^ Не мора бебешка пудра, јас знам за камена или пудра во прав. Кога ставаш на лице секако поминуваш со четка на капаците па ќе ги зафатиш и трепките и ист ефект има.
Имам плаво со зелено очи и сакам така повеќе да ги истакнам ама да не биде многу нападно,секојдневно сакам да биде,што да направам?
Она што го научив (и е пак поврзано со бебешка пудра) - пред да ставате сенка на очи, ставете малку бела пудра под очите (или таму каде што би ви се изронила сенката)! Мене многу често ми се случува некои сенки да ми се ронат кога се шминкам и тоа паѓа на лицето, и кога пробувам да ги тргнам ронките - да ми се размачкаат уште повеќе. Вака - ќе падне на пудрата и после со обична четка (ко за руж) само отстранете ја. Го користам триков последните неколку наврати и е успешен
Пред нанесувањето на карминот, на усните нанесете хранлив крем за усни, потоа исцртајте ги со молив контурите на усните. Дури тогаш усните се подготвени за нанесување кармин. Ако сакате усните да изгледаат пополни, средината на долната усна намачкајте ја со вазелин. Усните визуелно ќе ги направите пополни и ако прво ги исцртатате со посветла нијанса на молив, а потоа, повлечете уште една линија со потемен молив. Карминот нанесете го така што ќе се стопи со потемниот молив. превземено од ilike.mk
1. Истакнете ги јаболчниците Јаболчници како оние што ги имаат супермоделите лесно е да се изведат: вовлечете ги образите така да изгледаат ″вдлабнати″, а потоа ″пополнете″ го тој простор со светло руменило. Нанесете светкава пудра долж јаболчниците кои поради таквото сенчење ќе изгледаат истакнати. 2. Исправете го носот Доколку сакате визуелно да го измените изгледот на вашиот нос направете го следново: по должина на носот нанесете илуминатор, а потоа од двете страни на таа линија нанесете коректор за нијанса потемен од природната боја на кожата. Со самото тоа ќе го истакнете средниот дел, акцент ќе ставите на очите, а со самото тоа ширината на носот ќе биде помалку воочлива. Избегнувајте видливи траги. 3. Сокријте ги акните За да ги сокриете акните какви што сте немале ни во пубертетот, најпрво замрзнете натопен памук со капки за очи и потоа држете го на акната 10 минути. Ладното ќе го намали отокот, а средството против црвенило на очите ќе го намали црвенилото. Потоа нанесете пудра која содржи салицилни киселини која воедно и ќе го покрие и ќе го исуши проблематичното место. 4. Вратете го сјајот на тенот Заморот, луда ноќ или нешто трето, само што вашиот тен го изгубил сјајот и бојата. Голема четка за руменило ″натопете″ ја во розе руменило, а потоа во пудра во прав. Вишокот отстранете го а потоа едвај допирајќи го лицето, поминете со четката преку челото, образите и носот. Овој трик ќе помогне низ вашата кожа визуелно да проструи малку крв. 5. Елиминирајте ги кесичките под очите На почеток нанесете ладни облоги ( дури и крпа потопена во ладна вода ќе помогне). После неколку минути тргнете ги, а потоа нанесете коректор под ″кесичките″, со што ќе ја тргнете видливата линија која ги прави толку воочливи. 6. Сокријте ги подочниците Склони сте кон подочници? Веројатно ги третирате со коректор за нијанса посветол од бојата на вашиот тен. Но, пробајте го овој трик на професионалните шминкери: благо спуштете ја брадата при нанесувањето на коректорот – така подочниците ќе бидат повоочливи, а вие ќе имате подобар преглед каде да нанесете повеќе од коректорот (како во внатрешноста на окото). 7. Истакнете ги очите Клучот лежи во тоа, целото подрачје околу очите да го осветлите. Започнете така што светлата сенка ќе ја нанесете под веѓите и во внатрешните агли на очите. Внатрешната страна на ивицата на окото исцртајте ја со молив во бела или беж нијанса, извиткајте ги трепките и нанесете маскара. 8. Направете порите да исчезнат Со оглед на тоа дека проширените пори обично се проблем на мрсната кожа, решите го прво овој проблем. Редовно користете лосиони и креми на база на салицилни киселини. Определете се за мат подлога, а наместо пудра која ќе ги истакнува проширените пори определете се за сунѓерче за впивање вишок на маснотии од лицето. 9. Истакнете ги усните Најдобар начин за тоа: на средината на долната усна преку карминот нанесете светкав розов сјај. Потоа од истиот сјај нанесете и на горната усна. Овие светли точки ги прават усните пополни и без исцртување на линиите на усните. 