Како да направам карминот да не ми се разлева на долната усна? Ептен грдо ми личи, на горната ми стои океј баш како шо сакам, ама на долната ми се разлева? До шо ќе да е? Пред да ставам молив ставам камена пудра нешто друго?
Еве и од мене некој трик ако ги има некој спомнато ќе ги повторам Доколку сакате карминот да ви стане мат откако ќр нанесете кармин одозгора ставете камена пудра помага И уште еден доколку немате четкичка за веѓите можете да изкористете четка за миење заби
Да ве прашам нешто. Зошто на туторијали што гледам прво ги шминкаат очите, а после ставаат прајмери, пудри? Јас одсекогаш сум правела обратно.
Најмногу од причина на ронење на сенките или во случај да се згреши тушот да можеш да избришеш без да ја избришеш цела пудра па да нанесуваш се од почеток инаку и јас правам обратно освен вака кога нанесувам сенки
Како успевате да нанесете убаво од светкиве од меис? Ги имам сребрените ама некако не се нанесуваат добро и грутчиња се прават од гелот внатре. Нешто до моиве е или и кај вас е исто?
Искрено немав проблем во нанесувањето, мене проблем ми беше тоа што де отсликуваат на капакот и од cut crease како на сликава после 40 мин каша попара ми беше кафената сенка цела со златни светки. Ќе смислам нареден пат некој фиксатор ќе купам или лак за коса ќе прснам, не ми текнува друго чаре во моментов ако знае некој кажете ве молам Ако ме прашуваш за битпазар тоа е во Скопје после Мавровка на првата тезга што ја заприметив каде што имаше шминка, а за сенките мислам дека ги има и на други пазари каде што се продава козметика ( на зелен ги имам видено) или можеби парфимерии.
Абе како лак за коса ќе прскаш на очи? Жени, ај не се будалете. Кај што се светките опасни за очите, уште лак за коса ви фали.
Не реков дека ќе ставам 5 кила или директова на очи, само знам дека многу го користат тоа за целата шминка да им стои на место, и немале никаков проблем.
Сега за сега немаат. Кога ќе почне да им се пресушува лицето и да им се појавуваат брчки ќе видиме. Не се става се на лице.
Јас кога шминкав имав клиентка која ми бараше лак за коса за да ја фиксира шминката. Се става лак и стои подолго шминката ама што е штетно штетно е, јас не го препорачувам ич.
Pa i Primer-ot za shto e negovata funkcija ..tie se grabnale da Se prskaat so lak za kosa Ko za cela nedela e rabotava pa so lakov Se prskaat
Девојки ви припремив еден пост како шминката т.е. течната пудра да ви трае подолго и чекор по чекор што јас користам, особено кога се спремам за некои по специјални пригоди. Плус предлог мои испробани производи. Еве линк http://rosee96.blogspot.mk/2017/05/blog-post.html
Јас би ви препорачала на сите што имате hooded eyes да не ставате маскара воопшто на долните трепки бидејки уште повеќе го нагласува тој дел. Крајниот резултат ке бидат многу посвежи и поодморени очи.
Од сите дебилни видеа за шминкање на instagram, ова може да го понесе првото место- нанесување пудра, коректор и контури со штикла. Девојката си го тапкаше коректорот со шпицот од кондурата...