Е баш го пробав пред малку тој трикот погоре од Мichelle Phan за чистење на четките за шминка. Пробав со антибактерискот течен сапун „Медикал“ на Алколоид и маслиново масло. Убаво се чисти навистина, светнаа како нови. Приметив четкичките се помеки, ај баш да видам какви ќе бидат откако ќе се исушат.
Рок а фела,не мора да реплицираш на секое,не знам дали забележуваш,ама офтопик е скроз и е непотребно.
Ставаш пудра на капаците, и после обичните сенки изгледаат како мрсни. Глеам сестра ми вака направи, ја па појма си немав. Мислиш нова сенка си купила.
Ова и не е баш мејк ап трик но... После бричење на нозете по бричењето намачкајте ги нозете со субрина и нормално по неколку мин (2-3) измијте го. По тоа нозете се помазни и посјајни.
-Ако маскарата ви е при крај и засушена а немате нова во моментот, ставете крем за лице на четката потоа измешајте убаво во амбалажата од маскарата, и ке си поминете без проблем за еднаш или два пати, нема никаква разлика во ефектот. -За експресно бели заби мешавина од сода со сол на четка за заби се врива низ забите, потоа се мие со нормална паста за заби. Не смее да се користи често со содата и солта, многу ретко за итни случаи. За инстант пилинг (најчесто за нозе го користам, а може и за цело тело) јадра сол со маслиново масло мешана, триење убаво со смесата, нозете после како од фабрика се излезени Ова не е за мејкап, ама може ке послужи. -За да не ми паѓа на лице остатоци од сенка од окото, лепам лента лепило за убава линија, да не е размачкана, а под око држам марамче обично додека ја ставам сенката, за да не треба да собирам од лице. -За грешки со туш, ако едното око е погодено другото не, место да почнувате одново се, на местото на грешката со чепкалка за уши одземам малку од натрупаното, со обичен апликатор ставам пудра, над неа светла сенка, ништо не се познава од тушот. -Избегнувајте нормален(обичен, дневен) крем на лице пред спиење, освен тие што се навистина за таква намена. -За тие што се фарбаат, секоја дамка од фарба се вади со пепел од цигара или било каква.
По нанесувањето на карминот, нежно допрете ги усните на еднослојна хартиена салфета. Потоа со четкичка нанесете сосем малку пудра во прав. Карминот ќе трае многу повеќе. Ова тука ќе го ставам ако не е за шминка: На самошто измиена и подисушена коса нанесете пена за коса.Доколку косата ви е природно навиткана оставете ја да се исуши сама по себе. Доколку пак, ви е права земете четка за сушење и фен. Полека моткајте прамен по прамен на четката, но не од коренот туку почнете со намотувањето на прамните во висина на ушите. Земајте што поголеми прамени за кадриците да бидат поголеми. На крајот зацврстете ја фризурата со лак за коса
- Ако сте беспрекорно нашминкани, лето е и нормално е да се потите повеќе од обично, а битно ви е да не ви се размачка ниту уништи севкупниот изглед на лицето (особено ако сте на свадба или слична пригода па не сакате после саат време веќе да изгледате како да не сте се ни подготвиле), земете палома марамица, извадете го само едниот слој од неа, нежно ставете ја на лицето односно деловите кои се испотени и нежно одлепете. Не тапкање, никако триење, туку залепи - одлепи. Така вишокот пот ќе го избришете а пудрата ќе остане непроменета и неразмачкана. - Ако имате маскара со која сте задоволни и е една од поскапите марки, а ете не ви се купува постојано истата за истите пари, доволно е да ја измиете четката и да си купите билокаква друга поевтина маскара, па кога ќе се шминкате да ја употребите четката од онаа претходната која ви се допаднала - Кога ги чупате веѓите, секогаш нека има до вас тоник за чистење на лицето, но без алкохол и секако памукче со кое ќе ги претриете веѓите после и за време на чупањето. Така кожата ќе се исчисти од „црнките“ и ќе изгледа совршено. - За совршен изглед на веѓите кога сте нашминкани, ако не ви се доволно густи на пример или формата не е идентична, земете обична чепкалка за уво и несовршеностите нежно пополнете ги со сенка за очи (кафена и мат!) - последниот совет не е толку за make - up но ете маргинално влегува во темава. Ако имате стара маскара која повеќе не сакате да ја користете, не ја фрлајте четката. Исчистете ја - може совршено да се искористи за чистење на тастатурата од прав и парчиња храна кои несомнено ви паднале таму
Ова е стар трик за зголемување на градите со помош на шминка. Оваа успева ако носете отворена блуза. Земете две пудри, една потемна од кожата на телото и една посветла. Земете од потемната и ставете меѓу градите, но внимавајте да изгледа природно. Потоа од светлата пудра ставете одозгора на градите во форма на круг. Внимавајте да не се познаваат рабови.
^ за сите оние како мене кои едноставно неможат да поднесат да го гледаат фриков јас инаку од тука го знам овој трик http://www.youtube.com/watch?v=JugdKZo0USU
Freak?! Тој не е freak -.- тој е гениј инаку XSparkage (корисничкото име на девојката во видеото) и Petrilude (корисничкото име на "freak"-от) се најдобри другари
За да не ви пожолтат ноктите од лакот, прво нанесете безбоен, почекајте да се исуши, па дури тогаш ставете лак во боја.
А ако ти пожолтат може да ги избелиш со паста за заби. Само стави малку паста на четка за заби и истриј ги ноктите потоа измиј ги рацете.
Незнам може тебе ти е гениј, али мушко што изгледа вака не е г од гениј.. Ти и тие кои сакаат гледајте го ако сакате, јас ни секунда нејкам да го видам овој.. а за тоа дали биле или не биле најдобри другари, ама баш ми е гајле
Да не знаете некој трик за смалување на устата. немам нешто бог знае колку голема уста, но ете...барав на јутјуб, но најдов само 1 и тоа не и ја намали туку и ја зголеми устата ко патка ја напраи!
би рекла со коректор а еве видео: 3:35-тогаш почнува да ги смали усните. http://www.youtube.com/user/dope2111#p/u/14/wiJfTrcP7tU
Па стави кармин со боја на кожата на усните. Тоа малку ќе ги ублажи. А инаку успева кај некои со потемно моливче од карминот (ама само за нијанса две) Не ги цртај усните со моливчето над или под линијата, ќе изгледаш чудно, особено ако имаш изразити усни.