10.Камуфлирајте ги модриците Коректор во комбинација со жолта и зелена нијанса ќе помогне. Натапкајте на најинтензивните делови црвенило, а потоа нанесете ја стандардната пудра. Доколку имате модрица, применете ја истата техника, но употребете коректор во боја на кајсија или лосос како би ја неутрализирале. 11.Направете ги трепките екстра густи и долги Доколку сметате дека вашите трепки се едвај видливи, пробајте го следниот трик: свиткајте ги со машинка за виткање, а потоа нанесете слој маскара за волумен. Оставете да се исуши, а потоа употребете друга, за издолжување. На овој начин ќе го постигнете максимумот, многу повеќе отколку со оние маскари со двоен ефект. 12. Сокријте ги лузните Лузните обично се потемни од останатата кожа и имаат тенденција да сјаат. Борбата со нив започнете ја со редовна нега и тоа со крема на база на ретинол која со текот на времето ќе го осветли темниот пигмент. Но за да ги сокриете употребете мат коректор за нијанса посветол од вашиот тен. За максимална прецизност користете четка за нанесување. Камуфлажата завршете ја со несебичната помош на пудрата. Што помалку ќе сјае, помалку ќе биде видлива. 13. Намалете ги очите Доколку имате широко поставени очи, применете го следниот трик: Со ајлајнерот извлечете линија по должината на окото. Не ја повлекувајте на горе бидејќи ″мачкестите″ очи не се за вас. Кога ќе ја нанесувате маскарата, пробајте да ги дофатите и оние најмалите трепки во внатрешниот агол на окото. Верувајте, овој мал трик ќе направи голема разлика. 14. Вратете го руменилото на лицето Имате проблем со бледото лице? Пудрите кои се со жолта основа не се добар избор. Определете се за нијанса која во своето име содржат ″топло и златно″. Нанесете прво течна пудра, а потоа транспарентна и вашиот тен ќе биде совршен.
Ако имате црн молив за очи кој не дава убава црна линија можете моливчето да го загреете сосема малку со упаљач, да омекне малку. Потоа пробајте на раката ако е мн меко и топло почекајте малку и нанесете пред сосема да се излади. Ке имате убава црна линија и над трепките и во внатрешната линија од окото Исто сушнав дека и тоа за виткање трепки може да се загрее мааалку со упаљач пред да ги виткате. Ама внимавајте.. За ова немам пробано,ама ке пробам
Јас ова си го правам ама не го загревам со упаљач туку со фен. Оставам да се подолади, да стане млако (за да не се изгорам) и ги виткам.Стварно има ефект, се виткаат многу поубаво отколку со ладно
За да не изгледа линијата од креонот така права дефинирана линија, или пак ако неможете да исцртате тотално права линија, може или со апликаторче за пудра да го размачкате, или пак наместо креон со врвот на апликаторот за сенка (четкичката) ставете малку сенка по линијата на окото, изгледа како малку размачкано и лежерно, онака за секој ден А е погодно и за вечерта, ако сакате подебела но не многу упадлива линија..
Make up трикови Знаете ли кај има make up трикови за правење брчки на лицето? Ако знате, ве молам, дајте ми линк.
Make up трикови за прекривање на брчки или за правење хахаха не ми е јасно зошто би правел некој брчки ? сите гледат да ги сокријат
Знам еден трик за поубави трепки пред да ставите маскара на трепките ставете камена пудра или пудра во прав без разлика дали сте ставала на лицето или не и потоа нанесете маскара трепките се погусти поголеми и поиздолжени навистина успева вака. за по испакната уста ставете малку течна пудра на устата размачкајте на секаде а потоа одогора ставете кармин во било која боја. за да изгледаат поголеми очите ставајте бело моливче.
Трикот со трепките и нанесувањето кармин на устата (за да изгледа поиспакната) го практикувам редовно
Доколку имате пори кои се поголеми и саката да ги покриете, со четка за камена пудра со кружни движења поминувајте на деловите каде сакате да ги покриете порите.
Кога нанесувате течна пудра откако ќе нанесете на целото лице истапкајте го лицето со салфета за да се отстрани вишокот па поминете со тенок слој камена пудра ! (ова го практикувам и многу подолго ми трае така )
Воодушевена сум од трансформацијава..ако имате некое слично видео пратете за подетално како се нанесува шминката