Не е мејк-ап ,ама е поврзано со козметика. Лакот што не можете да го отворите, што се исушил во капачето, ставете го во сад до вриена вода се додека не се олади таа и потоа ќе го отворите без проблем. Испробано 100 пати.
Јас бев доволно глупава да го испробам ова. Со сестра ми од секогаш сме имале кристално чисто лице. Мене еден период ми се влоши лицето, и не обрнав внимание па решив ќе пробам. Лаков ми го досреди веќе доволно лошото лице и ме изнатроши за да купам препарати да го поправам. Трик: откако ќе нанесете сјај, поминете со коцка мраз преку устата. Значително ќе се зголеми траењето на сјајот на устата.
Од Бекутан маскарата ќе биде ок, но ќе се размачкува на очи,затоа мој совет, а ист ефект е млеко тетрапак неколку капки, испробано.
Aбре девојчиња, какви пудри, какви млека - не ли ја менува тоа структурата на маскарата ? Мене малку ме плаши ова, искрено. Најубаво, ако веќе ви се засушила маскарата, а немате друга и итно ви треба, ставете ја некоја минута да постои во чаша со врела вода. Ќе ви биде добра за да нанесете од неа уште неколку пати и после правец - канта.
За да не ви биде правец-канта,можете да ја искористите уште маскарата ,поточно четката во неа. Доколку имате четка која ви е омилена,и несакате да ја фрлате а верувам дека скоро сите имате бар по една. Наместо да ја фрлите во канта,измијте ја четката со вода под чешма,ама УБАВО потенцирам ова,значи да не остане грам црно на четката. Да биде скрос чиста. Можете исто и со шампонче,или сапун да ја измиете за дезинфекција. И после тоа слободно купете некоја поефтина маскара,колку да имате каде да го ставите тоа четкиче и повторно да ги го користите Јас вака правам со месеци,може и година веќе. Проверено е,и одличен трик исто така. Се исплати посебно со оние маскари кои се поскапи а четката внатре е прекрасна. Според мене,четката во маскарата е најважна,иако со усклучоци на некои маскари каде формулата внатре е леплива,и никаква конкретно еве пример за оние пазарски маскари. Барем,ја такво искуство имам со нив. За ефтина а добра маскара без да лепи можете Голден Роуз Четкичето да биде измиено еве вака до овој степен : Пробајте оние кои немаат пробано,може ќе ви се допане,мене ми е супер триков И уште еден трик од мене за екстра пигментирани сенки на очите Ако немате база,не ви се дава пари и други причини. Земете било каков безбоен сјај (само да е чист без светки во него ) и ставете многу малце на капаците пред да нанесете сенка. Покрај сјај можете да пробате и со вазелин,иако немам пробано со тоа мислам дека би успеало и со него.. Ќе пробам следно Тоа малце би било вака нешто : Волкава количина,можеби и помала. Зависно од колку ви се големи капаците,ама гледајте да ви бидат барем со таа количина која ќе ја изберете покриени колку толку. После тоа нанесете сенка,и ќе го видите ефектот Зошто сјај? Најпрво бидејќи е со мрсна структура,сите пигменти во сенката ќе ги задржи врз него и нема да дозволи да падне ништо околу. И второ ,ќе стои подолго сенката особено на оние кои имаат суви капаци. Иако не викам дека на сите ќе успее ова,сепак доколку се одлучите за ова прво направите ПРОБА да видете како ќе делува,пред да се одлучите конечно дека излегувате така Јас ова си го практикувам кога си вежбам дома со шминкање,не ми троши баш секогаш база
За шминката да ви трае подолго и да не се размачкува,откако ке завршите од далеку со замижани очи да прснете лак за коса.Ова го слушнав сега скоро од фризерката на сестрами за свадбата кога се шминкаше и прсна еден спреј ја прашав зошто е ми објасни дека е за шминката подолго да трае и ми рече кога немаш ваков слободно со лак за коса го има истиот ефект и од тогаш па навака го применувам. Веѓите пред секое излегување ги мачкам со павловичева и за секое влакно да седи на своето место и баш прекрасно изгледаат.
http://www.youtube.com/watch?v=0Q3CUO5Lgwo&feature=plcp Искрено многуу ја сакам женава не само што е крајнооо талентирана ама и со олку малку труд да си ја менуваш формата на окото.. е стварно е срцка!
Секој професионален шминкер прави дезинфекција на козметиката и НЕ става спреј за коса. Скап или не, купете база/фиксатор и користете ја ретко, ама лак никако! Јас сум трајно оштетена и на лице и финансиски поради сите купени производи кои треба да ми ја опорават кожата баш од тој фамозен трик. Наместо сјај, за да не се улепите, ставете коректор како база за сенки!
скоро наужив еден трикот од еден професионалец т.е. жена е врз сјајот за усни за да трае подолго нанесете малку кармин-иста боја секако не сум пробала, ама ке пробам па ке ви кажам дали навистина е така
го имам прочитено во еден магазин,и од тогаш многу често го уботребувам трикот,со четка нанесете малку бронзер на капаците и во должина на горните трепки,додајте седефена сенка во внатрешните агли на очите и ставете маскара,очите ке ви изгледат огромни..
