1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Make-up трикови

Дискусија во 'Лице' започната од Rock-a-Fella, 19 април 2011.

  1. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Прочитав погоре дека неможете фиксатор да најдете....
    Во Јуник го има за 300 денари...
     
  2. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Може да ни кажеш како се вика?
     
  3. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    За мрсната сенката да остане подолго време на очниот капак, а не да се собере во линии, мора да се ослободите од природната мрснотија на окото. Затоа пред да ја нанесете сенката, ставете малку течна пудра на капаците.

    За очите да изгледаат свежо и одморено, внатрешната старана од долниот капак исцртајте ја со бело моливче.

    Доколку сакате карминот подолго да трае, на усните ставете малку талк или камена пудра. Но, никако не правете го тоа ако користите само сјај. Таквиот состав не се поднесува и пудрата ќе се собере во бела линија.
     
    На Jasmin19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Јас па обратно знам, камена пудра да се стави на капаците, бидејќи течна веднаш ја прима мрснотијата од самото око и побрзо се прават така линии и се собира цела сенка :) Јас ставам малце камена на капаците и така ми седи сенката (долго време) како што ми е нанесена :)
     
  5. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Не е баш мејк ап..ама е корисно...
    Доколку имате темни флеки на лицето(од мозолчиња пример) мачкајте ги со лимонов сок секој втор ден и оставете малку да постои...Со тек на време ќе стануваат се побели..

    Доколку сакате перфектно исцртани и исенчени очи...за краевите користете селотејп..кој неколку пати ќе го залепите на рака да не е премногу леплив па ќе го поставите на лицето..Како на сликата...имаше вакво и видео...Ако го пронајдам ќе постирам...
    [​IMG]
     
    На BabyStyle, koritsaki, Elen.b и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383

    а јас пак пред да почнам да се шминкам, ќе си го мијам лицето, па по 10 мин ќе ставам некоја лесна крема, а за сенките да не се соберат, јас користам моливче под тоа... за мене супер функсионира ! :!:
     
  7. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Еве неколку совети:
    За полни усни нанесете малку течна пудра па фиксирајте ја со малку пудра во прав па со добро наострен молив повлечете линија на долната и горната уста па обојте ги целите усни со моливчето потоа ставете кармин од средината на усните нанадвор. Валкано роззовите нијанси ги полнат усните. Накрајот ставете кафен сјај (може и кафена седефна сенка) на средината на долната усна.
    Ако маскарата ви е прикрај во неа ставете неколку капки рицинусово масло и измешајте со четкичката, само пазете ваквата маската лесно се пресликува.
    Ако незнаете правилно да нанесувате сенка на работ од окото ставете коректор.
    На веѓите ставете течна пудра како основа за сенка за сенката подобро да се прилепи.
    За погусти трепки напудрете ги благо пред да ставите маскара.
    Ако имате суви кожички на усните, протријте ги со фротирска крпа.
    Карминот ќе ви трае подолгоо ако го наесете еднаш па усните притиснете ги на марамче па нанесете го уште еднаш.
    Ако компактната пудра се распарчила претворете ја во прав со гмечење. А ако немата пудра заменете ја со талк.
    Моливчето може да го користите како ајлајнер ако го помешате со хидратантен крем.
    За да ги зацврстете веќите исчешлајте ги со четка за заби а потоа потопете ја во сапуница и пак исчешлајте. Може да помогне и паста за заби-гел.
    Ако имате повеќе лака што се скоро завршени помешајте и додадете ацетон. Ќе добиете оригинална боја.
    Толку за сега се надевам дека советите помогнаа. Ако ми текне уште некој пак ќе пишувам. :)
     
    На Quuen, eloves, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    оу да, корисни совети беа овие, едвај чекам да напишеш наскоро...
     
  9. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Кога ставам маскара нанесувам еден слој од надворешната страна и после само на врвовите на трепкитеи хоризонтално четкичката поставена и само со врвот на четкичката, како да наддавам слој маскара на трепките, така ги прави подолги.
    Руменило не ставам само на јабучиците, туку и на цело лице(од тоа што ќе остане на четката,не дека цела се правам бронзена), така добивам поприроден и мат изглед.
    Инаку маскарата кога ми е сува, капнувам неколку капки ракија и држи до неколку пати така.
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    ^ :o Е последново правило незнам колку ти е паметно! Алкохол во близина на очи - НИКАКО!
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elen.b

