Make up според хороскопот

Дискусија во 'Лице' започната од pink4ever, 27 март 2011.

  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Овен – црвена сенка
    [​IMG]
    Значење – Црвената боја значи страст, сила и храброст. Носејќи ја ви се зголемува силата, енергијата и виталноста кога отпочнувате нешто ново или иницирате некоја активност.

    Начин на апликација – Нанесете жива нијанса на црвена боја на неутрално сива сенка како основа. А најпрво ставете капки за очи доколку е потребно, бидејќи не би сакале црвената сенка да ги осветли уште повеќе и така црвените воспалени очи.

    Бик – зелена сенка
    [​IMG]

    Значење – оваа боја го подмладува духот. Резултира со стабилност и ги балансира силата и цврстината. Носејќи ја помага во лекување на телото и привлекува здравје и просперитет.

    Начин на апликација – зелена – маслинова понагласено се нанесува на очните капаци и потенка линија во долниот дел на окото. Долниот дел ќе го затемните со црна сенка, за да се добие посакуваниот целосен ефект.

    Близнаци – жолта сенка
    [​IMG]
    Значење – енергизира и стимулира, боја која асоцира и зрачи со светлина. Има способност да Ви го подигне духот. Нејзиното носење ја зголемува меморијата и комуникациските способности.

    Начин на апликација – Светло сончева жолта може да биде совршена доколку се аплицира на внатрешниот агол на очите и капаците. Завршете со сиво црна сенка на надворешните краеви на капакот, да се добие ефект на ултра модерниот “smoky eyes” изглед.

    Рак – розева сенка
    [​IMG]

    Значење - Оваа боја инспирира љубов и може да се носи за време на промени или транзиција. Добро е да ја носите и кога се чуствувате дека ви е потребно емоционална поддршка. Таа влијае на отворање на срцето и ја зголемува приемчивоста.

    Начин на апликација - За да се избегне изгледот на зајаче, ставајте розево помешано со бело и други нијанси. Обидете се со нежно розево со повеќе нијанси и тонови, и секако не ја заборавајте маскарата за дополнителен ефект.


    Лав – портокалива сенка
    [​IMG]
    Значење – Оваа боја значи моќ и величина. Носењето на оваа боја ја зголемува радоста и оптимизмот и ви помага во усогласувањето со богатството и позицијата на која се наоѓате.

    Начин на апликација – обидете се да ја аплицирате како тенка линија на очните капаци, со што ќе добиете свеж изглед.

    Девица – Кралско сина сенка
    [​IMG]
    Значење – оваа боја асоцира на убавина, едноставност и мудрост. Помага за намалување на тензијата и промовира смиреност. Носењето сина боја поттикнува охрабрување на трпението, ги отвара погледите кон светот и ја зголемува елоквенцијата.

    Начин на апликација – Кралска или војничко сината боја е одлична да се аплицира како линија , со што очите изгледаат побели. Или аплицирајте ја на целиот капак на окото и комбинирајте ја со темно сина маскара или направете сино “зачадени очи”.

    Вага – светло сина сенка
    [​IMG]

    Значење – Оваа боја значи љубов, убавина и баланс. Отелотворение е на потребата од мир и ведрина додека ви дава инспирација да бидете силни и да донесувате одлучни активности. Нејзиното носење промовира баланс и чувство на пријатност.

    Начин на апликација – ставете светло сина сенка на капаците и комбинирајте ја со бела и сребрена, се до веѓата. Со овој изглед на Снежна принцеза сте подготвени за забава.


    Скорпија
    – темно црвена (бордо) сенка
    [​IMG]

    Значење – Оваа боја инспирира длабочина, сила и љубов. Го помага движењето за време на транзиција. Носејќи бордо нијанси, влијае на покачување на перцепцијата, постојаност и лутина.

    Начин на апликација – Користете мат бордо сенка за оцртување линија, или користете светкава структура за скапоцен камен тен – и секако комбинација со црно за изглед на зачадени очи.

    Стрелец – сино-зелена сенка
    [​IMG]

    Значење – Оваа боја овозможува мудрост и оптимизам. Носете ја додека патувате или истражувате. промовира толеранција и разбирање и е корисна во конфронтација со оние кои имаат алтернативни гледишта на работите.

    Начин на апликација – темна нијанса на сино-зелената сенка прави неверојатен ефект на зачадени очи. Обидете се да ја комбинирате со боја на цимет или нежна кафена боја, со која се додава нежност во самиот изглед.

