Серијава ме изненади. Не мислев дека е толку добра кога почнав да ја гледам, ама ме зарази дефинитивно. Негде до седмата епизода сум од првата сезона. Поразлично нешто од веќе добро познатите серии. Четири девојки се обидуваат да го остварат својот олимписки сон... Кејли ми е најсрцка од сите
Озбилно? Никој не ја гледа серијава? Е каква штета. Една од најдобрите серии што сум ги гледала. Гимнастиката како спорт е толку добро прикажана што ми се врежа во срце. Ја изгледав и втората сезона, а за трета уште не се знае дали ќе има
Јас, јас ја гледам, само не сум ја забележала темата Многу ми се допаѓа, девојките се неверојатни и ми даваат мотив понекогаш дека без оглед на се’ - мора да се оди напред. Ако паднеш, труди се повеќе. Ако паднеш пак, смени го начинот на кој функционираш и работи повеќе! Од девојките омилена ми е Пејсон зашто е најцврста и најпосветена. Инаку, во приватен живот била балерина, и ми се допаѓа тоа што и покрај градбата на телото која не е соодветна ни за гимнастичарка ни за балерина, неверојатно е флексибилна и елегантна. Останатите се обични актерки (со исклучок на Лорен која е и пејачка и танчерка), и баш поради тоа ми се неверојатни, трансформацијата што ја направиле во филмов е чудесна. Добро, сигурно дека во некои сцени се користат двојници, но повеќето ги изведуваат сами и целото тело им е сменето како резултат на тренинзите. Одлично е прикажан животот на оние што од мали се откажале од многу задоволства за да постигнат учество на ОИ. Некои од љубов, некои од амбиција - своја или на родителите (случајот со Кели Паркер сигурно не е редок во вистинскиот свет на гимнастичарите). Очекувам трета сезона, навистина ќе ми биде многу жал ако не ги видам девојкиве на ОИ Патем, Челзи Хобс (Емили) навистина е бремена и го очекува своето второ дете. Еве ја со сопругот и ќерката Спојлер Ајла Кел (Пејсон) и Челзи Хобс имаат добри блогови. порано ја следев Челзи, стварно интересни постови има. http://chelseahobbs.blogspot.com/ http://aylakell.blogspot.com/
Леле мене многу ми беше жал за Емили, навистина очекував многу од неа. и јас сакам да ги видам на ОИ, штета ќе биде ваква серија да не добие сезона, а некои многу поникакви да продолжат. И дава инспирација серијава, нивната борба, со се што се справуваат, прекрасни се. и Ливинг, знам дека ти ми ја препорача серијава еднаш и ми беше чудно што те нема да се огласиш, па си викам чекај пак да пишам да видиш
И јас ја гледам и ептен ми се допаѓа. Се навлеков страшно. Малце ме нервира што е класична тинејџерска серија во смисла - овие двајца се гушкаат и секад влегува тој што не треба... Али нели, истото е и причина што ја гледам. Девојките се одлични, решителноста што ја испуштаат и мотивацијата за воопшто како да ги одминуваш нештата во животот и како да приоретизираш е многу вредна порака на филмчево. иако лимонадче, стои голема порака позади оваа приказна... Јас сум при крај на прва сезона, али мислам дека третата ќе ја пуштаат тек од септемБАР.
Ги изгледав двете сезони во рок од неколку дена. Многу заразна серија, се навлеков инстантно и се молам за трета сезона. Некаде прочитав дека се' уште нема официјално објавено дали воопшто ќе има, а некои сметаат дека третата сезона ќе се случи 2012 година, за да се совпадне со ОИ. Сите девојки ми се интересни, освен Емили. Многу ми е лабилна, и се'нешто неа ја потресува и никогаш не може да се сконцентрира и многу се занесува и убаво што ја шутнаа, ич нема да ми недостига. Плачливка и лигла. Мајка и' ми беше поинтересна, жими се'. Остатокот од девојките се пример за храброст, издржливост и сите жртви кои ги носи ваквиот тип на спорт. Ме инспирираат, иако е само филм. Мене ми е многу убавка Кели. Улогата можеби и е никаква, ама девојчето е срцка.
