партнер или можеби љубов. Во врска со силување: Ако те присили некој на секс тогаш е силување. Ако се согласиш сама поради икс причини... Тогаш не, не е силување.
Кутрите злоупотребени момци на кои им доаѓа испорачана невеста истрампана за неколку илјадници долари како стока од друга држава. Ти си комедија, ама толку ти сече за да сфатиш. Дали од Албанија или Канада резултатот е идентичен.
Тешко дека некој 50 годишен Амер што нарачал 20 годишна Украинка со нозе од 5 метра, затоа што сонародничките му се премногу еманципирани, а врсничките престари, е жртва. И пресмешно е да се мисли дека сакале љубов да добијат. Сакаат некоја да ги гледа како богови затоа што ја избавиле од сиромаштијата, а и секако лигите и зависта на нивните пријатели, келави и дебели исто како нив самите, се добар его буст.
Супер мило ми е што имаме исто мислење еден за друг. Тоа што им доаѓа е паразит што ќе ги цица за пари и што ќе ги манипулира нивните емоции. Ниедна од нив не жалам. Знаат во што се впуштаат. Успут зашто албанките се мажат во мкд а не на пример во Сомалија? Одговорот е како што кажав: го користат тоа што им е при рака да го подобрат материјалниот статус. Не продолжувам понатака со муабетов до тебе. Позз
Албанките ги мажат родителите. Не одлучуваат тие самите, туку поради лошата материјална состојба со која се соочуваат повеќето семејства во Албанија (конкретно Пустец), родителите се одлучуваат на ваков чекор. На жените Албанки кои немаат образование и нормални услови за живот растени во патријархални заедници каде нивниот татко го има последниот збор, не им преостанува ништо друго освен да заминат од своите домови поради факторите сиромаштија, како и семејниот/општествен притисок дека е време за деца и брак. Од друга страна, семејството во кое ја тргуваат Албанката (сопружникот), не секогаш е богат. Напротив, многу Албанки живеат во рурални средини со низок доход, на многу сличен начин како и претходно само за нивните родители од добиените пет илјади евра малку да скрпат крај со крај и ,,поживеат". Патем, од темава која имплицира чиста и недвосмислена трговија со луѓе успеавте жртвата (жената) да ја направите материјалистка и проститутка. Тоа всушност укажува колку ги познавате психолошките и економските фактори кои придонесуваат за создавање на ваквата појава. За крај околу прашањето зошто не се мажат во Сомалија, еве го одговорот. Поради големата дистанца, поинаквите закони за економско тргување, како и јазичната и културолошка разлика и бариера.
Присилени се oд рoдителите вo некoјa зaбутaнa срединa или збoрите зa oние штo сaми се стaвиле нa нет зaтoa штo сaкaaт пo брзa пoстaпкa дa се нaјдaт вo другa држaвa сo пoвисoк стaндaрд нa живеење? Мислиш првиoт штo ќе кликне нa нејзиниoт прoфил требa дa гo земе зa мaж. Сигурнo си бирaaт дa им се дoпaѓa бaрем мaлку, држaвa, кaде живее, штo имa, штo немa... Прoституки штo пo кoјзнaе кoлку непoзнaти мaжи нa ден зaдoвoлувaaт a сo гoдини и гoдини рaбoтaт (или цел живoт) тaбу темa дa не се, пa сегa ќе се чудиме oти некoјa се стaвилa нa нет зa мaж декa бaрa и кaкo кутрaтa требa сo негo дa живее. Пoгoлеми трaгедии вo светoт имa oд тoa штo некoј се мaжи зa пaри. Единo битнo е дa функциoнирaaт зaкoни кaкo штo требa и дa се зaштитени и мaжи и жени oд нaсилствo и измaми. Другo, слoбoднa вoлјa.