    Јарец – земјено кафена сенка
    [​IMG]

    Значење – Влијае на стабилноста и одговорноста. Носејќи ја промовира практичност и помага во манифестирање на вашите сонови.

    Начин на апликација – Кафената боја е одлична неутрална и лесно може да се нанесе на очните капаци за преку ден или да се комбинира со метално златна сенка за вечерно излегување.

    Водолија – виолетова сенка
    [​IMG]

    Значење – Оваа боја предизвикува хуманост и добрина. Носењето на нијанси од оваа боја ви овозможува чуство на заедништво и пријателство.

    Начин на апликација – Обидете се да направите ефект на зачадени очи во лила нијанса, тоа е невообичаено и тотално секси.

    Риби – морска зелена сенка
    [​IMG]

    Значење – Оваа боја помага во водење на луѓето во внатрешниот и надворешниот свет. Промовира доверба и јасност. Носејќи ја ќе ви влијае на вашата доверба и физички способности.

    Начин на апликација – користете нежна морско зелена сенка, која ќе ја нанесете на очните капаци а ќе го потенцирате окото со едноставно исцртување со црн туш.

    http://urbanazebra.com/archives/1031
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    погодено јас обожавам црвена сенка таа и белата ми се првите сенки кои почнав да ги користам.
     
    На Xepp му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Риби – морска зелена сенка
    [​IMG]

    Значење – Оваа боја помага во водење на луѓето во внатрешниот и надворешниот свет. Промовира доверба и јасност. Носејќи ја ќе ви влијае на вашата доверба и физички способности.

    Начин на апликација – користете нежна морско зелена сенка, која ќе ја нанесете на очните капаци а ќе го потенцирате окото со едноставно исцртување со црн туш.
    Јас па ич несакам плаво-зелена сенка и никогаш не користам.А туш секогаш ставам :)
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Мене ми е погодено, најчесто таа боја се шминкам :)
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.450
    Допаѓања:
    5.413
    и мене ми е погодено јас сум девица и кога се шминкам го користам токму тој начин и да кажеме обожавам сина сенка и моливче и ги имам во повеќе нијанси ;) ;)
     
  6. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Колку НЕМА во животот жолта сенка да ставам :rofl:
     
    На andrea-dea и m.tr им се допаѓа ова.
  7. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Не дека не ја користам но не доволно како што изгледа :)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.250
    Допаѓања:
    67.794
    Пол:
    Женски
    Бик зелена сенка? :^) Јас не се шминкам многу, ама зелена сенка никогаш не би ставила :!:
     
    На teddybear и Avril.09 им се допаѓа ова.
  9. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Розева... леле па уште со бело помешана.... никогаш.... :x
     
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.494
    Пол:
    Женски
    Погодено е за Девица обожавам сини нијанси и најубаво ми стојат, но сакам и зелена сенка многу :) тие две најчесто ги користам :)
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    И јас сум бик, ама зелено ... на очи ... Не !!! ... доволно ми е паметов зелен не мора и очите :D
     
  12. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    ајдеее... кај го најдоа црвена сенка за овен никад нема така да се нашминкам :puke:
     
  13. sangvik

    sangvik Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Скорпија сум но незнам зашто ама црвена боја не сакам :), но би пробала со сенкава некад за по дома можно е и убаво да стои :D 8)
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Портокалово? ОМГ, никогаш! Лав сум ама портокалово на очен капак, и слободно може турбо певаљка да бидам.

    Мене само крем и бела сенка ми стојат на ќумур црниве очи. :angel:
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  15. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    можи е така,ама ако ме шминка некој профеесионалец и тоа само за некој спот би ја носела ианку сенки ретко ставам,потокалово :lol: како кловн ке бидам
     
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    жолта викаш за близнаци а??
    а баш пред некое време читав дека жолтеникави тонови ги истакнувале плавите очи
    ако најдам некоја прифатливо жолта сенка може и да пробам да ги истакнам моите плаво-сиви очиња се додека не сум сјајна како сонце
     
  17. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Портокалова сенка ?! Зарем некој ја става ? Зошто јас сигурно не |( :D
     
  18. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Кралско сина сенка...хммм :rofl:
    Би пробала зашто да не?! :)
     
  19. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    За водолијата потврдувам :!:
    Ретко ставам сенка, а кога ставам таа е виолетова или сива :)
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Јоктур шанса ја ова да го бапнам на око. :^)
    Зелени дречливи ми се очиве и уште ваква сенка суптилно да ставам ми е грдо, а не преку цело око да аплицирам.
    Ми ноу лајки. :shake: