Фала Богу и омбрето замина во историјата. Balayage техниката изгледа далеку поприродно, ја обожавам. Што се однесува до шминката, го чекам денот кога бордо и нијансите на црвено ќе си ги спакуваат куферите и ќе престане таа инвазија на девојки кои не знаат да си разграничат кои нијанси на црвена и лила им стојат, па си мачкаат на усни што им дојде при рака тоа. Не му стојат секому темните кармини и тоа е тоа. Купи си нормален кармин и биди нормална девојка, не глуми лудило со кармин кој тотално не соодветствува со твојот тен. Катастрофа жива!
Искрено од сите девојки што ги имам видено со темни кармини само на 2-3 им стоел убаво. Поготово темен кармин никако не стои на мали усни.
Стои ако се нанесе прецизно и без доцртување на усните. Нормално, треба и нијансата да биде соодветна. Имам другарка која одлично знае да носи бордо кармин, а има многу тенки усни. Толку е умешна во нанесувањето, што без разлика на тенките усни, карминот секогаш и стои дамски и префинето. Не е до усните, туку до техниката и нијансата. Доцртување не секогаш е решението.
Најверојатно лошите примери што ги гледам околу мене ми оставиле таков впечаток. А и ова со доцртувањево, нема потреба цртање по вилицата доволно е еден милиметар од природната линија на усната.
Да се надоврзам на муабетот, нема ништо полошо од доцртувањето на усните. Да се “избега“ милиметар или два од работ на усните е ок, ама да се црта цела усна е претерано. Можеби од далеку не се забележува, ама од близу изгледа многу лошо, соговорникот не може да се сконцентрира на разговорот, цело време гледа во нацртаната усна. Прифатете се какви што сте, или ако не можете, тогаш подложете се на некаква интервенција- цртањето не е решение. Околу трендовите, не треба слепо да се копира се што ќе се види, треба пред се да знаете дали тоа одговара на вашите црти на лице, на вашиот тен, и вашата боја на коса, иста работа не стои исто кај секого.
Многу си во право за тоа дека соговорникот ќе те гледа село време во устата или во размачканата линија. Розови нијанси секогаш убаво прилегаат на помали усни. Јас немам некои Анџелина Џоли муциња и сакам акцентот да биде на очите. Да носам црвен кармин ми е проблематично зошто знае да се размачка и да ми ја исуши устата. Розев или праска боја мислам дека е најдобар избор. Кафеав или виолетов нема шанси, тие бои стојат на жени со темна боја на кожа.
може и со обично капаче само после некое време пак ке ти се врати во нормала устата има огромен резултат дури и претерано
скоро секогаш се шминкам на овој начин и верувај кога ќе пробаш ќе ти стане секојдневие. ем изгледа приподно и не пренападно, а ем си среден
Убаво е да имаш полна уста, но мислам дека Кајли претера. Никој не сака да изгледа како да му бил мавнат бокс. Не ми се допаѓа нејзината нова уста воопто. Исто така и девојката во видеото... се гледа дека ептен е фејк
Мојата козметичарка која е најзаслужна за мојот изглед ме советуваше вака. Доколку немате фиксатор за шминка одалеку прснете си лак за коса кој исто така долго време ја држи шминката на лице. А за карминот да ви отстои долго време потребно е претходно со молив за усни да ја обоите устата (иста боја како карминот) и потоа да ставите кармин па така дури и цел ден стои карминот на вашата уста. Оваа ми е сосема испробано и е навистина успешно.
Тоа со лакот не би ти го препорачала, штетно е ги затвара порите, да било за на лице би било лак за лице, а за карминот да како ти што кажа, но ќе додадам откако ќе го ставиш карминот стави хартиено марамче па на него малце камена пудра, тргни го марамчето и стави уште еден слој кармин(проверено, трае цел ден)
cencki ova go ima isprobano nekoj, sakav da probam ama da prasam si rekov prvo dalu e uspesno I ubavo? a ova??
ова второво го правеше другарка моја која многу успешно го правеше, предобро го имаше увежбано и никој немаше ни приметено, а плус и стварно добро изгледаше. е сеа сум видела и такви кои смешно изгледаат и од авион се приметува...