Обично кога ставам руменило освен на образите поминувам со четката и под лакот на веѓите- го отвора погледот и дава свежина. Исто и вазелинот го употребувам на милион и еден начин- за испукана уста, меки раце, груба кожа, суви испукани врвови на косата, уредни веѓи, суви кутикули на ноктите...
Знам неколку трикови....пред да си ставите маскара мозете да ставите бебешка пудра на трепките...Изгледаат погусти и подолги.На веѓите исто така може да ставите маскара да ви бидат поцрни и понагласени
ако немате руменило можете да се послужите со кармин(каква боја ви одговара) или со камена пудра потемна од вашиот тен ии ако случајно оној лак кој што највеќе ви треба во моментот се засушил сипете му малце ацетон ( многу добро врши работа ако имате бели влакненца на челото можете во моментот да ги покриете со маскара ..за мрсна коса можете да користите бебешка пудра или ако во моментот немате бебешка пудра може да се послужите со брашно па потоа нежно ке го протресете брашното, за убаво да ви мириса косата а и да не се оштети нанесете на четката за коса парфем почекајте да се под суши и расчешлајте ја косата(многу јак ефект има) за да сјајот за усни или акрминот ви изгледа попривлечен пред да го ставите карминот/сјајот нанесете вазелин на устата и размачкајте го .за подолго да ви трае сенката пред да ја ставите нанесете вазелин па потоа ако сакате може да ненесете и течна пудра па сенка.ако сакате усните да ви изгледаат поголеми со моливче за уста отцртајте надвор од рабовите или ако сакате помала уста со моливчето нацртајте линија повнатре од рабовите (неприметливо се разбира ) и нанесете кармин.. за карминот да ви стои подолго земете мало парче тоалетна хартија и прилепете го за усните па потоа нежно притиснете, ако имате подочњаци ставете две лажички во фрижидер нека постојат неколку саати и потоа ставете ги на очите околу 10-15 минути (видлив ефект) ии OPOMENA. не ставајте лакјк за коса на лицето многу е штетно, подобро купете некој квалитетен фиксатор ако толку ви треба ..чувајте си го лицето вие младите (и ја хаха) за очите да ви изгледаат поодморени поголеми и посвежи ставете бело креонче (премногу корсино) секогаш кога ставате креонче мора да биде наострено за да не дојде до повреди на окото во допир со дрвото на креонот за трепките да ви бидат погусти ставете вазелин па камена пудра и за крај римели во еден правец ,за побели заби тријте со јагоди или напрајте си пастичка од јагоди (земете истолчете јагоди и сатвете го на четката за заби и тријте ) многууууу е поквалитетно јагоди отколку паста , за да биде поелегантно ставете руменило на јаболчниците па се до ушите нанесете малку руменило кај бебешките влакненца и малку кај вилицата (така ке изгледате како да имате послабо лице) ии алхохол во допир со очи и не е баш најдобро за да ги исчистите четките за сенки,руменило пудра и такви работи земете еден сад во него згрејте вода капнете неколку капки бебешко шампонче,медицински сапун или она сапунче за дезинфекција и маслиново масло нека поседат околу 15-20 минути преплакнете ги со млака вода и оставете ги да се сушат ,за убава миризба на четките за коса, за сенка, за руменило ,за пудра за убава и природна миризба ставете ги во дрво бор или пак капнете неколку капки од есенцијални масла (лаванда и други цветови со убави мириси).. и ако немате време за да ги светнете ноктите со безбојно лакче премачкајте ги со вазелин или пак зејтин ,а за поголеми гради земете две камени пудри а може и сенки едната да биде потемна од вашиот тен а другата малце посветла од другата (колку малце да двои од кожата да се рече) толку до мене можеби некој се повторуваат ама ете ви чаос позз и ве сакам
Ако камената пудра ви се скрши, згмечете ја, па натопете ја со алкохол и оставете ја да се исуши едно 12 саати.П.С. не е штетно зошто алкохолот испарува
Нема трикови, но има некои кармини кои стојат 24 часа, а има и такви пудри...Јас имав такви купено, но не ги сакам многу и ги оставив... Но, за кого-како...
Црвенилото на лицето можеш да го покриеш со зелен коректор. А флеките пробај со камуфлаж коректор ама гледај да биде иста нијанса како пудрата зошто ако е посветол ќе бидеш како шарена. Посветол коректор користи само под очите за прикривање на подочњаците.
Kako да направите база за сенка: течна пудра, путер за тело и течен коректор, ги мешате и тоа е тоа. Целата постапка ја имате во видеото. http://www.youtube.com/watch?feature=en ... Q&NR=1
Овој „трик“ го читам во повеќе наврати. Но во суштина, пудрата за тело не е наменета за нанесување на лицето, никако да доаѓа до контакт со внатрешноста од носот и уште помалку до окото. Затоа и амбалажата им е дизајнирана на тој начин: за да не се вдишува премногу од честичките. Употребувајте си ја за тоа што си е наменета. Од „бебешко газе“ до „око“ нема потреба да се споредува која разлика ја има.