И јас експресно ја изгледав. Да, уште не е решена судбината на серијата, ама навистина заслужува трета сезона. И не е лоша идејата да почекаат до 2012 за ОИ, ама до тогаш ќе се подзаборави. Спојлер А јас стварно мислев дека ќе испадне нешто од Емили, ама пукна под притисокот. И покрај се, и сите сплетки, сепак тимскиот дух победи. Многу, многу добра и инспиративна серија.
И мене Кели Паркер ми е многу убава. Не ја сакав во серијата, но на крајот сосема ја разбрав. И Лорен ми е супер, како ги вади секси движењата алал да и’ е Само како карактер ме нервира многу, типично разгалено богато чудовиште. Спојлер Ако бременоста на Емили во серијата ја направиле поради тоа што актерката е стварно бремена, тогаш очекувам да има и трета сезона, инаку немаше да ја прават бремена за да ја тргнат А да било случајност... премногу ми е за случајност И цела серија цели кон ОИ, ако ја прекинат без да ги видиме таму ептен ќе ме изнервираат И ви изнастискав лајкови, многу ми е ќеиф што не сум гледала сама
Леле јас на почетокот колку ја мразев Кели Како секогаш им чепкаше во главите само да згрешат. А и Лорен, колку глупости направи, едно време посакував да скрши нешто И Пејсон многу се измени во текот на целата серија, мислам дека беше еден од најцелосните ликови во серијата
http://www.youtube.com/watch?v=-wKpGxXRLtc Eве едно трејлерче, изгледа нова ѕвезда ќе им ги згорчува животите. Ајде, блиску е 26ти март, уште малку.
Излезе епизодата конечно. Интересна сезона ќе биде ова, ќе има многу расправии, Спојлер сега кога секоја девојка е сама за себе. Мене само Пејсон некако не ми е за во тимот. Градбата воопшто не и одговара, премногу е гломазна.
Ееј фала на информацијата Рејнбоу, јас го заборавив датумот, веднаш ќе ја побарам епизодата. Инаку без разлика на тоа што Пејсон нема градба за гимнастичарка, од сите актерки во тимот таа има најмногу предиспозиции и искуство. И јас се зачудив кога видов дека цел живот професионално се занимавала со балет, а се гледа во изведувањето дека има став и неверојатна еластичност. Мене лично ми е омилена од девојките, баш доказ дека телото може да се доведе до послушност дури и кога ги нема широко прифатените физички предиспозиции.
Ја изгледав, интересно станува и ми се допаѓа што има нови ликови. Џордан ми се допадна на почетоков, ќе видиме како ќе испадне. Чудно, но Емили воопшто не ми недостигаше, ич не ни помислив дека фали. Туку што се случува со фризурата на Саша?
Јас се чудам како не сум знаела за серијава до сега. Во мој стил е дефинитивно! Пред некој ден видов дека ја коментиравте, и гимнастика, вежбање, тренинзи... мх мх! Уште сум на прва сезона, ама не знаете како се соживувам со секоја епизода! Мило ми е што ја имам серијава да ми го исполнува времето... Мое мислење за девојките - Лорин - не ми се допаѓа нејзиното однесување, ама гледајќи, разбирам и од каде произлегува таа потреба за внимание, единствено многу ми паѓа жал за Емили и тоа многу често...
Ме бендисва серијата Дајте некој линк да ја спуштам или негде онлајн да ја гледам од почеток да се вклопам
http://www.tv-links.eu/tv-shows/Make-It ... -It_10613/ Eве тука ги има сите епизоди. Баш ми е мило што ви се свиѓа серијата.
И јас ви се придружувам. Ја видов темата и ми се виде интересна и сега сум до средината на втора сезона. Од девојките најмногу ми се допаѓа Пејсон, посебно кога ќе се насмее има некоја чудно заразна насмевка и како некоја луда и јас се смеам . Емили најмалце ми се допаѓа и нема да ми недостига во наредната сезона. Лаурен на моменти ми е мила ама некогаш ме нервира, затоа што е себична и со некои постапки ги повредува другите во тимот. За Кејли немам ништо лошо, душа ми е. И верувам дека секој што ќе ја гледа серијата ќе добие желба да може да биде како нив, и да ја засака гимнастиката.