1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Make-up трикови

Дискусија во 'Лице' започната од Rock-a-Fella, 19 април 2011.

  1. maybelline

    maybelline Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    207
    За веѓите да не бидат бушави по нанесувањето на моливче за веѓи или сенка, нанаесете тенот слој на безбојна маскара (ја има по парфимерии 100тна денари е) и ќе ви стојат како што сте ги фикрисале цел ден :)
     
    На crazylady, srcekrsacka, viki4ka123456789 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Не знам дали има веќе некоја кажано , еве ќе повторам ако има :lol: Во зима кога ви е испукана устата може да ја намачкате со мед .. омекнува многу и ја прави многу убава :) Јас и сега знам кога праам третмани некои , не може да штети , нели :)
     
    На maybelline и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  3. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    На Li..Na, BeYourself, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Karelia.93

    Karelia.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Еве неколку совети од мене:

    Пред да нанесете пудра секогаш кожата треба да биде чиста и да ставите крема за лице онаа што ви одговара и што си ја користите стално.Ова посебно важи за оние што имаат сува кожа.Така пудрата никогаш нема да ви се познава и ќе се прилагоди на вашето лице.

    Пудрата размачкајте ја убаво,некогаш и надоле по вратот и гледајте секогаш да одберете 1 нијанса потемна од вашиот тен.

    Ако имате премногу ситни очи не ставајте моливче во внатрешниот раб на окото.Така правите вашите очи да изгледаат уште поситни.Поубаво е да ставите маскара на долните трепки или малку моливче ама надвор од очниот капак.

    Кога ставате руменило,ставете на јаболчниците,малку во пределот на слепоочниоците и нагоре накај челото и малку на брадата.Така ќе извршите правилно засенчување на лицето.

    Ако сакате шминката да ви остане преку целиот ден или целата вечер на одалеченост од 30 цм од вашето лице прснете 2-3 пати со лак за коса откако ќе завршите комплетно со шминкањето..резултатите се одлични.

    Ако имате мала уста односно тенка не користете темни и јаки кармини.Доколку некогаш морате да нанесете таков кармин исцртајте ја устата со моливче надвор од нејзиниот раб а потоа нанесете кармин.

    Доколку немате обликувач за трепки,виткањето на трепките може да се изведе и со кафена лажица.Лажичката ја допирате на очниот капак а трепките со палецот ги притискате за нејзината внатрешна страна.Ова го правите откако ке нанесете доволно маскара..
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Еден совет и од мене: Наместо фиксатор користете лак за коса! :!:
    Ама не во претерани количини! :rofl:
     
  6. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    знае некој линк да ми даде од девојчето од Македонија што имаше туториал на youtube?
     
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
  8. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Доколку некој не знае: Вадете ја маскарата со масло (било какво: маслиново, кантарионово..) бидејќи така полесно се вади и водоотпорната маскара, нема да ви испопаѓаат трепки (што најмногу го мразам :envy: ) и маслата се многу добри за потхранување на трепките. :)

    П.С. Ова не е некој мејкап трик ама знам дека на многумина би им послужил: Доколку вашата пот има силна миризба после туширање намачкајте си малку сода бикарбона под пазувите, така миризбата а и потењето значително ќе се намали. ;)
     
  9. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    На Сефора мислиш?

    http://www.youtube.com/user/MakeUpPanic?feature=mhum
     
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    ...Овие старски се, ама многу ефикасни. :nod:

    Ако ви е испукана устата, со четкичка за заби нежно истријте ја, потоа ставете малку масло за јадење.Нека отстои некои десетина минути, притоа тапкајте си ги усните како после ставање на кармин за рамномерно да ви се нанесе и да навлезе убаво во процепчињата.


    Ако ви се пожолтени ноктите, имате флеки на нив, исцедете еден лимон и ставете пола лажиче сода бикарбона во него, промешајте. Со памукче поминете ги убаво ноктите и околу нив и оставете да постојат неколку минути пред да ги измиете со ладна вода.

    Откако ќе ги истриете петите со камен убаво, за да ви останат меки намачкајте ги со убав, дебел слој павловиќева, ставете ги нозете во најлончиња и чорапи и оставете ги така 2 часа.

    Ако сакате сенката подолго да ви трае, нанесете мало количество на коректор на капакот, пред да нанесете сенка ( ова важи за сенките во прав).

    Ако по некоја случајност, пудрата е потемна од вашиот тен, ставете на вашата рака малку крема за лице, капнете од пудрата и измешајте ги пред да го нанесете на лицето. Ја разблажува, може не прави чуда ама има ефикасност.