    Elen.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    40
    Мене нешто многу ме нервира, кога се шминкам со црна сенка, Smokey eyes, дел од црната сенка ми се лепи како прав на образите и после мора да ја бришам па да ја поправам пудрата,..итн....ако знае некој трик за ова да не се случува ке биде супер :D :D
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383

    http://www.youtube.com/watch?v=mgcJ1rWJ ... 8FDDAB6797

    се надевам да е корисно... :)
    а за други проблеми, најдобри решениа можеш да најдеш во YouTube ^_^
     
    На srcekrsacka и Elen.b им се допаѓа ова.
  13. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    jaс знам трик за да не ве боли делот кај вегата со коцка мраз да дрзите минута две и потоа цупате воопсто не боли
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    -за поголеми усни исцртајте со моливче за усни линија малку под усната и ставете сјај само на средината на устата. Исто така ставете коректор посветол од вашиот тен околу устата веднаш под моливчето за уста. Тоа ке го истакне карминот и ке ги направи поголеми усните.
    -За јасна остра црта кога се шминкате со сенка на очи, ставете силотејп и слободно ставете насекаде сенка. За засушена маскара ставете ја во жешка вода околу 5-8 минути и веднаш потоа може да се користи усте 4-5 пати. Истото е и за некој сјај кој ви е при крај. Доколку при шминкањето со сенка за очи имате сенка и на образите тогаш пред да почнете да ги шминкате ставете салфета или палома на образите.
    -Доколку имате ретки трепки на долниот капак тогаш со туш за очи нацртајте неколку линии на долниот капак. За да ги фиксирате вегите на место ставете малку лак за коса или гел за коса на стара чекичка од маскара и поминете по нив. Внимавајте четката да нема маскара инаку вегите ке ви станат црни.
    -За да ги исчистете четките за шминкање Во сад ставете топла вода и бебешки шампон или малку сјај за садови. Потопете ги четките, извадете ги и избришете ги со салфета. Оставете да се исушат но обрнени со влакненцата надолу.
    -Доколку имате многу кутикули на ноктите а немате специјални ножички за да ги отстранете тоа најлесно ке го направете ако ги потопете прстите во сад со вода и сапун. Ке почекате да набабрат и отстранувањето е многу полесно.
    -Доколку косата прерано ви се мрси ставете малку бебешка пудра на коренот и исчешлете. Ако имате бебешки влакна на косата кои ви штрчат, прснете им лак за коса и исчешлете.
    -Доколку сакате карминот да ви трае подолго ставете еден слој и залепете ја устата на салфетка, тоа повторувајте го 3 пати, кармин-салфетка, кармин-салфетка, кармин-салфетка...
    -Ако сакате поголем сјај на лакот за нокти, одкако ке се исуши убаво лакот, поминете го со памукче и зејтин. Ставете малку. :)
     
    На Quuen и Elen.b им се допаѓа ова.
  15. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Имам и јас еден предлог за тоа како да се исчистат четките, сама сум пробала, супер нешто е, значи со маслиново масло и течен сапун, измешај ги, помини со четките по таа смеса (или како поинаку да кажам), измиј ги со вода, и тоа :) . Маслиновото масло може да се користи и да се отстрани шминката од очите (лично ја користам таа техника, еве ви линкови од двете трикови :

    http://www.youtube.com/watch?v=vVdciJkmb7o


    http://www.youtube.com/watch?v=Lc-8onVA5Jk


    btw, внимателно со маслиновото масло, откако ке ја отрстраниш шминката, исчисти го маслиновото масло со влажно марамче, и уште еден совет-ако не можете да ја отрстранете моливот помеѓу трепките, пробајте со тие памучните за чистење на уши (не знам како е на мк) -.-
    Epic fail ! :$ :$
     
    На srcekrsacka, senza.parole и A-j-a им се допаѓа ова.
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    чепкалка за уши... -.- (EPIC) :faceslap:
     
  17. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    ^ што чепкалка за уши :^)
     
  18. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    ^ Name, се поправи како се викаат памучните. :lol:
     
  19. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    180

    Прочитај ги двата последни поста и ке ти биде јасно ;)

    Во првиот Rock-a-fella има пишано совет во врска со чепкалката за уши, но не и текнувало како се вика на македонски, па во вториот се сетила. :)

    едит: Avril ме претркала :D
     
  20. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383

    не знаев како се викаат на мк -.-
    За да сфатиш поубаво-

    BTW ! Тие го користам и ако сум направила грешка со тушот, само малку ке ја намокрам на влажно марамче, и ке си ја поправам грешката.

    дај боже овој пат да не кажав нешто погрешно