Аааа тоа лиии Јас бронзер ставав, или потемна камена пудра затоа што коректорот е кремав и се вади побрзо. Фала.
Женцки, како да го постигнам тој светол ефект под очите? Со сенки, нешто друго, некој совет ако знаете
Добро, ама како да ја нанесам за да е поубаво, со четка, со прст, каде да ставам најмногу од сенката, претпоставувам дека не се става сенка до пола образ
Фемина90, ама немој во никој случај да ставаш светкава сенка надолу, многу ќе блескаш така, на Лонгорија така изгледа зошто е со блиц сликано, земи си бела мат сенка, и неа нанеси ја под очите негде до носот (како на видеото), а делот под окото каде се подочњаците стави малку светкава, и нагоре доколку сакаш повеќе. Ако ставиш сегде светкава ќе бидеш како лампион, и многу вештачки и аматерски ќе изгледа .
Се сложувам со Најубава, а и ти кажав да пазиш со количината зошто искрено не ми се свиѓа ова со лонгорија, ептен е лампионеста( зборов највеќе одговара ) ама таа во видето супер покажува и изгледа убаво
Ќе пазам, инаку еве баш сега сум во фаза на ставање бела сенка Ако мајка ми каже добро е, значи добро е, она нема да ме пушти да шетам како лампион...ова кловн
Само што го читав ова и ми текна дека можеби овие совети би и помогнале на некоја девојка па ги споделив.. Поздрав од мене... Ако не сте доволно наспани, а не сакате сите да забележат, ќе Ви помогне моливчето за очи со месо боја. Со него внимателно повлечете линија по внатрешниот раб на трепките така што ќе го прекриете местото кое изгледа розево. Потоа со светкава сенка или со бело моливче направете мало латинично „В“ (V) на внатрешниот агол на окото. Тоа ќе го сврти вниманието од подочниците. а Вие ќе изгледате посвежо и одморено. Сличен „освежувачки“ ефект има и руменилото со боја на праска, кое одговара скоро на секој тен. Насмевнете се и со голема заоблена четка нанесете руменило на јагодиците додека не постигнете природен изглед, но внимавајте да не претерате. Фантастична фризура и без измиена коса Спуштете ја главата доле и со фенот грејте ги врвовите околу 45 секунди. Потоа на коренот нанесете послаб лак за коса, подигнете ја главата и наместете ја фризурата. Косата ќе добие фантастичен волумен, исто како да сте биле на фризер. Пред овој зафат, не морате да ја миете косата. Совршени трепки По виткањето на трепките нанесете маскара за тие да останат во истата положба. Доколку сакате да изгледате како да не сте се потрудиле ни малку, нанесете проѕирна маскара.
Луѓе што ви е?? Да прскам спреј за коса директно на веѓите? Никако! Јас за да добијам форма на веѓите, на стара четка за заби ќе си испрскам од спрејот за коса и кје си ги исчешлам, т.е ќе им дадам каква сакам форма!
^^ Па исто му доаѓа, дури и ако директно прснеш, послем пак можеш да ги зачешлаш со четкичка или да ги средиш со прсти. Јас практикувам оформувањето на веѓите да го правам со обичен вазелин и ми стојат како ќе ги наместам цела вечер.
Кога сте кај веѓите,ја лично ги средувам со гел за коса кога на пример станувам после спиење и влакната на веѓите на сите страни ми се. А пред тоа ги чешлам со посебна четка за веѓи и многу лесно е после тоа. Или пак со крема обична и добиваат убава форма.Но,со гел е подобро како и да е. ЕДИТ: гелот за коса,не некој јак да ми ги направи камен веѓите Полесен,и многу малце количина секако.
Мојот „трик“ при шминкање е тоа дека прво ги шминкам очите, и на крај ставам пудра бидејќи ако прво ставам пудра кога ставам туш на очите раката ми се лизга и не ми е стабилна
барав соодветна подгрупа во темава но не најдов нитуедна таква па се решив тука да пишам ме интересира дали некоја од вас драги Феминки знаете каде поточно можам да најдам палета со шминки. (makeup palette) не мора целата да се состои од сенки,руменило,сјаеви барем да има сенки. Ве молам пишете очајно ми треба поздрав P.S.прекрасно би било доколку најдам нешто слично на ова. http://www.google.com/products/catalog? ... JQBEPICMAE
Антонина, немоќам сликата да ја видам, ми дава ерор Но знам отприлика на што мислиш.. Можеш да одиш во некоја од парфимериите, и да прашаш таму за палета со сенки, има секакви од различни брендови, со различни цени...така да, мислам најубаво таму да си прашаш.. И на пазар се наогаат, секако многу поефтино одколку во парфимерија, но според мене, квалитетот не им е нај нај
Хихи.. ајде едно трикче и од мене Ако после долга ноќ или пак сте останале касно предходната ноќ има начин лицето да ви изгледа освежено и како да сте се наспале. Епа вака, ќе си ја нанесете шминката и потоа ќе земете коректор и ќе нанесете (со прст) на внатрешноста од очите, под долните трепки, и од страните на носот. И толку ) Се надевам дека ќе ви помогне ова трикче
Девојки можи сум оффтопик, ама незнаев каде да го поставам прашањето Што да направам, за да не ми се познава дека ми е мрсна косата??