Вага сум во хороскоп и мене ми е погодена . Оваа сенка ми одговара со очите посебно светло плавата ..
E не ми е погоден хороскопот овој пат . Зелена сенка на мои очи нееееее никогаш, туку да не велам никогаш можеби ако некогаш облечам некој зелено-маслинест фустан па професионален шминкер да ме нашлака со темно зелена боја (што не верувам дека ќе се случи) па можеби и поминам преку тоа, ама тешко
Скорпија – темно црвена (бордо) сенка Слика Значење – Оваа боја инспирира длабочина, сила и љубов. Го помага движењето за време на транзиција. Носејќи бордо нијанси, влијае на покачување на перцепцијата, постојаност и лутина. Начин на апликација – Користете мат бордо сенка за оцртување линија, или користете светкава структура за скапоцен камен тен – и секако комбинација со црно за изглед на зачадени очи. никогаш несум облекла нешто црвено а не пак да се нашминкам со црвена сенка хм ми се допагаат кафените нијанси и повекето така се шминкам
Рак - розева... Па едно време бев опседната со розева сенка, ко мањак некој барав различни нијанси на розево, не знам што ми стана Ама во последно време јас и розевата сена не се дружиме многу-многу
Стрелец – сино-зелена сенка Значење – Оваа боја овозможува мудрост и оптимизам. Носете ја додека патувате или истражувате. промовира толеранција и разбирање и е корисна во конфронтација со оние кои имаат алтернативни гледишта на работите. Начин на апликација – темна нијанса на сино-зелената сенка прави неверојатен ефект на зачадени очи. Обидете се да ја комбинирате со боја на цимет или нежна кафена боја, со која се додава нежност во самиот изглед. -------------------------------------------------------------------------------- Одлично. Ќе ми одговара со зелените очи. Ја немам до сега пробано оваа комбинација.
Бик – зелена сенка Точно е!!!Најубаво ми стои зелено маслинаста сенка бидејки имам отворено зелена боја на очи,и кога се шминкам со нема очите и бојата ми доаѓаат до израз.Сакам и други бои како што се: црна, сива,бела а нешто во последно време почнав со крем-кафеави нијанси
рак,да користам розева ама не ради хороскопот,туку имам кафеави очи и таа боја највеќе одговара за кафеави очи розево/виолетова
Лелее што е со рибава-морска зелена сенка можам да замислам какви погледи ке ги добивам додека јас така гордо се движам Шала на страна ама не,мислам според мене не.Вака на слика или кога ке пофантазирам малку интересно ми изгледа но сепак не
аха...да....јас светло зелени очи, плавуша и уште сончево жолта =) и нека помини некој циркус да ме собери со нив а и порано имам читано дека жолтата и сината се бои на близнаците а змаислете и подзнак близнак....хаха
лелеелее.. јас во живот сенка неам ставено, пудра, маскара и сјајче ми се доволно ама и да ставам никогаш тоа нема да биде розева. кај највеке ја мразам усте и не ми стои ама ич... ма сум требала јас покасно неколку месеи да се родам