Ако немате туш или црното моливче не остава убава црна трага зад себе, слободно загрејте го моливчето со запалка. Процесот е едноставен: црниот дел од моливчето ќе го загреете врз запалка или чкорче од киброт не подолго од 1-2 секунди ( инаку ќе ви се стопи ), почекајте 15-20 сек за да се олади, а потоа слободно нанесете го на очите. Бојата ќе биде доста потемна а и малку повеќе ќе трае
Се добро само што нема шанси да го исцрташ цело око. До пола и веќе е стврднато А баш добар трик ми делуваше ама никако да успее.
Долку немате водоотпорен туш, а имате таква маскара, слободно може да ја искористите и со помош на аглеста четкичка да исцртате. Исто така кога котистам туш ставам од камената пудра и на очниот капак, а потоа тушот за да не ми се отцртува или размачкува. Наместо кремасто руменило може да го искористите карминот врз течната пудра и така воедно ќе ви се совпаѓаат. За сува кожа е супер.
овие ми се најкорисни мене *за карминот да ти биде безсјајен мат , стави на него камена пудра * кога немате руменило , користете розов/црвен кармин *ставете лепак на надворешниот корнер на капакот од окото и нанесете сенка , потоа извадете го за права линија *бел креон : - користете го како подлога за сенка , боите поубаво за да излезат - нацртајте линија точно под веѓите и разнесе те ја - ставете на внатрешниот корнер на окото , за да изгледате по разбудени за поголеми клепки , ставете маскара , оставете ја да се под исуши малку и потоа со тоа за виткање на клепки , извиткајте ги http://www.cosmopolitan.com/style-beaut ... ould-know/ еве тука има повеќе
Многу интересни совети има од линков на Cosmo, јас ова не сум го знаела, а баш ќе ми се најде, верувам и на некоја друга ќе ѝ послужи.
http://www.youtube.com/watch?v=EqJtHy5k ... mbm8XWCqIO а Да ми кажете што и е тоа од МАC и она златното/темно кафеавото
Отвори ја темата за контурирање на лицето. Спојлер http://forum.femina.mk/lice/konturiranje-na-liceto-t21836/?hilit=контурирање Имаш се објаснето подетално. Кое што е, за што е каде се става. И имаш препораки за поефтини производи, што можат да се најдат кај нас
Можеби ова веќе сите го знаете,јас случајно го открив пред некој ден кога ми беа мокри четките,а морав да се нашминкам. Нанесувањето сенка со четка што е мокра (не да се цеди вода од неа,туку онака малку) прави боите да се многу поинтензивни.
Не вреди,затоа што незнаеш каква состојка имаат мрсните боички. После триста инфекции можеш да закачеш,за една сенка што е 200 денари јас не би ризикувала. Искрено.
Веќе се нервирам од коментари за „инфекции“ и слични глупости, без доволно да се информираат на темата. Мрсните боици се наменети за деца што се во предшколска и школска возраст, а производителите се свесни дека тие не можат да одолеат на грицкање на истите. Затоа и не ги прават со посебни „состојќи“ кои би биле штетни. И немојте да мислите дека кармините и останатите балсами за усни се нешто подобри од кокосовото масло. Од мрсната боица се става само мала трошка. Оn: балсам за усни може да се направи и со кокосово масло и степ, а за да стои во истата состојба (без да се стопи премногу) се додава пчелин восок иако тоа не е задолжителна сосојка.
ОВа со маскарата за трепките го пробав,затоа што се што е горе,делува. НО за ова со маскарата,посебно ако некаде брзате,НИКАКО НЕ го применувајте.Јас пред некој ден видов ова и во брзање а и сакав трепкиве да се супер,после првиот слој маскара пробав да ги извиткам нели за да стават втор слој.Но погоди што. Само што пробав да ги свиткам кога се испозалепиа абре 10 мин со пинцета полека ги двоев.Ексик и закаснав и се. Сакам да кажам може кај некој да делува не е спорно. Но ако се брзате немојте ова да го пробувате
Не е поврзано со начинот на нанесување но е поврзано со четките за нанесување шминка. Измијте ги четките како и обично (со шампон, сапун или што и да користите) и нанесете регенератор за коса, оставете да делува неколку часа и убаво исплакнете ги. Ќе бидат многу помеки и нема доколку имате некоја инаетлива четка која ви се допаѓа но е многу груба, ова е начин како да ја омекнете. Ако го исплакнете убаво, регенераторот не би требало да ви предизвика некои реакции на кожата. При миењето внимавајте да не навлезе премногу вода на коренот на четката бидејќи во спротивно може да се распадне.
http://www.cosmopolitan.com/style-beauty/beauty/advice/a34810/beauty-trends-that-need-to-die-2015/ Фала богу да се врати нормалното и поприродното. Контурирање, стилето нокти, надградени, екстрензии, ужаси, кичови.
Камо сите да читаа Космополитан... Не би било страшно доколку се акцентира само едно, пример подебели веѓи и нежна сенка, или природни веѓи со надградени трепки, наместо дебели веѓи и смоуки ајс и вештачки трепки и темен кармин... хаос!
Тоа е веќе Drag make up кога машко се претвора во жена. Јас имам видено на сред бел ден девојче 14-15 години со црн кармин и не можев да се изначудам...