    Додека го нанесувате креонот, ако се расшлакате, не мора да го бришете цело око. Доволна е една чепкалка за уши и избришете го вишокот. (Ова уствари мислам дека и сите го применуваме :D )

    И уште ова, ако имате темни кругови под очите, а во моментот немате коректор, доволно е откако ќе ставите пудра, на круговите да нанесете бела сенка, убаво распределна.Мислам да не изгледате ко неонка да ви прснала во око. Помага ;)
     
    На MarchelineAmaru, LivingGlam и Mishela им се допаѓа ова.
  11. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Еве и од мене еден трик. Откако ќе ги искубам веѓите, оние мали, бели и ситни влакненца што остануваат ги ваѓам со ленти за депилација.Сечам мали парчиња, ги затоплувам, ги лепам и тргам.
    После тоа се е мазно, и ништо не се познава кога под веѓите ставам бела сенка.
    Позззз :rock:
     
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Маскарата од трепките да се вади со отстранувач за шминка или уље за тело, никако со крем оти ги оштетува трепките.
    Ако сакате да ги фиксирате веѓите, прснете лак за коса на стара четка за заби и расчешлајте ги.
    За да не ви се размачува карминот, на усните нанесете камена пудра или ако немате светла сенка за очи.
    За да не ја фрлате старата маскара, која можеби насобрала грутки, ставете ја во врела вода или дувајте со фен да се опушти и нанесете.
    Старата истрошена сенка не ја фрлајте, само измепајте ја со вазелин и си имате крем сенка.
    Наместо лак за коса користете добар восок за коса. Така ќе избегнете затврднување на влакното, а ист и посјаен ефект.
     
  14. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    * Размачкување на шминката.Ептен се нервирав со ова до пред некое време,се додека не пробав ова:

    1. Наместо молив,ставете сенка иста боја или слична на моливот,или измешајте ги двете заедно.Ова е веќе скоро познато на секој мислам дека,али сепак да си кажам јас :lol: (Се размачкува пак,но не многу) .. или

    2. Доколку несакате,сенка да ставите со комбинација со молив,тогаш само моливче,меѓутоа,под окото,односно,очните капаци,ставете сенка,месо боја,што ќе одговара на тенот,со тоа што моливот нема да може да се размачка врз сенката,бидејќи е таа како прав :) (Ова највеќе ми успева - барем мене) ;)

    3.И најпросто,моливот што ќе го ставите,исенчајте го со четкичка највеќе што можете,да стане како одстоено со саати,со тоа што нема да може да се размачкува. ;)

    * Се надевам дека ќе помогнам на некој,а и овие трикови,мислам дека повеќето ги знаат :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnichkaButterfly

    AnichkaButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Доколку сакате да изгледате по свежо и да не ви се приметува пудрата, помешајте ја малце со крем..
    исушена маскара и истрошен туш за очи, капнете две три капки за очи или млеко..
    Неутрализација на сјајот на лицето со малце камена пудра и бебешка пудра во прав, пудра на очните капаци за да не се размачкува моливчето или сенката, пудра на устата за карминот да седи подолго,
    има уште многу ама не ми текнуваат :)))
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Долги трепки, без ставање на маскара

    Не ви е на вас потребна маскара за да постигнете ефект на долги трепки, кои изгледаат впечатливо, кажува шминкерот Mai Quynh кој работе со sвездите Emme Stone i Ashley Greene.Тајната е во моливчето. Впечаток за големи трепки, применете темно кафеаво или црно водоотпорно моливче по горниот раб на трепките, но не под трепките, него помеѓу нив и подолу, открива Маи.

    Изглед со влажни трепки

    Нема нешто по секси од начинот на кои трепките се групирани заедно кога се мокри, како кога излегувате од базен , вели шминкерот Victor Cembellin. Еве го тајниот изглед, на трепките нанесете прозирна маскара а потоа едне слој црна маскара, советува Виктор.
     
  17. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Не е некој трик, туку корисен совет.
    Нешто што забележав. :?:
    Ако ја смените бојата на косата (екстремна промена значи), ќе треба да правите некои промени и на шминката (барем јас морав). Додека бев плава, дебелите веѓи ми стоеја убаво, само кафени сенки користев, а сега со таа шминка изгледам уморно (сега кога косата ми е речиси црна). А за веѓите-едноставно морав да ги средам, некако-не изгледаа убаво. Доминира црната коса, и веѓите мора малку да степ даун, не знам како да се изјаснам. :|
    А и нешто друго-на бронзи смоки ај не иде бело или сребрено хајлајт (се извинувам на англискиот). Некако, не изгледа убаво. Треба и боите да се во некаков баланс и хармонија. :?: А баш ми текна на едно видео за кое се зборува за тоа како да се постигне баланс на лицето ако сакате поживи бои.
    http://www.youtube.com/watch?v=uOhfYM2p99E

    Во 9 наутро зборувам за шминка, God have mercy... :|
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    Едно трикче за ретки трепки.Се става бебешка пудра(талк) на трепките па врз неа маскара,се добива волумен на трепките,испробано.
     
    На ludoto19, A-j-a, Dushica-sk и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Објасни ми поубаво што има врска коректорот со големината? Да си научам нешто ново..
    Јас како што знам само појасна форма дава, не да си рашлакан наоколу.

    Да не сум тотално аут од тема..Ако веќе ставате лак за коса на лицето, правете го тоа од далеку! Од искуство! Јас една вечер во брзање од поблиску се стиснав и после ми се ронеше пудрата.
    Во секој случај, не ви препорачувам лак, штетен е. :)

    Инаку јас летово си правев сама ајлајнер.
    http://www.youtube.com/watch?v=40156s5fpgE

    http://www.youtube.com/watch?v=rLcDhROg ... re=related
    Ова ми изгледано по фино ама не знам што е тоа џелито :D кое го користи.
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.421
    Допаѓања:
    91.478
    Пол:
    Женски
    Сефора мислам дека потемен коректор се ставаше под долната уста, за сенка да се создаде и поголема изгледа устата. Ама не ме држи за збор.